(0 гласови)
Тренерот на младинските категории во Вардар, Анжела Платон, во јавноста е препознатлива како поранешна репрезентативка на Македонија, и европска шампионка во деновите кога настапуваше за европскиот првак од 2002 година, Кометал Ѓорче Петров. Платон сега работи со 28 девојки на возраст од 16 до 19 години, а кои настапуваат во кадетската и во младинската лига организирани од РФМ. Со неа разговараме што очекува од девојките кои ги тренира, како и за развојот на младите ракометари преку активностите на Ракометната академија Вардар и на нејзиниот проект Вардар Јуниор лигата. По успешната играчка и репрезентативна кариера одлучивте да бидете тренер и почнавте…
(0 гласови)
Над 650 момчиња и девојки во Вардар Јуниор лигата ги привлече страста за ракометот и желбата за натпревар. Многу од децата кои редовно учествуваат на натпреварите кои ги организира нашата Ракометна академија Вардар, во ракометот ја гледаат својата иднина. А, можноста за редовни натпревари со своите врсници им помага да ги развијат ракометните вештини и да стигнат поблиску до својот ракометен сон. Со Ферат, Стефан, Дамјан и Виктор редовно се дружиме на натпреварите во лигата. Момчињата играат за екипата на Општина Кисела Вода Вардар 2 во генерацијата 2002/03, а поголемиот дел од екипата се од скопската населба Драчево, освен Ферат…
(0 гласови)
Вардар секогаш се стреми во своите редови да ги има најдобрите, најталентираните и најперспективни играчи. Селекциите на Вардар секогаш се отворени за оние што во текот на годината ќе покажат напредок и отскокнуваат од другите според своите квалитети, а Ракометната Академија е местото од каде се црпат идните членови на подмладокот, што потоа треба да ги пополнуваат и сениорските екипи. Секоја година се прави евалуација на напредокот на играчите и врз основа на нивните настапи се прави селекцијата за следната година. Честопати од натпреварувачите во Вардар Јуниор лигата слушаме дека условите за тренинг кои ги имаат нашите млади вардарци, се…
(0 гласови)
Идолите се големи мотиватори за децата, особено за оние кои сонуваат за спортска кариера. Покрај напорното тренирање, тие навиваат на натпреварите, се сликаат, бараат автограми од идолите, и потајно се надеваат дека еден ден ќе се најдат на нивното место. И, не само што се надеваат, многу од децата, особено оние кои се дел од нашата Вардар Јуниор лига, работат, тренираат и се трудат сонот да стане јаве. Нашите најмлади ракометари велат дека во ракометот ги привлекле успесите на сениорските тимови на Вардар, и дел имаат идоли од машкиот, а дел од женскиот тим. Андреа Лекиќ е најчестата инспирација меѓу…
(0 гласови)
Честопати велиме дека нашите деца во Вардар Јуниор лигата играат и се натпреваруваат како професионални ракометари, но најголем дел од причината за тоа е дека натпреварите се организираат на професионално ниво. Се игра во сали кои ги исполнуваат сите ракометни стандарди и во кои се играат натпревари и од европската Лига на шампиони, а натпреварот го судат лиценцирани судии од Ракометната Федерација на Македонија (РФМ). Децата добиваат можности уште од мали нозе да се развиваат како потенцијални репрезентативци, а за улогата која судиите ја имаат на еден натпревар во организација на Ракометната академија Вардар, разговараме со судиската двојка Ѓорѓи Василевски…
(0 гласови)
Младите ракометари од Вардар Јуниор лигата по двомесечна пауза се вратија во салите на Вардар. Атмосферата во „Кале" и во „Јане Сандански" повторно опиваше од детскиот џагор промешан со натпреварувачкиот адреналин додека младите ракометари се бореа за бодови и подобар пласман во својата категоријата. Се собраа деца од сите генерации – 2000/01, 2002/03 и 2004/05, а како и вообичаено најзабавно беше на натпреварите во мини ракомет меѓу дечињата од генерациите 2006-2009. Во големата сала во Јане Сандански ги сретнавме и момчињата од Бисинов Вардар, кои на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов" го освоија златото во генерацијата 2004/05. Оваа екипа…
(0 гласови)
По речиси двомесечна пауза викендов повторно продолжуваат возбудувањата од Вардар Јуниор лигата. Над 600 момчиња и девојчиња се подготвени за 7. коло од најмасовната ракометна детска лига во земјава. Во следниве месеци повторно ќе се дружиме и ќе навиваме за момчињата и девојките од генерациите 2000/01, 2002/03 и 2004/05, како и најмалите учесници – генерацииите 2006/09 кои играат мини ракомет.  Паузата ја искористивме за натпреварите од зимскиот турнир „Еден живот, една љубов", а по завршувањето на зимскиот распуст децата стартуваа со тренизните и подготовките за лигата. Но, за Олгица, Јана, Вероника, Ева и Роза од ракометната школа Будимир Вардар паузата…
(0 гласови)
Играат во Вардар јуниор лигата и се надеваат дека еден ден локалните спортски сали ќе ги заменат со убавиот „Герфлор" под каков што има во СЦ „Јане Сандански". Сите дечиња членови на Ракометната Академија Вардар имаат можност да бидат и гости на некој натпревар, од лигата на шампионите или СЕХА лигата, да ги гледаат во живо своите идоли, а по завршувањето на натпреварот и да добијат автограм, да направат селфи или да ги гушнат играчите за кои страсно навиваа во текот на натпреварот. Децата од ракометната школа Гостивар Вардар викендов му донесоа среќа на Вардар, кој победи со 25-20 против…
Top