Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вели дека се надева оти властите во Приштина нема да го искористат присуството на францускиот претседател, Емануел Макрон, во Белград за да направат инциденти и проблеми, посочувајќи дека српските служби се информирани за сите потези. „Тие имаат проблем со северот на Косово, бидејќи мислат дека владеат во другите области, па затоа сакаат дефакто да го завладеат и тој простор“, рече Вучиќ во емисија на Пинк ТВ. „Кога реков дека ќе можеме да ги снабдиме нашите продавници, успеавме, и еден ден, за 10-15 години, ако не ме убијат и не ме запалат како што најавуваат, и ако…
Додека на Халкидики се санираат последиците од катастрофалното невреме кое однесе седум човечки животи, на социјалните мрежи се појавуваат нови видеа на кои може да се види за колку силно невреме станува збор. Најновата снимка објавена на „Фејсбук“ ја направил британски турист кој бил на вечера со своето семејство кога започнал хаосот надвор. 48-годишниот Енди Џилхрист уживал во вечерата со својата сопруга Кејти и ќерката Грејс во ресторанот во хотелот со пет ѕвезди во моментот кога грчкиот полуостров Халкидики беше погоден од силна бура. На снимката се слуша како келнерите во паника ги викаат гостите да се засолнат внатре, додека…
Синоќа некои делови од Јадранското море беа погодени од силна бура, а хрватскиот остров Хвар бил погоден од метеоролошко цунами, пренесуваат тамошните медиуми. Станува збор за нагли осцилации на нивото на морето проследени со брзи промени на воздушниот притисок. Дошло до плима, па до осека кога морето се повлекло за околу 105 сантиметри за само 10 минути. Бројни грмотевици биле забележани ширум јадранскиот брег, а за 120 минути биле регистрирани неверојатни 25 илјади молњи. Како што пренесува „Далмација данас“, Цетинскиот крај бил погоден од силна бура која срушила бројни дрвја и предизвикала материјална штета. Големото невреме го зафатило подрачјето од…
Хрватска воведува швајцарски модел на референдум.Текстот на новиот закон за референдум се темели на швајцарскиот модел, во смисла дека референдумот ќе се претвори во механизам на политички дијалог меѓу парламентот и гласачи, односно организациските одбори, пишува „Јутарњи лист“. Според весникот, новиот закон е изготвен веќе два месеци, но се чува во фиока. Според лицата кои учествувале во изготвувањето на новиот законски текст, референдумот во Хрватска поради нејаснотиите и правни недоречености се претвора во оружје кое законодавно тело го прави политички противник на иницијаторите на референдумските иницијативи. „Штом ќе се поведе иницијатива за референдум, кај нас се создаваат два табора, што…
Малтешката полиција започнала масовна потера по еден Србин по нападот со нож кој се случил во Бугиба. Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата го третира нападот како обид за убиство.  Се трага по Србинот, кој по една расправија, избодел 58-годишен маж од Македонија. Македонецот и натаму е во болница и лекарите се борат за неговиот живот. Македонецот крвав, со убодни рани, се појавил во болницата "Mater Dei". Се претпоставува дека се судрил со споменатиот Србин, по што бил избоден со нож. Полицијата веднаш тргнала во потрага по злосторникот, но тој и натаму не е пронајден. Малтешката полиција ги замолила сите…
Грчките вооружени сили се во состојба на подготвеност поради турските „провокативни делувања“ во источниот Медитеран, пренесува грчки „Катимерини“. Според информациите на споменатиот грчки весник, и покрај повиците на Европската унија да се сопре барањето на нафта и гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во состојба на подготвеност за да се спречи евентуална ескалација во источното Средоземно море. Весникот додава дека клучно прашање во Атина е како да се реагира во случај Турција да спроведе истражувања во внатрешноста на, според тврдењата на официјална Грција, грчкиот континентален појас. „Плановите првенствено се засноваат на маневрите на грчката воена морнарица, затоа…
Грчките вооружени сили се во состојба на подготвеност поради турските „провокативни делувања“ во источниот Медитеран, пренесува грчки „Катимерини“. Според информациите на споменатиот грчки весник, и покрај повиците на Европската унија да се сопре барањето на нафта и гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во состојба на подготвеност за да се спречи евентуална ескалација во источното Средоземно море. Весникот додава дека клучно прашање во Атина е како да се реагира во случај Турција да спроведе истражувања во внатрешноста на, според тврдењата на официјална Грција, грчкиот континентален појас. „Плановите првенствено се засноваат на маневрите на грчката воена морнарица, затоа…
Шефовите на дипломатиите на Европската унија утре во Луксембург ќе ги усвојат заклучоците за понатамошната политика за влегување на нови членки и извештаите на Европската комисија за реформите на Западен Балкан, но одлуката за преговори со Скопје, како што се очекува, се одложува за есен. Како што изјавиле за "Beta" службеници од Советот за Министри на ЕУ, иако денес на подготвителниот состанок на амбасадорите на ЕУ на дневен ред не било ставено и прашањето за отворање на ново поглавје во преговорите со Србија, иако за тоа станувало збор на пониско ниво, во Комитетот за Западен Балкан. Министрите на ЕУ би…
Top