Златан Ибрахимовиќ ова утро доби крајно интересен и нереален предлог од Марко Верати за тоа каде да ја продолжи кариерата, а тоа како само да го натера конечно да и открие на јавноста каде ќе настапува во новата натпреварувачка сезона.

Шведскиот напаѓач го искористи својот официјален Инстаграм профил за да го соопшти името на својот нов клуб, а како што можеше да се очекува, Ибра донел конечна одлука да му се приклучи на Манчестер Јунајтед каде одново ќе соработува со Жозе Мурињо.

– Време е светот да дознае. Мојата нова дестинација е Манчестер Јунајтед, – напиша Ибракадабра на својот Инстаграм профил и конечно стави крај на сите шпекулации поврзани околу неговото име.

Time to let the world know. My next destination is @manchesterunited #iamcoming

A photo posted by IAmZlatan (@iamzlatanibrahimovic) on

Македонскиот вицешампион, екипата на Шкендија оствари одличен резултат против Краковија на првиот меч од воведното коло во Лига Европа.

„Црвено-црните“ од Тетово на вечерашниот меч на националната арена „Филип Втори“ во Скопје не примија гол, а притоа на два пати ја тресеа мрежата на гостите од Полска. Прво тоа го направи Бесарт Ибраими во 41 минута, додека конечните 2:0 ги постави  Стенио Жуниор во 68 минута.

Инаку Шкендија на оваа средба беше поквалитетен ривал, упати пет шута повеќе од противникот (12/7) и изведе четири корнери повеќе (7/3).

Клубот од Тетово е единствениот од македонските преставници што оствари победа не првите средби во ЛЕ. Денеска Силекс доживеа пораз на гостувањето кај Вадуц со 3:1, додека во вторникот Работнички ремизираше со Будуќност (1:1)

Турција е бесна, а целата фудбалска јавност е изненадена и разочарана откако УЕФА го одби предлогот пред вечерашниот натпревар меѓу Полска и Португалија со една минута молк да им се оддаде почит на жртвите што настрадаа во терористичниот напад во Истанбул, кој се случи завчера.

Причината поради која е одбиено барањето УЕФА, едноставно, го потенцираше – терористичките напади во Истанбул не се поврзани со фудбалот или со некој клуб за да биде одобрено барањето.

Од таму изјавиле дека такви почести се одржуваат кога нападот е поврзан со фудбалот, земјата домаќин или со држава, чијашто репрезентација е на Европското првенство.

Многумина ја исмејаа оваа одлука и искажаа револт на социјалните мрежи, а некои го оценија потегот како крајно расистички. За разлика од нив, Англичаните решиле да запалат илјада црвени ламбички над Вембли како поддршка за Турција.

Новиот спортски директор на Вардар кој ќе биде задолжен за нашите две сениорски екипи, поранешниот олимписки и светски првак, и освојувач на лигата на шампионите, Едуард Кокшаров од 1 август ќе ги „засили“ редовите на македонскиот првак. Со своето искуство очекуваме да донесе нов квалитет во нашите тимови.

Како што Вардар во него гледа „свежа сила“, така и тој, во работата со „црвено-црните“ очекува нов предизвик во неговата кариера. Доаѓа од Краснодар каде имаше одговорност во раководењето на женската екипа на Краснодар, на машкиот СКИФ, а таму беше тренер.

„Ова нема да биде напозната работа за мене. И досега извршував вакви функции. Само сега одговорноста ќе биде поголема, зашто Вардар е одличен клуб, организиран, со големи амбиции и цели кои треба да се реализираат. Знам дека доаѓам во клуб каде има одлична организација, со одлични навивачи. Вардар е една ракометна икона на Македонија, вели Едуард Кокшаров.

Во својата спортска биографија Кокшаров има настапувано за екипите на СКИФ Краснодар, Пивоварна Целје (Словенија) и Чеховски Медведи. Со екипата на Целје Пивоварна стана европски првак во ЛШ во 2004 година, а деветпати и првак на Словенија во периодот од 1999 до 2008 година.

На репрезентативен план најголемите успеси со репрезентацијата на Русија му се златниот медал на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година, и бронзата во Атина 2004 година. Како дел од СП 1997 година го освојува златнот медал со Русија, а беше светски вице првак 1999 година европски во 2000. Четирипати беше дел од Ол стар тимот на СП во 2001, 2003, 2005 и 2007. Беше најдобар стрелец на СП 2001 со 61 гол, а е дел од семејството „1000 гола" за Русија постигнат на ЕП 2008 година.

Како дојде до соработката со Вардар?

„Разговаравме со Сергеј Самсоненко, сопственикот на Вардар и тој ми предложи да дојдам во Скопје и да работиме заедно. Јас многу размислував бидејќи сакав нешто да направам во Русија, но сега имам нов предизвик. Знам дека Вардар е супер клуб и сакам да помогнам, да се вложам целосно во овој проект и да ги искористиме моето искуство и знаење. Очекувам напорна работа, но подготвен сум за секој предизвик“.

Има доста ваши сонародници кои играа или пак играат се уште во Вардар, и пријатели и поранешни колеги, од кои сигурно добивте доста информации за Вардар, за екипата, условите, амбициите?

„Знам доста од играчите кои сега се во Вардар, и не само оние што се од Русија. Со некои од нив играв заедно, како што се Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен. Тие ми кажаа доста работи. Јас и претходно имав информации за Вардар, затоа што често доаѓав во Скопје на некои натпревари од лигата на шампионите. Сите тие информации само ја заокружија убавата приказна за Вардар кој и јас ја знаев.

Како спортски директор ќе бидете задолжени и за машката и за женска екипа. Што е поголем предизвик за вас, работата со мажи или со жени?

„Никогаш не ги делев играчите на машки и женски дури и кога работев во Краснодар. Секогаш сакав да работам најдобро во интерес на сите, на клубот и на играчите. Така ќе биде и овојпат. Заедно ќе се обидеме да работиме во интерес на клубот и остварување на заедничките интереси“.

Зад себе имате големо играчко искуство, и доста освоени трофеи. Сега би требало тоа искуство да го пренесете и во Вардар. Колку сте запознаени со амбициите на Вардар и што очекувате од вашиот ангажман тука?

„За мене ова е исто така нов и голем предизвик. Бев како играч европски првак, имам освоено и светска титула и олимписка. Би сакал сега и во една нова функција да бидам подеднакво успешен. И не само јас, бидејќи ракометот е тимски спорт, туку колективот да биде победник. Сите заедно во клубот ќе дадеме се од себе да му помогнеме на Вардар да ги постигне целите, па и мажите и жените да бидат европски прваци. Знам дека само со работа, и тоа многу работа се стигнува до резултати, па и до титули. Прво би сакал да дојдам во Скопје и да почнам да работам. Тоа со нетрпение го очекувам, вели Кокшаров.

Подготовките за сезоната 2016/2017 Вардар ќе ги почне на 27 јули. За тогаш е закажан првиот собир во „Јане Сандански“, а набргу потоа нашата екипа ќе замине на подготовки во Крањска Гора.

Престојот во словенечкиот тренинг-центар е планиран од 1 до 12 август, период во кој веќе се закажани две пријателски средби со екипата на Горење. Натпреварите на 6 и 10 август ќе бидат првите тестови на екипата во пресрет на бурната сезона.

Градењето на формата ќе ја продолжиме во Белорусија, каде што домаќин ќе ни биде тимот на Мешков. Во Брест ќе бидеме од 18 до 22 август, каде што ќе одиграме силен подготвителен турнир против домаќинот, Висла Плоцк и против француски Сесон Рен.

Почнуваме со Французите на 19 август, наредниот ден играме со Висла, а на 21 против Мешков Брест. На 22 август екипата се враќа во Скопје.

14-годишниот Никола Секулов по неколкумесечната проба потпиша четиригодишен договор со младинските категории на Јувентус.

Тој досега настапуваше за Парма и Пјаченца и поради правилата во италијанскиот фудбал не можеше да премине во Јувентус, затоа што немаше полни 15 години и беше со легитимација на матична Про Пјаченца.

Младото македонско момче кое подолго време е во Италија е прв Македонец кој потпишал било каков договор со најтрофејниот италијански клуб. 

Италијанскиот гигант, Милан и наредната сезона ќе ја започне со нов тренер со тоа што овој пат честа му е дадена на Винченцо Монтела.

Монтела е дел од новата генерација на италијански тренери и од него се очекува многу на „Сан Сиро“. Раководните луѓе на овој клуб се надеваат дека популарното „авионче“ ќе ги врати „росонерите“ на победнички патеки.

-Почнуваме од почеток со Монтела. Има причина за задоволство, сметаме дека сме направиме вистински избор. Се надеваме се ќе оди како што треба. Од каде идеата за Монтела? Не паметам, немам јадено цел ден, -истакна глваниот човек за операции во Милан, Адријано Галијани.

Инаку Монтела со составот од Милано потпиша двегодишен договор. Тој воедно е четврти тренер на Милан по заминувањето на Масимилијано Алгери во 2014 година. Претходно шанса добија Кларенс Сидорф, Филипо Инзаги, Синиша Михајловиќ и Кристијан Броки.

Најпознатиот таблоид на островот, „Дејли мејл“, откри дека не било сѐ така розово во гардеробата на фудбалската репрезентација на Англија.

Единствената причина за зголемената тензија пред осминафиналниот дуел против селекцијата на Исланд е конфликтот меѓу капитенот на гордиот Албион, Вејн Руни, и бомбардерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Лестер, Џејми Варди.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед потенцирал дека сите репрезентативци имаат потреба од апсолутен мир пред следниот натпревар на ЕП во Франција, а потребниот мир не е постигнат поради однесувањето на сопругата на Варди, Ребека Беки Николсон.

Англискиот таблоид откри дека Руни веќе имал непријатен разговор со Варди, за време на кој го информирал дека не му се допаѓа тоа што Беки се појавува секаде каде што се останатите репрезентативци и сето тоа го прави за лична промоција.

Понежната половина на Варди постојано постира слики на социјалните мрежи. Истересно е тоа што истото, но за време на Мундијалот во Германија 2006 година, го правеше сопругата на Вејн Руни, Колин и понежната половина на Дејвид Бекам, Викторија.

– Имаме реални шанси да направиме нешто големо на Европското првенство во Франција. Многу сме блиску до посакуваниот успех и затоа имаме потреба од апсолутен мир – изјави Руни.

За време на првиот Futures турнир кој се одржа во ТК “Теннис Парк” при Спортскиот Центар Јане Сандански, имавме можност да проследиме одлични натпревари со извонредни тенисери.

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со неговиот партнер, Александар Лазов се победници во конкуренција на двојки на првиот од тритe Futures турнири, во организација на Теннис Парк. Јотовски и Лазов во финалето беа подобри од Данило Петровиќ и Немања Периќ.

Данило Петровиќ, кој воедно беше и прв носител на турнирот, го освои трофејот иако му требаа повеќе среќа и труд за да го достигне првото место. Неговиот противник, французинот Мулер имаше дури две меч топки кои не ги искористи и не успеа да заврши како победник. Петровиќ го совлада својот противник во три сета, од кои последниот во tie-break со резултат 8-6 за српскиот тенисер.

Британците вчера гласаа за напуштање на Европската Унија, па многумина се прашуваат како ова ќе влијае на најсилната светска фудбалска лига – Премиерлигата. Сите клубови од Премиерлигата беа за останување на Велика Британија во Европската Унија и советуваа луѓето на референдумот да кажат НЕ за излегување од ЕУ.

Сепак, Британците вчера гласаа за напуштање на Европската Унија, а сега прашањето е кои ќе бидат последиците од овој исход над англискиот фудбал.

Медиумите на Островот пишуваат за два клучни моменти, работните визи и падот на вредноста на фунтата што во основа ќе ги направи играчите надвор од Британија поскапи. Голем број на фудбалери добија работна дозвола бидеќи поседуваат пасош од ЕУ, но сега ќе треба да бараат виза како и останатите, а критериумите во Британија се прилично строги.

Се говори дека околу 108 фудбалери од Премиерлигата во моментов не ги исполнуваат условите, а помеѓу нив се играчи како Хектор Бељерин, Лоран Косјелни, Курт Зума, Нголо Канте, Емре Џан, Симон Мињоле, Антони Марсијал, Давид Де Геа и Димитри Паје. Светла страна е тоа што сите сегашни договори ќе бидат испочитувани и системот за работни дозволи ќе се реформира во следните две години.

Покрај работните дозволи, проблем може да биде и девалвација на фунтата.

Несигурноста за тоа како ќе се одвива трговската размена помеѓу Велика Британија и ЕУ сигурно ќе предизвика пад на фунтата со што фудбалерите од странство ќе станат поскапи за клубовите од Премиерлигата.

Како што стојат денеска работите доколку некој клуб од „Островото“ сака да го купи Пол Погба од Јувентус и „Старата Дама“ бара 160 милиони евра за својата ѕвезда, клубовите од Англија ќе треба да одвојат 129,4 милиони фунти.

Но со паѓање на фунтата, клубовите ќе бидат приморани да одвојат уште неколку десетици милиони.

Исто така можно е да се зголеми и сметката за плати, доколку во договорите на играчите е напишано нивните примања да се исплаќаат во евра наместо во фунти.

Вчера, на терените на ТК „Тенис Парк – Скопје“ а во рамки на првиот од трите фјучрс турнири, можевме да ја проследиме играта на македонски тенисери дома. Томислв Јотовски, Горазд Србљак, и Бесир Дургути,  го имаа својот настап во првото коло но за жал беа послаби од своите противници.

По подолго време на тениските терени се врати најуспешната македонска двојка, која во минатото и го донесе најголемиот успех на македонската Дејвис куп репрезентација. Предраг Русевски и Лазар Магдинчев, преку Wild карта, добија право да се натпреваруваат во парови, за одново да се потсетиме на убавите времиња за мак тенисот. Вчера тие покажаа одлична игра и триумфираа со 6-4 6-7(4) [10-6]против  Петар Цонкиќ од Србија и Кристиан Хиршмулер од Германија.

Денеска по 16 часот играат Кристијан Месарош од Хрватска и Кристофер О’Конел од Австралија. По нив, повторно ќе ги гледаме нашите тенисери. Лазар Магдинчев и Предраг Русевски настапуваат во четвртфиналето против својот сонародник Томислав Јотовски и Александар Лазов од Бугарија. 

Дојдете во ТК „Тенис Парк – Скопје“, заедно да гледаме добар тенис.

Top