Обезбедете си навреме билети за натпреварите на вашиот тим за сезоната 2016/2017. Регуларната продажба на билети почна на 22 август. Првпат ќе биде понудена и ВАРДАР ПАСС картичка со која ќе биде овозможен влез на сите натпревари на двата ракометни клубови, во машка и женска конкуренција, и на фудбалскиот клуб во текот на целата сезона. Со секој купен сезонски билет ќе можат да добијат дрес од ФК Вардар или РК Вардар по цена од 1.299 денари или пак маичка по цена од 399 денари Со цел секој што сака да ги следи натпреварите на Вардар во лигата на шампионите, СЕХА…
Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ (30) е нов член на Вардар каде треба да остане во следните четири сезони. Европскиот првак кој во мај на Ф4 турнирот во Келн како член на Кјелце го освои трофејот доаѓа во Скопје како засилување на десната крилна позиција. Чупиќ е четвртото засилување за Вардар во новата сезона и ќе игра заедно со Даниил Шишкарев на десната страна. Хрватското крило зад себе има искуство во играње во повеќе европски клубови и сезонава стана европски првак со Кјелце. Сезонава во лигата на шампионите постигна 67 гола. Како член на Кјелце постојано ја освојуваше двојната круна во…
Децата кои досега излегле од екипата на Илинден Вардар продолжиле да играат во пионерските, кадетските и младинските лиги на РК Вардар, правејќи ја една од најуспешните во Ракометната Академија. Во пресрет на новата сезона на Вардар Јуниор лигата во школите од Академијата на Вардар се средуваат впечатоците од минатогодишните први натпревари од овој тип во државава. Во разговор со тренерите се потврдува задоволството и користа од организирање редовни натпревари за најмладите во текот на целата година. Секој тренер сведочи за тоа колку напреднала играта на децата, како и за можноста што оваа лига им ја даде на најталентираните да продолжат…
„Оваа Јуниор Вардар Лига недостигаше. Ние да го имавме ова пред 10-15 години не знам уште колку добри играчи ќе извадевме, вели Никола Димовски, тренер во СК Урдаревски Вардар Неверојатен напредок постои во играта на децата вклучени во Вардар Јуниор лигата што се забележува со секоја завршена сезона. Комбинацијата на редовни тренинзи со возбудливи натпревари од децата направи да заблескаат како ракометари, од кои дел се подготвени да ја продолжат кариерата во младинските клубови на нашиот „црвено-црн" шампион. Дека подобрената игра е резултат на редовните натпревари сведочат и тренерите од школите на Ракометната академија на Вардар. Ако во минатото постоеше…
Се повеќе девојчиња се решаваат да тренираат во школите на Ракометната академија на Вардар. Од година на година бројот на деца кои се вклучуваат во нашите школи расте. Една од школите е и ракометниот клуб Ново Лисиче – Вардар каде тренираат повеќе од 70-тина девојчиња. Тренерот Марија Аврамовска вели дека нашиот спортски бренд не само што привлекува нови дечиња, туку им нуди и многу поволности во тренирањето. „Голема е предноста да се биде дел од Академијата на Вардар. Нашето школо постои 4 години, заедно сме со Анжела Платон, а во Ракометната академија се вклучивме со нејзиното основање , а еве…
Со 21 година стаж во Вардар, од што четири како играч и уште 17 како тренер во различни категории, Стојан Петрушевски е вистински ветеран на „црвено-црните". Зад себе има искуство во водење на кадетски и младински екипи, а бил и дел од некои од историските моменти на Вардар. Во новата сезона ќе биде тренер на екипата на Вардар јуниор. Со Вардар како помошен тренер играше и во полуфиналето на КПК. Беше селектор на младинската и на сениорската репрезентација на Македонија. Го водеше Вардар и во лигата на шампионите и го забележа и сензационалниот триумфот против Кил во сезоната 2002/2003 Лани под…
Грижата за младите категории е приоритет за секој клуб кој посакува што повеќе млади да се занимаваат со спорт. Во Вардар веќе трета година функционира ракометната академија, а втора ќе биде постоењето на Вардар јуниор лигата каде учествуваат дечиња од целата Македонија. Проектот кој обедини над 1200 дечиња во академијата, и околу 600 во јуниор лигата ќе продолжи и в година. Марија Папуџиева е новиот координатор на Ракометната академија и Вардар јуниор лигата. Поранешната ракометарка и репрезентативка на Македонија сега е со нова мисија, да учествува во едуцирањето на што поголем број на деца кои треба подготвени да го дочекаат…
Новиот спортски директор на Вардар кој ќе биде задолжен за нашите две сениорски екипи, поранешниот олимписки и светски првак, и освојувач на лигата на шампионите, Едуард Кокшаров од 1 август ќе ги „засили“ редовите на македонскиот првак. Со своето искуство очекуваме да донесе нов квалитет во нашите тимови. Како што Вардар во него гледа „свежа сила“, така и тој, во работата со „црвено-црните“ очекува нов предизвик во неговата кариера. Доаѓа од Краснодар каде имаше одговорност во раководењето на женската екипа на Краснодар, на машкиот СКИФ, а таму беше тренер. „Ова нема да биде напозната работа за мене. И досега извршував…
Top