Страшно откритие на семејството на ликвидираниот на Баново брдо: Не ни помислувал дека ова ќе се случи! Полицијата и натаму трага по убиецот

Српската полиција распишала потерница по 38-годишниот Чаба Дер, од Чантавир кај Суботица, осомничен за убиството на 37-годишниот Небојша М. на 5-ти јануари на Баново брдо во Белград.

Како што неофицијално дознаваат српските портали од извори блиски на истрагата, сите гранични премини се надгледуваат, во тек се претреси и сослушувања, а инспекторите досега испрашале повеќе од десет лица. Меѓу нив, наводно, има и познаници на осомничениот, како и пријатели на жртвата. 

Осомничениот бил во затвор за убиство на Бранислав Јелачиќ, од каде излегол пред околу една година. Во меѓувреме бил приведуван и во Република Српска, а наводно, според пишувањето на медиумите, неговото име е поврзано со уште неколку ликвидации.

 

Тој во септември 2017-та година бил уапсен во Сараево заедно со Марко Гојчевиќ, поради поседување на пиштол со пригушувач. Во текот на сослушувањето во МВР на Кантонот Сараево, наводно признале дека во БиХ пристигнале да извршат убиство, на прецизирајќи кого и по чиј налог. На двајцата тогаш им бил одреден притвор и во април минатата година биле протерани од БиХ поради нарушување на безбедносниот амбиент. Оперативните податоци на полицијата укажале дека планирале ликвидација на човек од криминалното миле, кој наводно го убил Армин Османагиќ во Бар во 2014-та година.

Марковиќ бил застрелан на сред бел ден во саботата пред семејната куќа. Откако дошол до автомобилот да земе количка за бебе, напаѓачот му пришол и го застрелал со CZ-99 со пригушувач. Го погодил во гради и глава и мажот починал на самото место. Како што може да се види на снимката од безбедносните камери, убиецот, кој бил во бела јакна, излегол од бело "пунто" и му пришол на Марковиќ на еден метар, а потоа извадил оружје од торба.

Според неофицијалните информации, постои сомнеж дека Небојша е ликвидиран по грешка. Се истражува дали ова убиство има врска со Александар Ш, со чија братучетка бил оженет убиениот. Александар Ш. бил апсен поради грабеж на златарница во Милано, а Марковиќ не бил осудуван, ниту имал досие. Минатото лето нивната куќа веќе била на мета, но тогаш експлозивна направа била фрлена по грешка на куќата на соседот, поранешниот кошаркар Вукашин Авдаловиќ.

 

Семејството не било способно да даде изјава, освен што рекле дека и натаму се во шок. Додале дека Небојша бил прекрасен, безгрешен човек во секој поглед и дека настрадал невин:

"Додека ја склопуваше детската количка беше убиен сурово. Не ни помислувал што може да се случи, немаше причина за тоа. Сакаме неговиот убиец да биде брзо фатен, бидејќи веруваме дека го снимиле безбедносните камери кои се наоѓаат насекаде наоколу", рекло семејството.

Осомничениот Дер и познат на полицијата од порано. Тој во 2004-та година признал дека поради судир за влијание на новосадскиот нарко-пазар го убил Бранислав Јелачиќ. Чаба Дер, наводно, први бил ситен криминалец, кој во затворот Сремска Митровица се "усовршил" за платен убиец. Таа 2004-та година во Нов Сад, во кафана на плоштадот, пред десетина гости пукал во Јалачиќ и побегнал од самото место со велосипед.

 

Како што покажала истрагата, при убиството Дер бил маскиран со брада и темни очила. Му пришол на Јалачиќ, кој седел на маса во близина на шанкот, од сина кеса извадил пиштол и ладнокрвно го убил. Кога бегал, паднал од велосипедот и удрил во паркиран автомобил. Така биле изолирани микрочестици кои се поклопиле со скинатите тренерки пронајдени кај Војислав Шкрбиќ, тогаш осомничен за нарачување на убиството.

Откако Врховниот суд на Србија два пати ја укинувал пресудата, па со тоа процесот бил воден од почеток, кон средината на април 2009-та година во Окружниот суд во Нови Сад трети пат била изречена пресуда за ова убиство. Чаба Дер бил осуден на единствена казна од 15 години затвор, а Воијислав Шкрбиќ на 11 години. На Дер му биле изречени 12 години затвор за убиството на Јелачиќ, а пет за обид за убиство на Драган Војновиќ, па му била споена единствена 15-годишна робија.

Во своја одбрана пред судот Чаба Дер навел дека Јелачиќ своевремено го ангажирал да "заврши некоја работа". Наводно, Јалачиќ потоа одбивал да го исплати и му се заканувал. Како што кажал Дер, од "страв за сопствената безбедност", одлучил да го убие.