(0 гласови)
Ракометарите на Вардар за првпат во својата историја станаа европски шампиони, а радоста со хероите на теренот ја сподели и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Русинот во друштво на партнерот Орце Камчев беше на паркетот и со македонското знаме бурно ја славеше титулата во Лигата на шампионите. Русинот во друштво на партнерот Орце Камчев беше на паркетот и со македонското знаме бурно ја славеше титулата во Лигата на шампионите. По долга и макотрпна работа, Самсоненко и соработниците успеаја во сонот, а тоа е да се искачат на евроспкиот ракометен врв.
(0 гласови)
Сергеј Самсоненко е творецот на европски Вардар, човек од кого почна изградбата на шампионскиот тим, кој денеска ја покори ракометна Европа и ја освои историската круна, прва во машкиот ракомет. По драматичниот финиш и голот на Иван Чупиќ во последната секунда на радоста и немаше крај, а Сергеј вели дека никогаш не бил посреќен во животот. „Ова чувство не се опишува. Титулата е круна на добрата работа на сите во Вардар. Никогаш не сум бил посреќен. Трофејот и го посветуваме на Македонија. радувајте се со нас на големата победа. И пресреќен сум што македонскиот народ е на улиците и го…
(0 гласови)
Ракометните клубови на Вардар и Барселона ќе ги одмерат силите во полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Келн. Крилото на Вардар, Тимур Дибиров има посебни мотиви за саботниот натпревар. Тој, во сезоната 2009/10 со Чеховски Медведи играше во полуфиналето против Барселона каде што загуби со 27:34. Крилото тогаш постигна пет погодоци и беше еден од најдобрите играчи во својот тим. -Ја почитуваме Барселона како опонент, но, кога судијата ќе означи почеток на натпреварот, тогаш сме еднакви” изјави Дибиров „Македонија ќе биде најсреќната земја на планетата. Во градот верувам дека ќе не пречекаат стотици, ако не и веројатно илјадници луѓе на улиците…
(0 гласови)
Уште една успешна и незаборавна сезона од Вардар Јуниор лигата останува зад нас. Во текот на годината растеше и бројот на деца кои беа дел од лигата. Околу 700 момчиња и девојчиња беа дел од натпреварите, додека бројот на деца кои под закрила на Ракометната академија Вардар во текот на сезонава одбраа да тренираат ракомет достигна до 1900. Со тоа, во новата сезона од лигата може да очекуваме нови млади ентузијасти кои сакаат да научат да играат ракомет преку натпревари, но нас нѐ интересираше и што прават оние за кои сезоната заврши почетокот на месецов. Дали и по завршувањето на…
(0 гласови)
Вардаровите пионерки се шампионките на Македонија, а за нивниот успех разговараме со нивниот тренер Драгана Ристова, поранешна репрезентативка на Македонија. Најмладите наши ракометарки го освоија златниот медал во својата конкуренција во првенството на Македонија, откако триумфираа против врсничките од градскиот ривал Металург. Екипата е составена од девојчиња на возраст од 12 до 14 години, а годинава се натпреваруваа паралелно и во кадетската и во пионерката лига организирана од РФМ. Пионерките се закитија со титулата на домашното првенство. Доказ дека сте најдобри во категоријата, но како изгледаше патот до тука? „Се покажа дека сме на прав пат со тренажниот процес за…
(0 гласови)
Шампионската титула од втората сезона на Вардар Јуниор лигата во генерацијата 2002/03 во женска категорија ја освои Шампион Вардар. Ова е второ злато за девојките во 2017 година, откако во јануари беа победници и на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов" во организација на Ракометната академија Вардар. И во двете финалиња се бореа со истиот противник – Делчево Вардар.  Шампион Вардар беа и единствената екипа која успеа да извојува победа против Делчево Вардар и во регуларниот дел од натпреварите од лигата. Можеби затоа со особен интерес се следеше и дали Делчево Вардар ќе успее по двата пораза, во финалето од…
(0 гласови)
Девојките од Ново Лисиче Вардар, шампионите во женска категорија во генерацијата 2004/05 се одличен пример како децата се развиваат и ја унапредуваат ракометната игра и вештините во текот на натпреварувачката сезона во Вардар Јуниор лигата. На среќата и немаше крај по победата во финалето, а патот до тука, според нивниот тренер Марија Аврамовска бил напорен и со многу работа, а ова е прво злато по три освоени бронзи. Девојчињата уште од почетокот покажаа дека се сериозен конкурент, но, во текот на годината не успеваа да се наметнат над силната конкуренција во нивната група. На зимскиот турнир „Еден живот, една љубов"…
(0 гласови)
Ново Лисиче Вардар и Шампион Вардар се шампионите во генерациите 2004/05 и 2002/03 во женска категорија во втората сезона од Вардар Јуниор лигата, која е во организација на Ракометната академија Вардар. Најдобрите тимови во двете генерации викендов ги одиграа двата Ф4 турнира во СЦ „Јане Сандански" во Скопје. Одиграните полуфиналиња ветија неизвесни финални мечови, кои беа набиени со емоции и жештина да се победи противникот. На крајот не изостанаа солзите, радоснички за победниците и оние поради силна тага од претрпениот пораз. Ново Лисиче Вардар во полуфиналето во генерацијата 2004/2005 во женска категорија се спротивставија на врсничките од Кастратовиќ Вардар. Девојките…
Top