Вардар е по трет пат на завршниот Ф4, но еден негов играч ќе биде по петти пат

Десното крило на Вардар, Иван Чупиќ продолжува да го зголемува бројот на учества на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите и тој е првиот играч кој успеал да стигне до пет учества во серија.

Чупиќ имаше две учества со тимот на Келце во 2014/15 и 2015/16 пред да дојде во Вардар. Второто учество му беше победничко, а година подоцна со Вардар успеа да стане првиот ракометар кој ја одбранил круната бидејќи откако во Лигата на шампионите се игра Ф4 турнир за да се добие новиот шампион никогаш тимот кој ја брани титулата не успеал да стигне до победа.

Сега го има своето петто учество на Ф4 така што продолжува со одличните резултати и го запишува своето име на место каде што следните генерации ќе се обидат да го повторат она што тој успеал да го направи.

Досега имаше 50 проценти успешност бидејќи има две титули од претходните две учества, па останува да се види каков ќе му биде сега епилогот кога треба да го одигра петтиот завршен турнир во Лигата на шампионите.

Top