После победата над Црна Гора, Филип Миркуловски на Фејсбук го објави победичкото селфи од соблекувалната. Како што дозноваме, ракометарите во соблекувалната славеле со песната „Налеј, налеј“.
Вечерва од 20.30 часот македонската ракометна репрезентација ја очекува вториот меч на европското првенство во Хрватска од групата Ц каде за противник ќе го има тимот на Црна Гора. Ова ќе биде прв офоцијален меч против Црногорците бидејќи од осамостојувањето на Црна Гора па досега, овие две селекции единствено се среќавале на пријателски натпревари, вкупно шест. Македонија има четири победи и само еден пораз (на првиот меч во 2013 година), додека еден дуел завршил со нерешен резултат (30:30) во ноември 2015 година. Црна Гора уште пред почетокот на првенството се сметаше за аутсајдер во групата, а по загубата на вардаровиот бек…
Актуелниот македонски, но и европски и СЕХА шампион Вардар прераснува во бренд низ целиот свет. Доказ за тоа е фактот што во далечно Мексико, во градот Монтереj, областа Нуево Леон е формиран ракометен клуб по името РК Вардар МX. Овој клуб е релативно нов, формиран пред крајот на 2017 година и за почеток е аматерски. Се натпреварува во Втора регионална лига и е составен од ентузиасти. Просто да не поверуваме, но вистина е. Дојде време и наши клубови да се бренд низ светот. За храбрите Мексиканци и идејата да формират клуб со името на Вардар секоја чест, им посакуваме за…
Актуелниот европски шампион Вардар освои најмногу награди во изборот за спортисти на 2017 година што го спроведе Сојузот на спортови на град Скопје. Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов е избран за најдобар спортист, пред Дејан Георгиевски (Теквондо) и Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање). Меѓу десетте најдобри уште влегоа: Дејан Недев (традиционално карате), Сара Ристевска (ракомет), Слободан Ивчевски (мотоциклизам), Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам), Берна Шерифовска (џудо) и Дарио Ивановски (атлетика, маратон). За најдобар странски спортист е прогласен голманот на Вардар, Арпад Штербик. Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез е најдобар тренер. РК Вардар е најдобар клуб во машка конкуренција. ЖРК…
Најдобриот македонски ракометен состав, Вардар ќе има сосема поинаков лик во следната натпреварувачка кампања со тоа што веќе се официјализирани заминувањата на дел од играчите, си оди и тренерот Раул Гонзалес што значи „црвено-црните“ ќе отворат сосема ново поглавје. Од истото и понатаму ќе биде одличниот хрватски бек, Игор Карачиќ кој е еден од играчите со најголем стаж во клубот со оглед на тоа што во Скопје е од 2012 година. Ова го најави самиот Игор кој посочи дека очекува Вардар добро да се засили. – Имам договор и за следната сезона и сигурно останувам до тогаш, потоа се е…
Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров со години е заштитно лице на познатата компанија за спортска опрема Hummel. Данскиот бренд ги презентираше новите патики кои Лазаров ќе ги носи веќе од дербито во францускиот шампионат помеѓу Нант и ПСЖ, кое се игра во четврток. Патиките се во сино-бела боја и го имаат заштитното лого „Лазаров7“. Инаку од март наредната година, во сите специјализирани продавници на Hummel ќе можат да се купат овие патики. Лазаров е еден од најдобрите и најпопуларни македонски спортисти во историјата така што данската компанија очекува дека патиките добро ќе се продаваат во Македонија. Заради популарноста на Лазаров…
Раул Гонзалес, тренерот на македонскиот и европски ракометен шампион Вардар во интервју за „офф.нет.“ вели дека неговото семејство ужива во Скопје и дека на неговите девојчиња ќе им биде тешко кога ќе заминат. Популарниот „Ел комаданте“ кариерата како тренер од Вардар ќе ја продолжи во Париз Сен Жермен. – Уф, сите уживаат овде. Мојата постара ќерка Ана има 15 години и игра ракомет за Вардар. Во клубот и се сите другарки, се дружат и излегуваат. Помалата Сузана има 10 години и тренира хип-хоп. Минатата недела освои златен медал на некој интернационален натпревар во Србија. И двете зборуваат македонски и учат во гимназијата…
По информациите за голем број заминувања од Вардар, доаѓа една одлична вест, а најверојато нов голман на РК Вардар од следната натпреварувачка сезона ќе биде Никлас Ландин од редовите на Кил. Станува збор за доста добро познато име, еден од топ – пет голмани во светот во овој момент. Данецот во овој момент настапува за тимот на Кил, договор со овој германски тим има до јуни 2018 година. Никлас Ландин ќе биде замената за Арпад Штербик кој би требало да го напушти „црвено–црниот“ тим по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона. Покрај нов голман, Вардар со сигурност ќе добие и екстра…
Top