Филип Вардар се шампиони во машка и во женска категорија во генерацијата 2000/01 во втората сезона од Вардар Јуниор лигата. Двете екипи се закитија со злато откако триумфираа против екипите на Карпош Вардар во женската категорија и на Гостивар Вардар во машка конкуренција. Во СЦ „Јане Сандански" најдобрите четири екипи во машката и во женската категорија приредија силни, брзи и возбудливи натпревари, од кои дел на моменти беа неизвесни, а на моменти искреа силни дуели за да се постигне гол повеќе. Децата покажаа и амбиција и ракометна игра за да се освои златото. Натпреварувачкиот ден стартуваше со полуфиналињата во машка…
Четири екипи во машка категорија се подготвуваат за финалните натпревари во генерацијата 2000/01. Филип Вардар, Гостивар Вардар, Општина Кисела Вода Вардар и Урдаревски Вардар викендов ќе си ги одмерат силите за последен пат во оваа сезона од Вардар Јуниор лигата, со една и единствена цел – да се освои шампионската титула во нивната конкуренција. За адреналинот, возбудата, исчекувањето и нетрпението што побрзо да се одиграат финалните натпревари, разговараме со Филип Велковски и Филип Дабески од Општина Кисела Вода Вардар. Двајцата играат на позицијата среден бек, но по потреба кога се менува стратегијата се поместуваат на други позиции на теренот, коишто…
Сопственикот на ракометмиот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко, ја искористи прес конференцијата на екипата пред заминувањето на „црвено-црните“ во Германија, да изјави дека се сомнева во судиски неправди и можни местенки. Рускиот бизнисмен порача дека ќе се повлече од Вардар каде што инвестира седум милиони евра годишно, доколку се остварат „црните сценарија“ за кои слушнал. – Ова за нас е многу важен момент. Четврта година по ред влегуваме меѓу осумте најдобри, четири години се бориме на спортскиот терен, но и надвор од спортски терен, со една цел, да влеземе во „Фајнал 4“. Имавме добри моменти, имавме лоши моменти, но секогаш само…
Сите со нетрпение го чекаат летото да се одморат. Повеќето планираат каде ќе се сончаат, како да ги искористат топлите денови за пливање, патувања или прошетки. Но, не и нашите најмлади ракометари од Вардар Јунир лигата. Нашите момчиња и девојки планираат како во текот на летото да ја одржат и кондицијата, да ја развијат играта и ги унапредат вештините за следната сезона да бидат уште подобри. Се воодушевувам кога по натпреварот ги слушам децата како раскажуваат дека ќе тренираат цело лето. Некои планираат да се собираат, да се дружат и да тренираат. А други, пак, кои имаат постари браќа, сестри…
Почна одморот за дел од момчињата што настапуваа во Вардар Јуниор лигата, а меѓу последните што ќе си ги одмерат силите на паркетот се дел од тимовите во женска категорија. Чувствата се измешани, дел жалат за пропуштената шанса, среќни се оние кои дома заминуваат со медали, и над сѐ виси исчекувањето за нова средба во новата сезона. Изминативе неколку месеци ги претставувавме тимовите кои учествуваат во лигата, и до последното финале останаа уште неколку тима со кои не сме Ве запознале. За денес ги одбравме момчињата од Урдаревски Вардар од генерацијата 2004/2005, со кои се дружевме по последниот натпревар што…
Оваа недела на 15.04.2017 (сабота) со почеток од 17:30 часот, женскиот ракометен тим Вардар ќе се сретне со тимот на Митјиланд во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра во големата сала на Спортскиот центар "Јане Сандански".   Карти за натпреварот може да купите на билетарата при спортскиот центар секој работен ден од 10:00-18:00часот.   Цена на билетите: -А блок - 300 денари -Централни - 200 денари -Позади гол - 150 денари ВАРДАР ПАС - само за имателите на Вардар ПАС -А блок - 800 денари -Централни - 600 денари -Позади гол - 500 денариВе покануваме сите да дојдете во арената…
Македонскиот првак Вардар го освои третиот трофеј во СЕХА лигата, откако вечерва во славеше над Веспрем (26:21) во финалето на Ф4 турнирот кој се играше во Брест, Белорусија. „Црвено-црните“ во најголем дел од натпреварот го контролираа резултатот, но првото полувреме беше поизрамнето и по серијата одбрани на Штербик и Алиловиќ, на пауза се отиде со нерешени 11:11. Првпат Вардар се одлепи во 40. минута кога поведе со 17:14, по што следуваше одговор на Веспрем и израмнување 17:17, но оттука стартува нова серија на македонскиот шампион кој стигна до 22:17 и на тој начин ја најави победата со 26:21, против големиот…
Златните пехари во машка категорија во 2002/03 и 2004/05 генерацијата во Вардар Јуниор лигата ги освоија Преспа Вардар и Илинден Вардар. Среброто во секоја категорија соодветно, го добија екипите на Шампион Вардар и на Карпош Вардар, а бронзата – екипите на Кале Вардар и на Бисинов Вардар. Момчињата од оваа генерација во неделата во големата сала на СЦ „Јане Сандански" ги одиграа полуфиналните и финалните натпревари, покажувајќи голема желба и вештини да се стигне до победата. Во 2002/03 натпреварите стартуваа со полуфиналето меѓу Кале Вардар и Шампион Вардар. Моќна игра покажаа и двата тима, но на крајот избраниците на Слободан…
Top