Ново Лисиче и Шампион ги освоија титулите во Вардар Јуниор лигата

Ново Лисиче Вардар и Шампион Вардар се шампионите во генерациите 2004/05 и 2002/03 во женска категорија во втората сезона од Вардар Јуниор лигата, која е во организација на Ракометната академија Вардар. Најдобрите тимови во двете генерации викендов ги одиграа двата Ф4 турнира во СЦ „Јане Сандански" во Скопје.

Одиграните полуфиналиња ветија неизвесни финални мечови, кои беа набиени со емоции и жештина да се победи противникот. На крајот не изостанаа солзите, радоснички за победниците и оние поради силна тага од претрпениот пораз.

Ново Лисиче Вардар во полуфиналето во генерацијата 2004/2005 во женска категорија се спротивставија на врсничките од Кастратовиќ Вардар. Девојките од двата тима покажаа добра игра, но подобри беа Ново Лисиче Вардар и победија со 15:7 (8:5).

Во финалето за златниот пехар се бореа со екипата на Кале Вардар, која во полуфиналниот натпревар триумираше против девојките од Општина Кисела Вода Вардар 1 со 16:9 (9:3).
Ново Лисиче Вардар ги победи врсничките од Кале Вардар со 13:12 (6:5) и го освоија првото титулата во генерацијата 2004/2005 во женска категорија во втората сезона од Вардар Јуниор лигата.
Третото место го освои Кастратовиќ Вардар, која беше подобра од Општина Кисела Вода Вардар 1 со 14:13 (7:6)

Во генерацијата 2002/2003 во женска категорија Шампион Вардар во полуфиналето беше подобар од Кастратовиќ Вардар и ги победија со 15:8 (7:5).

Во финалето Шампион Вардар се соочи со екипата на Делчево Вардар, која во полуфиналето беше подобра од Општина Кисела Вода Вардар со 21:14 (10:9). Екипите ни донесоа интересен натпревар, полн со неизвесност и жестоки дуели. Ниту Шампион Вардар, ниту Делчево Вардар успеаја да се одвојат резултатски речиси до крајот на натпреварот. Со гол во последната минута Шампион Вардар успеа да поведе против Делчево Вардар, која не го искористи последниот напад да израмни. Натпреварот заврши 14:13 (7:7) за Шампион Вардар.
Бронзата ја освои Кастратовиќ Вардар, кои мечот со Општина Кисела Вода Вардар го завршија нерешено 14:14 (6:7), но беа подобри во пеналите и победија со 16:14.

Top