Вардар се пласира на фајналфор, публиката и ракометарките плачеа

енскиот тим на Вардар попладнево го одигра најемотивниот меч во овој состав. Денеска на домашен терен го победија Митијланд со резултат 32-25 и со тоа се пласираа на Фајнал турнирот на Лигата на шампионите каде ќе се борат за врвот на Европа.

Сепак, по завршување на натпреварот и публиката и ракометарките плачеа, зашто ова беше последен натпревар на овој ѕвезден состав на Вардар пред домашната публика.

Од наредната сезона тимот ќе биде составен главно од домашни ракометарки, а сегашните ѕвезди на Вардар веќе имаат потпишано договори со други тимови, со оглед на одлуката на раководството да ги ослободи и да го смени изгледот на тимот.