Како што објави специјализираниот ракометен портал „Балкан хендбол“, Милосавлев по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Скопје на местото на Арпад Штербик, кој заминува во Веспрем. Дејан Милосавлев, 22-годишниот голман на белградски Партизан, од наредната година ќе го брани голот на Вардар.

Милосавлев е репрезентативец на Србија, потекнува од школата на Југовиќ, а освен во Партизан, еден период од кариерата мина во Катар, во екипата на Лехвија.

Во Вардар младиот голман повторно ќе има можност да работи со голманската легенда Дејан Периќ со кого во 2015 година соработуал во сениорската репрезентација на Србија.

Резултат со слика за dejan milosavlev

Периќ е добро познат во ракометните кругови како еден од најдобрите голмани во својата генерација и во минатата декада кога ги постигна најголемите резултати. Важеше за голман со извонредни рефлекси и квалитети, и со голема посветеност кон работата.

Во својата играчка кариера Периќ има настапувано за екипите на Динамо Панчево, Црвена Звезда, Пелистер, Атлетико Мадрид, Теукро, Целје, Барселона и Веспрем.
Како дел од овие тимови двапати беше европски првак, со Целје во 2004 и со Барселона во 2005. Со Веспрем во 2008 го освои КПК, а има и девет титули во првенствата на Словенија, Шпанија и Унгарија.

Како играч има настапувано за репрезентацијата на СФРЈ, СР Југославија, Србија и Црна Гора и Србија. Има бронзен медал од ЕП 1996, и од СП 1999, како и злато од медитеранските игри во 1991 година.

Во периодот од 2015 до 2016 година беше и селектор на репрезентацијата на Србија.

енскиот тим на Вардар попладнево го одигра најемотивниот меч во овој состав. Денеска на домашен терен го победија Митијланд со резултат 32-25 и со тоа се пласираа на Фајнал турнирот на Лигата на шампионите каде ќе се борат за врвот на Европа.

Сепак, по завршување на натпреварот и публиката и ракометарките плачеа, зашто ова беше последен натпревар на овој ѕвезден состав на Вардар пред домашната публика.

Од наредната сезона тимот ќе биде составен главно од домашни ракометарки, а сегашните ѕвезди на Вардар веќе имаат потпишано договори со други тимови, со оглед на одлуката на раководството да ги ослободи и да го смени изгледот на тимот.

Италијанската Серија А еден од најквалитетните фудбалски шампионати на светот, првенство во кое долги години настапува нашиот Горан Пандев, а своја улога во калчолигашите низ изминативе години имаа Агим Ибраими, Александар Трајковски и Илија Несторовски.

Сега од Апенините доаѓа интересна најави и нашата земја може да биде застапена со нов играч кој би требало да му биде колега на Пандев. Имено „калчомеркато“ пренесува дека клубот од Џенова сериозно го мерка и посакува напаѓачот на Славен Белупо, Мирко Ивановски.

Битолчанецот кој има 28 голови и лани даде 20 голови одби да ја продолжи соработката со составот од Копривница и по крајот на кампањава ќе биде слободен играч, сака да се проба во нова средина, па Џенова е една таква опција.

Мирко во тековната сезона има 10 голови во ХНЛ и е најдобар стрелец на Славен или севкупно трети во првенството.

Останува да видиме дали ќе се остварат овие најави и дали Ивановски по Македонија, Полска, Романија, Унгарија, Турција, Чешка и Хрватска ќе заигра и испроба во Италија.

Даниел Стефановски е светски првак во К-1 на Суперкомбат.  На Стефановски му требаа 1 минута и 41 секунда да го нокутира Аделин Михаила од Романија на вечерашнава гала вечер во Букурешт.

Стефновски тргна силовито од првиот момент со неколку крошеа, летечко колено и аперкат го нокаутира Романецот.

 

Севилја успеа да направи изненадување и да го нокаутира скромниот Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, откако оваа вечер се покажа како тимот кој повеќе ја посакува победата во ситуација кога и двата тима требаше да постигнат барем гол за пласман во четвртфиналето.

Јунајтед играше крајно резервирано и доста плашливо, а тоа знаеја како да го искористат Шпанците кои доминираа со поседот на топката и кои клучната разлика ја направија по влегувањето на Бен Једер. Монтела комплетно ја погоди замената и со својот „џокер“ успеа да го преслуша Јунајтед на гостински терен, па сега сосема заслужено го слави пласманот меѓу најдобрите осум екипи во Европа, нешто што го немаше остварено клубот од Андалузија цели 60 години.

Херојот Бен Једер ги постигна двата гола во периодот од 74-та и 78-та минута (влезе во игра на местото на Муриел во 72-та), а почесниот гол за Јунајтед беше дело на Лукаку за конечни 1:2.

На вториот меч кој се одигра оваа вечер, Рома успеа да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а апостроф на овој успех се става посебно на Џеко кој го постигна голот за 1:0 и кој изнуди црвен картон за гостите во 79-та минута.

31-годишниот Давиде Астори ја потресе фудбалската јавност со ненадејната смрт откако беше пронајден мртов во хотелската соба во Удине.

Денес, кога е закажан погребот за попладневните часови, голем број Италијанци се собраа да го испратат во вечното почивалиште,

Пред Базиликата „Ди Санта Кроче”, може да се забележат голем број соиграчи од италијанската репрезентација, соиграчи од клубовите за кои настапуваше и негови пријатели како Франческо Тоти, Џузепе Роси, Ел Шарави, Џанлуиџи Буфон, Федерико Киеза, Марио Балотели и други.

Астори во својата кариера настапуваше за Рома, Милан и Каљари, а смртта го затекна како капитен на Фиорентина. Воедно играше и за италијанската репрезентација во период од 2011 до 2017 година каде забележа 14 настапи за националниот дрес.

Вардар со ремито против Висла 31:31 ги заврши натпреварите во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Бранителот на титулата ја освои првата позиција во А-групата со 21 бод, пред Барселона и Нант и дирекнто се пласира во четврт-финалето. Покрај Вардар осмина-финалната рунда ќе ја прескокне и најдобриот тим во Б-групата ПСЖ.

Четата на Раул Гонзалес за пласман на завршниот турнир во Келн ќе игра против Пик Сегед или Кил. Унгарците завршија на петтото место во групата во која беше Вардар, а Кил во Б-групата го освои четвртото место.

Осмина-финални двојки во ЛШ:

Монпелје-Барселона

Скјерн-Веспрем

Мешков Брест-Нант

Кристијанштад-Фленсбург

Кјелце-Рајн Некар

Пик Сегед-Кил

Двојки за четврт-финале во ЛШ:

Пик Сегед/Кил-Вардар

Кјелце/Рајн Некар-ПСЖ

Мешков Брест/Нант – Скјерн/Веспрем

Кристијанштад/Фленсбург- Монпелје/Барселона

Четвртфиналните натпревари ќе се играат во периодот од 18. до 22.април, а возвратните натпревари од 25. до 29.април.

Стандардниот термин за одигрување на натпреварите од Лигата на Шампионите од 20.45 ќе биде променет. Од наредната сезона Лигата на шампионите ќе се игра во вторник и среда, но со термини од 18:55 и 21:00 часот со цел да бидат пренесувани поголем број натпревари.

Лига Европа останува да се игра во четврток и ќе биде со истите термини како и во Лигата на шампионите 18:55 и 21:00 часот. Ова правило единствено нема да важи за Русија и Казахстан каде средбите и понатаму ќе започнуваат од 18часот.

Со ова љубителите на фудбалот ќе можат да следат по два преноси во еден ден, наместо досега по еден во терминот од 20.45ч.

Прославениот македоснки кошаркар, а сегашен претседател на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, ја отвори душата и призна дека одбил прилика да заигра со Мајкл Џордан. Во периодот кога играше најдобра кошарка во неговата кариера и кога европските екипи „се тепаа“ за потписот на Пеце, македонскиот кошаркар не сакал да биде само уште едно име во редот во НБА лигата, открил Намуоски во интервју за Баскетбол.мк.

– Тоа беше 1996 година додека настапував за Ефес Пилсен и бев прогласен за најдобар играч во Европа според францускиот весник Л’Екип. Ивица Дукан, тогашен и сегашен скаут за Чикаго Булс за европските простори, мој пријател од времето кога играв во Југопластика, беше во Истанбул и ми понуди директен договор за настап за славната НБА франшиза.

– Сега можам да ги отворам сите карти во однос на финансиските услови, затоа што помина многу време. Понудата беше идентична со онаа што во тоа време ја имаше Стив Кер, тоа беа зборовите на Дукан. Ми понудија 750.000 долари бруто, по сезона.

Целото интервју може да го прочитате тука.

Раул Гонзалез и Сeргеј Кокшаров за првпат ќе се најдат на спрoтивни страни. Шпанецот како селектор на Македонија, додека спортскиот директор на Вардар, како предводник на Русија. 

И официјално македонската репрезентација за време на ЕХФ-неделата (од 2 до 8 април) ќе одигра еден пријателски натпревар и тоа против селекцијата на Русија, која одлучи да дојде на подготовки во Скопје. Оваа соработка беше експресно договорена благодарение на вардарците, Раул Гонзалез и Сергеј Кокшаров, кои за првпат ќе се најдат на спротивните страни. Шпанецот како селектор на Македонија, додека спортскиот директор на „црвено-црните“ како предводник на Русија.

„Имавме кус состанок со селекторот Гонзалез за да ја дефинираме програмата за ЕХФ неделата, која е малку специфична со оглед на тоа дека е за време на големиот христијански празник Велигден, од 2 до 8 април.

Веќе е познато дека Русија доаѓа на подготовки во Скопје и договорено е двете репрезентации да одиграат еден пријателски натпревар, кој најверојатно ќе биде од затворен тип, барем таква е првичната идеја и желба на двајцата селектори", не информираше директорот на репрезентацијата, Милчо Чакарески.

За Македонија ЕХФ неделата е одлична можност да го задржат континуитетот на работа во пресрет на јунскиот бараж за Светското првенство 2019, во кој ќе играме против Романија.

Top