Во Грција: Симпатизер на „Златна зора“ убил Албанец откако се скарале поради Македонија

63-годишен имигрант од Албанија бил убиен во кафеана во Грција поради кавга за името Македонија. Како што пренесува „Фокус“, член на ултрадесничарската партија „Златна зора“ го убил имигрантот од Албанија – Петрит Зифле откако избила кавга во кафеана. Убиството се случило на 25-ти ноември.

Убиството го извршил 44-годишен Грк, а за време на расправијата во локалната кафеана, убиецот и албанскиот државјанин расправале за малцинствата во Грција, по што биле искажани навреди. Набрзо потоа ситуацијата ескалирала, а жртвата била исфрлена од локалот.

Набрзо потоа, симпатизерот на „Златна зора“ го пронашол Албанецот и го убил со ловечка пушка. Неговото тело било фрлено покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера. Грчките власти го расчистиле убиството, а убиецот го признал делото и моментално е во притвор.