Магијата на Столе која долго ќе се врти: Брилијантна шрауба која изнуди овации и аплаузи

Екипата на Вардар уште еднаш покажа дека никогаш не смее да се потцени срцето на шампионот, па така од улога на голем аутсајдер му одржа лекција на залетаниот Флензбург во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ одиграа одличен натпревар во СЦ „Јане Сандански“, а најмногу блескаше капитенот Стојанче Стоилов кој беше автор на осум погодоци. Столе беше нерешлива енигма за одбраната на бундеслигашот, секогаш пронаоѓаше начин да дојде до целта, но еден негов гол се издои и донесе овации, аплаузи, реакции како кај него, соиграчите така и кај малубројната публика која беше присутна на дуелот во Аеродром.

При резултат 24-21 Столе во пад со мајсторска шрауба успеа да ја затресе мрежата на Флензбург. Погледнете ја оваа магија која нема да биде изненадување ако биде гол на колото во ЛШ.

 

Top