Кој е третиот човек кој ја решава ликвидацијата на Рогановиќ: Очевидците слушнале како му го кажува ова...

Владимир Рогановиќ и Стефан Вилотијевиќ биле во друштво на уште едно лице кое не е повредено, а се верува дека токму тоа лице би можело да даде клучен исказ кој би го расветлил убиството и обидот за убиство на соработникот на "кавачкиот клан".

31-годишниот Владимир Рогановиќ и 22-годишниот Стефан Вилотијевиќ, во кои во петокот било пукано во Виена, биле во друштво на уште едно лице, кое не било повредено во нападот. Полицијата го чува во тајност идентитетот на тоа лице кое се наоѓа под полициски мерки. Австриските медиуми вчера соопштиле дека на Вилотијевиќ, кој закрепнува во болница, му е одреден притвор поради претходна меѓународна потерница. 

"Три лица седеле на масата во моментот на пукањето, едно било убиено, едно рането, додека третото лице минало без повреди. Тоа лице, по убиството, стоело над телото на несреќното момче и зборувало на српски јазик. Се верува дека токму тоа лице би можело да даде клучен исказ кој би го расветлил овој случај", рекол еден очевидец.

Стефан Вилотијевиќ се здобил со тешки повреди во нападот и се наоѓа во една болница во Виена.

"Тој е надвор од животна опасност. Одреден му е притвор поради претходно распишана потерница", наведуваат извори во австриските медиуми кои објавиле и како изгледа убиецот на Рогановиќ.

"Има околу 30 години, висок е околу 185 сантиметри, имаше брада од неколку дена и носеше темна јакна со качулка на главата. Се претпоставува дека е од подрачјето на поранешна Југославија".

Инаку, медиумите со денови известуваат за оваа криминална пресметка. "Војната на которската мафија доаѓа до Виена", пишуваат новините и се наведува дека станува збор за которски кланови кои беснеат и во Србија.

 

"Се претпоставува дека мажите претходно ручале во познатиот ресторан "Фиглмилер", храм на виенските шницли, кога извршителите ги нападнале", пренесува италијанскиот портал на германски јазик "Стол".

"Еден очевидец рекол дека имало тројца мажи. Руски турист кој се нашол во една продавница слушнал истрели и видел како минувачите бегаат. На местото останале двајцата застрелани, додека третиот човек се обидел да зборува со нив. Тој руски сведок слушнал зборува на некои словенски јазик: Брате, брате", пренесува агенцијата "APA".

Истрели после шницли

"Пукање во Виена: Пресметка на кланови од Котор?", се прашува весникот "Салцбургер нахрихтен". "Војната на которските кланови доаѓа до Виена", гласел текстот на порталот "OE24": "Куршуми во глава после шницли", пишува германскиот таблоид "Билд".

Потрагата по убијците се одвива во цела Австрија, а се користат и хеликоптери, но засега без успех. Рогановиќ, инаку, минатата година бил уапсен во Белград и осуден на затворска казна поради фалсификување на документи. Тој во јануари оваа година бил префрлен во Црна Гора. Од затвор излегол пред две недели.

Вилотијевиќ имал многу среќа

Стефан Вилотијевиќ е тешко повреден по нападот во центарот на Виена, во кој бил убиен Владимир Рогановиќ. Некои медиуми објавиле дека починал, но неговата мајка тоа го демантирала и објавила нивна фотографија од болница.

 

Стефан, инаку, е близок роднина на српската пејачка Дара Бубамара.

"За малку ќе се онесвестев, ми се слоши од шок кога слушнав што се случило со Стефан. Многу го сакам ова семејство", изјавила Дара, која е тетка на Вилотијевиќ.

Министерот за Стефановиќ за убиството на Рогановиќ: На Австријците им дадовме вистински идентитет на едно лице

Министерот на полицијата, Небојша Стефановиќ, изјавил вчера дека австриската полиција го пофалила српските колеги затоа што брзо реагирале на нивното барање за помош за расчистување на случајот.

"Им ги доставивме сите сознанија што ги имавме. Им дадовме една од можните насоки за расветлување на случајот и добивме благодарница од австриската полиција на брзата реакција", рекол Стефановиќ.