(0 гласови)
Сопственикот на Вардар, кој неодамна ја извести македонската јавност дека ќе се повлече од клубот, синоќа за gol.mk порача дека после титулата, размислува за една работа – за нова титула во Лигата на шампионите! Сергеј Самсоненко пред четвртфиналниот дуел против ПИК Сегед, соопшти дека доколку Вардар не добие финансиска поддршка, ќе мора да се повлече од клубот. И додека „Вардарци“ стравуваат за иднината на македонскиот, а сега и европскиот ракометен џин, Самсоненко за gol.mk порача дека сега размислува како да се освои и третата титула. „Зошто сте зборуваат за некој крај? Она што е важно сега е дека освоивме две…
(0 гласови)
Mногу поранешни вардарци не пропуштија да им честитаат на ракометарите, стручниот штаб и навивачите на Вардар за втората европска титула. Еден од поранешните тренери и човекот кој и денес е миленик на „Комитите“, Веселин Вујовиќ неколку минути по завршувањето на натпреварот во „Ланксес Арена“, од Белград порача: „Чувството како поранешен тренер на Вардар во овој момент е неверојатно. Постојано сум во контакт со играчите, со навивачите и ова е подвиг кој тешко се објаснува. Можам да замислам како тие се чувствуваат. Ова е порака за цела Македонија. Мора да биде во Статутот на земјата дека Вардар не смее да згасне“. Веселин Вујовиќ доби отказ од Железничар на крајот…
(0 гласови)
Стојанче Стоилов по вторпат во својата кариера имаше можност да ја подигне европската титула и тоа по вторпат со Вардар, тимот од кој е дел со години и е вистински лидер, капитен на истиот. Нормално големо е задоволството од освоениот пехар во ЛШ, но за „црвено-црните“ допрва следи вистинското славје, големата прослава при враќањето во Скопје, лудило за кое Стоилов вели дека не се подготвени тој и соиграчите. -Ќе кажеш еднаш се случува, ама еве на нас вторпат ни се случи. Горд сум што сум дел од оваа екипа, секој ден е различен со овие момци, сите се легенди. Следните…
(0 гласови)
Десното крило на Вардар, Иван Чупиќ продолжува да го зголемува бројот на учества на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите и тој е првиот играч кој успеал да стигне до пет учества во серија. Чупиќ имаше две учества со тимот на Келце во 2014/15 и 2015/16 пред да дојде во Вардар. Второто учество му беше победничко, а година подоцна со Вардар успеа да стане првиот ракометар кој ја одбранил круната бидејќи откако во Лигата на шампионите се игра Ф4 турнир за да се добие новиот шампион никогаш тимот кој ја брани титулата не успеал да стигне до победа. Сега го…
(0 гласови)
Тензијата од натпреварот, особено во завршните минути од возвратната четвртфинална пресметка меѓу Вардар и Пик Сегед доживеа кулминација на прес конференцијата по средбата. Тренерот на унгарскиот тим, не сакаше да остане до крај на прес – конференцијата што го разлути Парондо кој го повикуваше да остане и да го ислуша додека сосема спротивна реакција имаше Скубе кој пак му велеше да си оди и оти со ваквиот потег уште еднаш покажал каков човек е. Вообичаено мирниот и прибран Парондо објаснуваше дека Пастор му рекол нешто што воопшто не е за преведување во јавност и објаснуваше дека тој никогаш не пцуе…
(0 гласови)
Четирите екипи кои годинава ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите првпат во историјата на Ф4 турнирите доаѓаат од иста група. Тимовите на Вардар, Барселона, Веспрем и Келце играа во групата А и успеаја да го направат она во кое ретко кој можеше да поверува пред почетокот на елиминациите и сите да се изборат за уште по два меча до крајот на сезоната во Лигата на шампионите. На табелата во Групата А веќе е познато дека Барселона беше првопласирана со 24 бода. Четири помалку имаше Веспрем, а Вардар беше третопласиран со 19 поени. Келце со 14 заврши позиција…
(0 гласови)
Вардаровите ракометари третото учество во низа на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите го потврдија синоќа во Сегед, откако во четвртфиналето го елиминираа Пик Сегед, додека утре, во 11 часот, ќе го дознаат противникот во полуфиналето на фајнал-форот во „Ланксес“ арената. „Црвено-црните“ момци се во друштво на Барселона, Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и Келце, а со оглед на тоа дека сите противници во ждрепката се во еден сад, секој од нив е и потенцијален противник на Вардар. Интересно е што сите четири екипи се дел од групата А, односно со секоја од нив вардарци веќе се соочија…
(0 гласови)
Сеха лигата во следната сезона ќе брои 12 екипи кои ќе бидат поделени во две групи е одлуката на собранието на лигата. Во наредната сезона екипите ќе бидат поделени во две групи со по шест тима како би се намалил бројот на натпревари кои ги игра една екипа во сезоната. – Вчера имавме собрание на лигата и донесовме неколку значајни одлуки со кои мислиме дека ќе ја унапредиме лигата. Од наредната сезона ќе се натпреваруваат 12 екипи во две групи по шест, вкупниот број на натпревари ќе биде 14 со што ќе им се олесни на клубовите за да можат…
Top