(0 гласови)
Учеството во Вардар Јуниор лигата за две девојки од Делчево Вардар значеше исполнување на сонот – влез во младинската селекција на Вардар. Кети Ангеловска и Марија Гоцевска од следнава сезона се приклучуваат на вардаровата екипа, а интересно е што тренерот Анжела Платон одбра девојки кои се истакнаа на натпреварите на Вардар Јуниор лигата уште во првата сезона. Денеска ви ја претставуваме Кети Ангеловска, која изминатите неколку години на сите наши турнири собираше индивидуални награди во нејзината старосна категорија 2000/01. "Уште кога нашиот клуб се поврза со Вардар мојата мотивација за успех беше двојно поголема. Кога и самиот знаеш дека те…
(0 гласови)
Ацо Јоноски со своето огромно искуство беше голем плус на нашата репрезентација во преубедливата победа која ја оствари во клучниот дуел со Чешка за пласман на Европското првенство во Хрватска, а бидејќи оваа пресметка за него воедно значеше враќање во селекцијата, неговото обраќање во микс-зоната беше едно од најинтересните за новинарите. Столбот во одбраната доби солидна минутажа при своето враќање и навести дека постојат шанси да го гледаме на турнирот во Хрватска, но неговото интервју во подтрибинскиот простор уште поинтересно го направи селекторот Гонзалес. Раул се втурна меѓу новинарите и го прекина интервјуто на Јоновски и му го порача следново: …
(0 гласови)
Нема одмор за дресовите од Вардар Јуниор лигата. Со крајот на натпреварувачката сезона и почетокот на летната сезона нашите млади ракометари веќе се подготвуваат за нови ракометни предизвици. Желни за нови знаења и нови искуства децата веќе се подготвуваат за летните кампови. Повеќето регионални единици кои членуваат во Ракометната академија Вардар летово организираат кампови за децата кои тренираат во школите, а од кои дел се натпреваруваат и во Вардар Јуниор лигата. Леа Христоска минатата година се издвои како еден од најдобрите голмани кои се натпреваруваа во лигата, а на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов", кој се одржа во јануари…
(0 гласови)
Десет од најголемите ракометни клубови во Европа, меѓу кои е и македонскиот и од неодамна европскиот шампион Вардар, поставија ултиматум до ЕХФ за промени на Лигата на шампионите. Најмоќните ракометни клубови од ЕХФ бараат поголемо влијание и повеќе пари во Лигата на шампионите. Доколку ЕХФ не одговори на нивните барања, тогаш клубовите се подготвени да направат сопствена „пиратска“ лига. Данскиот портал „БТ“ информира дека овој став бил утврден на Генералното собрание на Форумот на ракометни клубови што се одржа за време на Ф4 турнирот во Келн минатиот викенд. Во овој Форум се: Барселона, Целје, Фленсбург, Кил, Кјелце, КИФ Колдинг Копенхаген,…
(0 гласови)
Доколку не стигнавте да ја проследите церемонијата за победата на Вардар која се одржа на плоштад Македонија можете да ја проследите во ова видео. Видеото трае цели два часа така што сместете се удобно...  
(0 гласови)
Македонскиот ракометен шампион Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите и ќе се врати во Скопје побогат за 500.000 евра. Можеби оваа сума е многу мала во однос на тоа што го добиваат шампионите во фудбалот, но за поздравување е потегот на РХФ, која се обидува дополнително да ги награди и мотивира учесниците на завршниот турнир во Келн. Самото учество на Ф4 турнирот значи дека екипата ќе заработи 100.000 евра, дури и да го освои четвртото место. Победникот во „малото финале” во мечот за бронза ќе добие 150.000 евра.Двојно повисоки награди има за оние што ќе играат во финалето.…
(0 гласови)
Еуфоријата во Македонија сигурно нема да спласне уште неколку дена откако Вардар вчера ја освои својата прва европска титула во клупската историја, учинок за кој заслуга имаат сите играчи на македонскиот ракометен шампион, а посебно тренерот Раул Гонзалес кој беше брилијантен при осмислувањето на завршната акција за победа. Шпанскиот стручњак не го криеше задоволството по крајот на финалето и посочи дека е горд на своите ракометари, но исто така немаше никаков проблем да признае дека направил голема грешка во последните секунди од мечот, бидејќи со повиканиот тајм-аут му го скрати голот на Канељас кој ја погоди празната мрежа на противникот.…
(0 гласови)
Немаше посреќен човек од Сергеј Самсоненко во текот на оваа вечер во Келн. Газдата на Вардар со македонското знаме го прослави европскиот трофеј, а потоа не ги заборави и навивачите. Сопственикот на Вардар со пехарот дојде до најверните вардарови навивачи во сегментот каде тие навиваа во „Ланксес арената“ и на сите им го подаде големиот пехар на ЕХФ да го почувствуваат како да е е нивни. Со тоа тој ги испочитува што поминале толку многу километри за да го бодрат својот тим. Долгогодишните вложувања конечно добија надоместување во трофејот кој е најсјаен во македонската клупска историја. 
Top