Фајнл-фор ждрепката донесе најнепосакувано сценарио за македонските фанови

Ако ПСЖ беше посочен како најнепосакуван противник во полуфиналето на Лигата на шампионите од страна на дел од играчите на Вардар, Барселона секако беше втората неповолна опција поради тоа што некои македонски претставници ќе мора да се задоволат само со игра во малото финале на фајнл-фор турнирот во Келн.

Денешната ждрепка која ја одржаа одговорните луѓе на ЕХФ ни донесе токму пресметка меѓу македонски тим и двајца македонски претставници во противничкиот табор, бидејќи четата на Раул Гонзалес ќе ги одмерри силите со Барселона во чии редови играат Кирил Лазаров и Борко Ристовски.

Втората полуфиналната двојка на фајнл-фор турнирот секако ја сочинуваат ПСЖ и Веспрем, а како што е однапред познато, првите натпревари се играат на 3 јуни, сабота, додека малото финале и големото финале се играат в недела на 4 јуни во „Ланксес арената“.

Top