Вардар по трет пат на Фајнал 4, а утре го добива противникот за во Келн

Вардаровите ракометари третото учество во низа на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите го потврдија синоќа во Сегед, откако во четвртфиналето го елиминираа Пик Сегед, додека утре, во 11 часот, ќе го дознаат противникот во полуфиналето на фајнал-форот во „Ланксес“ арената.

„Црвено-црните“ момци се во друштво на Барселона, Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и Келце, а со оглед на тоа дека сите противници во ждрепката се во еден сад, секој од нив е и потенцијален противник на Вардар.

Интересно е што сите четири екипи се дел од групата А, односно со секоја од нив вардарци веќе се соочија двапати сезонава во групната фаза.

Top