Tалентиран голман доаѓа во европскиот првак: Позната замената за Штербик во дресот на Вардар

Како што објави специјализираниот ракометен портал „Балкан хендбол“, Милосавлев по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Скопје на местото на Арпад Штербик, кој заминува во Веспрем. Дејан Милосавлев, 22-годишниот голман на белградски Партизан, од наредната година ќе го брани голот на Вардар.

Милосавлев е репрезентативец на Србија, потекнува од школата на Југовиќ, а освен во Партизан, еден период од кариерата мина во Катар, во екипата на Лехвија.

Во Вардар младиот голман повторно ќе има можност да работи со голманската легенда Дејан Периќ со кого во 2015 година соработуал во сениорската репрезентација на Србија.

Резултат со слика за dejan milosavlev

Периќ е добро познат во ракометните кругови како еден од најдобрите голмани во својата генерација и во минатата декада кога ги постигна најголемите резултати. Важеше за голман со извонредни рефлекси и квалитети, и со голема посветеност кон работата.

Во својата играчка кариера Периќ има настапувано за екипите на Динамо Панчево, Црвена Звезда, Пелистер, Атлетико Мадрид, Теукро, Целје, Барселона и Веспрем.
Како дел од овие тимови двапати беше европски првак, со Целје во 2004 и со Барселона во 2005. Со Веспрем во 2008 го освои КПК, а има и девет титули во првенствата на Словенија, Шпанија и Унгарија.

Како играч има настапувано за репрезентацијата на СФРЈ, СР Југославија, Србија и Црна Гора и Србија. Има бронзен медал од ЕП 1996, и од СП 1999, како и злато од медитеранските игри во 1991 година.

Во периодот од 2015 до 2016 година беше и селектор на репрезентацијата на Србија.