(0 гласови)
Оваа недела на 15.04.2017 (сабота) со почеток од 17:30 часот, женскиот ракометен тим Вардар ќе се сретне со тимот на Митјиланд во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра во големата сала на Спортскиот центар "Јане Сандански".   Карти за натпреварот може да купите на билетарата при спортскиот центар секој работен ден од 10:00-18:00часот.   Цена на билетите: -А блок - 300 денари -Централни - 200 денари -Позади гол - 150 денари ВАРДАР ПАС - само за имателите на Вардар ПАС -А блок - 800 денари -Централни - 600 денари -Позади гол - 500 денариВе покануваме сите да дојдете во арената…
(0 гласови)
Македонскиот првак Вардар го освои третиот трофеј во СЕХА лигата, откако вечерва во славеше над Веспрем (26:21) во финалето на Ф4 турнирот кој се играше во Брест, Белорусија. „Црвено-црните“ во најголем дел од натпреварот го контролираа резултатот, но првото полувреме беше поизрамнето и по серијата одбрани на Штербик и Алиловиќ, на пауза се отиде со нерешени 11:11. Првпат Вардар се одлепи во 40. минута кога поведе со 17:14, по што следуваше одговор на Веспрем и израмнување 17:17, но оттука стартува нова серија на македонскиот шампион кој стигна до 22:17 и на тој начин ја најави победата со 26:21, против големиот…
(0 гласови)
Златните пехари во машка категорија во 2002/03 и 2004/05 генерацијата во Вардар Јуниор лигата ги освоија Преспа Вардар и Илинден Вардар. Среброто во секоја категорија соодветно, го добија екипите на Шампион Вардар и на Карпош Вардар, а бронзата – екипите на Кале Вардар и на Бисинов Вардар. Момчињата од оваа генерација во неделата во големата сала на СЦ „Јане Сандански" ги одиграа полуфиналните и финалните натпревари, покажувајќи голема желба и вештини да се стигне до победата. Во 2002/03 натпреварите стартуваа со полуфиналето меѓу Кале Вардар и Шампион Вардар. Моќна игра покажаа и двата тима, но на крајот избраниците на Слободан…
(0 гласови)
Во пресрет на финалните натпревари во генерацијата 2002/03 година, за дел од нашите ракометари завршија натпреварите од Вардар Јуниор лигата. По мноштвото изиграни натпревари, момчињата од 6 екипи кои ги видовме на паркетот во сезоната 2016/17, се подготвуваат за краток одмор, додека најдобрите 4 викендов играат Ф4 во големата сала во „Јане Сандански". Заедничко за сите 10 екипи е желбата да продолжат со тренинзи и во текот на летниот период. Илија Димов и Јован Атанасовски од Бисимов Вардар во Вардар Јуниор лигата се вклучиле поради можноста за натпревар со нивните врсници. Момчињата се дел од генерацијата 2002/03, но надвор од…
(0 гласови)
Вардар Јуниор лигата неколку пати месечно на едно место собира мноштво талентирани момчиња и девојки. Нивниот талент и пожртвуваност во играта го препознаваат и стручните лица од Ракометната академија Вардар, како и врвните тренери на младинските екипи на Вардар, кои ги следат талентите во текот на натпреварите и гледаат како напредуваат. Оние кои се издвојуваат добиваат соодветни награди и признанија дека се најдобри меѓу нивните врсници. Но, особено нѐ радува кога нашите учесници можат да се пофалат и со меѓународни признанија дека се меѓу најдобрите од нивните врсници. Давид Стојкоски од Кале Вардар во изминатите две години има добиено три…
(0 гласови)
Валентина Радуловиќ, е меѓу најпрепознатливите спортски имиња во македонскиот женскиот ракомет. Поранешната ракометна репрезентативка и победник на лигата на шампионите, со големо интернационално искуство, денеска работи со најмладите категории на деца, кои ги обучува на ракометните вештини и игра. Таа е дел од тренерската екипа во Шампион Вардар, а на нејзините тренинзи се децата од возраст од 2009 до 2011 година, како и постарите од 2004 до 2006 година. Со Радуловиќ разговараме за нејзината инспирација да стартува да работи со најмладите, како изгледа тренингот, како и колкаво е влијанието на проектите на Ракометната академија Вардар, зимскиот турнир "Еден живот, една…
(0 гласови)
На натпреварот помеѓу Ростов и Луч Москва, за ракометарки родени до 2001. година, се случи нешто што не сме навикнати да гледаме на ракометните терени. Кристина Котолуб, ракометарка на Ростов со неспортскиот потег предизвика бурни реакции од јавноста, која бара таа да биде доживотно суспендирана. Погледнете го овој сосема неспортски потег на руската ракометарка.
(0 гласови)
Во Вардар Јуниор лигата се радуваме на секој добар резултат и добра игра на нашите екипи. Тоа е одраз и на трудот на тренерите кои ги учат момчињата да го развиваат тимскиот дух, да се поврзат меѓусебно во екипата и да сорабуваат на паркетот.  Екипата е одлична кога сите играат како еден, но тоа значи и играчот да може да препознае кога треба да ја подаде топката, а кога е во можност сам да ја доврши акцијата за погодок. Токму затоа, покрај екипниот напредок, нашите учесници учат да се развиваат и како поединци. Работат на сопствениот потенцијал, талент и наоѓаат…
Top