Самсоненко: Никогаш не сум бил посреќен, радувај се Македонијо

Сергеј Самсоненко е творецот на европски Вардар, човек од кого почна изградбата на шампионскиот тим, кој денеска ја покори ракометна Европа и ја освои историската круна, прва во машкиот ракомет.

По драматичниот финиш и голот на Иван Чупиќ во последната секунда на радоста и немаше крај, а Сергеј вели дека никогаш не бил посреќен во животот.

„Ова чувство не се опишува. Титулата е круна на добрата работа на сите во Вардар. Никогаш не сум бил посреќен. Трофејот и го посветуваме на Македонија. радувајте се со нас на големата победа. И пресреќен сум што македонскиот народ е на улиците и го слави историскиот успех на Вардар. Ракометарите ги заслужуваат сите почести. Тие се момци со големо срце и покажаа како се гине за клупските бои“, изјави Самсоненко за „Македонски спорт“

Се слави во Келн, каде се уште е вардаровата шампионска експедиција, а прослава има и во Скопје и во цела Македонија. Во чест на подвигот на Вардар и за радост по освојувањето на вредниот пехар во ракометната Лига на шампиони.

Top