Дибиров: Македонија ќе биде најсреќна земја во светот ако Вардар ја освои титулата во ЛШ

Ракометните клубови на Вардар и Барселона ќе ги одмерат силите во полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Келн. Крилото на Вардар, Тимур Дибиров има посебни мотиви за саботниот натпревар.

Тој, во сезоната 2009/10 со Чеховски Медведи играше во полуфиналето против Барселона каде што загуби со 27:34. Крилото тогаш постигна пет погодоци и беше еден од најдобрите играчи во својот тим.

-Ја почитуваме Барселона како опонент, но, кога судијата ќе означи почеток на натпреварот, тогаш сме еднакви” изјави Дибиров „Македонија ќе биде најсреќната земја на планетата. Во градот верувам дека ќе не пречекаат стотици, ако не и веројатно илјадници луѓе на улиците и верувам дека ќе тој ден ќе биде одбележан со златни букви во историјата на државата, изјави руското крило за официјалниот портал на ЕХФ.

Top