Продолжува градењето на тимот на Вардар за следната сезона

Продолжува градењето на „костурот“ на тимот на Вардар за следната сезона. Шпанскиот тандем Жоан Кањелас и Хорхе Македа по завршување на сезоната дефинитивно ќе ги напуштат „црвено-црните“

За разлика од Македа на кого договорот му истекува ова лето, Кањелас спогодбено ја раскина соработката со актуелниот европски шампион, бидејќи има обврска уште една година.

Вардар договори две од четирите најавени руски интернационалци. Станува збор за Дмитри Житников, кој ќе биде замена за Лука Циндриќ, кој се сели во Келце. Рускиот репрезентативец е член на Пик Сегед.  

Во пакет со Житников доаѓа и Дмитри Киселев. Десниот бек на Санкт Петерсбург ќе ја потполни позицијата на Хорхе Македа. 

Засега е договорен и српскиот голман Дејан Милосављев. Чуварот на мрежата на Партизан доаѓа на местото на искусниот Арпад Штербик. Станува збор за извонреден млад голман кој беше чувар на мрежата на Србија на ЕП во Хрватска. Милосављев е роден во Војводина каде живеат голем број на наши иселеници и токму тој потекнува од фамилија која има наши корени.

Покрај овие ракометари за следната сезона е потврден Харбок, а договорот го продолжи и капитенот Стоилов.