Калараш останува во Вардар, а нов голман е французинот Кантегрел

Рускиот ракометен интеранционалец Глеб Калараш одлучи да остане во редовите на сеуште актуелниот македонски, регионални и европски првак Вардар до крајот на договорот кој му завршува во 2021 година. Како ново име во таборот на „црвено-црните“ е голманот Робин Кантегрел од Франција.

Кантегрел (25 г.) во Скопје доаѓа од екипата на Сесоњ Рен и со Борко Ристовски и Марко Кизиќ ќе ја сочинува голманска тројка во новата сезона.

Претходно Вардар се договори да останат во Скопје: Иван Чупиќ, Тимур Дибиров и Кристијан Дисигнер.

primer 8

Top