Тренерот на Пик Сегед нервозно стана и ја напушти прес-конференцијата!

Тензијата од натпреварот, особено во завршните минути од возвратната четвртфинална пресметка меѓу Вардар и Пик Сегед доживеа кулминација на прес конференцијата по средбата. Тренерот на унгарскиот тим, не сакаше да остане до крај на прес – конференцијата што го разлути Парондо кој го повикуваше да остане и да го ислуша додека сосема спротивна реакција имаше Скубе кој пак му велеше да си оди и оти со ваквиот потег уште еднаш покажал каков човек е.

Вообичаено мирниот и прибран Парондо објаснуваше дека Пастор му рекол нешто што воопшто не е за преведување во јавност и објаснуваше дека тој никогаш не пцуе и не навредува.

Вардар го доби двомечот со Пик Сегед и трета година по ред ќе биде учесник на Ф4 турнирот во Келн каде годинава се и Барселона, Веспрем и Киелце. Ждрепката за полуфиналните двојки ќе биде одржана утре.
Top