Албанска зоолошка градина од пеколот: Има изгладнет лав без око, а да ги видите и останатите животни

Фотографиите од Зоолошката градина во Албанија го згрозиле светот. Приватната зоолошка градина, Сафари Парк ЗОО Фиер во Албанија ги чува животните во несоодветни услови. Фотографиите објавени на "Daily Mail" се многу вознемирувачки, а ја прикажуваат ужасната ситуација и страшната хигиена на ова место. Сафари ЗОО се наоѓа во близина на албанскиот град Фиер. 

По објавувањето на фотографиите од болниот и изгладнет лав, без едно око, со очигледни повреди, додека другото му е полно со скрама, кој нема сила ни да се помести, па тажно гледа околу себе, се вознемириле голем број на светски медиуми.

Оваа вест ја пренеле сите, а снимките кои настанале во споменатата зоолошка градина се достапни со клик ТУКА.

Снимките настанале нешто порано, а според снимките достапни на ЈуТјуб може да се заклучи дека во оваа зоолошка градина и претходно имало проблеми, хигиената била полоша, за животните нема соодветна грижа и живеат во ѓубре и несоодветни услови.

Во оваа Зоолошка градина има и волк, зебра, неколку елени, мајмуни и мечка.

Кафезите се мали, нема простор во кој би можеле да се сокријат од посетителите, кафезите се зараснати со мов, а ѓубре и отпадоци има насекаде.

Фотографиите ги направил анонимен фотограф, кој сакал да укаже на огромниот проблем кој се случува на ова место кое моментално изгледа како пекол.

Зоолошката градина не се огласила по овој повод, а на официјалната Фејсбук страна "Мечки Албанија" била споделена вознемирувачката содржина од "Daily Mail" и било напишано дека со ужас ги гледаат видеата и фотографиите настанати во нивната зоолошка градина, но бараат и сите да им помогнат за животните да се спасат, така што ќе му пишат на министерот за животна средина, Бленди Клоси.

Голем број од животните се преслаби, а затворени се во тесни кафези каде без никакви соодветни услови го минуваат своето време.

 

Само ден по објавата на потресните сцени, реагирало и албанското министерство за заштита на животна средина и ги спасило животните.

Уште едно видео и потресни фотографии кои прикажуваат како живееле животните, можете да погледнете ТУКА.