Интернационалецот во редовите на Вардар, Тимур Дибиров во иднина ќе настапува во домашното првенство како Македонец. Натпреварот од Супер Купот на Македонија беше првиот официјалeн натпревар за левото крило на Вардар со македонски пасош. Од неодамна Дибиров има македонски пасош, но сепак тоа не значи дека ќе игра за Македонија. Двојното државјанство ќе му послужи пред сѐ за настап во македонското првенство, но и за други поволности како граѓанин на Македонија. „Не е тајна дека имам македонски пасош. Тоа беше познато од поодамна уште кога се правеа листите на играчи. Јас сум посебно горд што сум граѓанин на Македонија и…
Кога го донесе Лино Червар на клупата на хрватската ракометна репрезентација, првиот човек на хрватскиот ракомет Зоран Гобац истакна дека нема да дозволи тој да седи на две столчиња, поточно да има и клупски ангажман. Меѓутоа, Червар се уште престојува во Скопје и го подготвува вицешампионот Металург за новата сезона. –Се уште решавам некои работи и затоа се уште сум во Металург. Не се случува се преку ноќ. Можам да кажам дека наскоро се ќе биде решено и немојте повеќе да ме прашувате за Металург, бидејќи немам друг коментар, изјави Лино. Во интервјуто за “Вечерњи лист#, проговори и за случувањата…
Европскиот ракометен првак Вардар во иднина ќе има ново клупско лого. Иако истото сѐ уште не е официјално објавено, можеше да се види на вчерашната дружба на ракометарите и навивачите на отворениот ден, на официјалниот банер што беше поставен во салата во СЦ „Јане Сандански“. Се работи за додавање на звездичка на врвот од логото, со што се одбележува европската титула што ја освоија вардарци во Келн на почетокот на јуни. Тоа е пракса на сите европски прваци кои на тој начин го одбележуваат постигнатиот успех, а истовремено „им се дава до знаење“ на другите дека пред себе имаат европски…
Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко е познат по тоа што знае да им угоди на спортистите. По освојувањето на европската титула со машката екипа, ракометарите добија покана од Самсоненко за заеднички одмор во Хрватска. Ова ќе им биде како бонус, покрај премиите што ги заработија за титулата. На клупскиот „тим билдинг“ се најголем дел од ракометарите, кои веќе се пофалија на социјалните мрежи за нивниот пат до Сплит и на хрватското приморје. Погледнете како изгледа нивниот одмор… 24Ракомет.мк  
Руската Република Дагестан, која е дел од Руската федерација, денес го одликува ракометарот на РК Вардар и член на руската репрезентација, Тимур Дибиров. Повод за ова одликување беше огромниот придонес на Дибиров кој го даде за развојот на спортот во Дагестан. Претседателот на Владата, Абдусамад Гамидов ја имаше честа да му го врачи ова одличје со гравиран часовник и плакета од Министерството за спорт на вардаровиот ракометар.  Дибиров, како и секогаш скромен и видно возбуден истакна дека ќе продолжи да дава максимум во спортот и преку неговите игри и неговото име ќе ги презентира и боите на неговата татковина.  Во…
Учеството во Вардар Јуниор лигата за две девојки од Делчево Вардар значеше исполнување на сонот – влез во младинската селекција на Вардар. Кети Ангеловска и Марија Гоцевска од следнава сезона се приклучуваат на вардаровата екипа, а интересно е што тренерот Анжела Платон одбра девојки кои се истакнаа на натпреварите на Вардар Јуниор лигата уште во првата сезона. Денеска ви ја претставуваме Кети Ангеловска, која изминатите неколку години на сите наши турнири собираше индивидуални награди во нејзината старосна категорија 2000/01. "Уште кога нашиот клуб се поврза со Вардар мојата мотивација за успех беше двојно поголема. Кога и самиот знаеш дека те…
Ацо Јоноски со своето огромно искуство беше голем плус на нашата репрезентација во преубедливата победа која ја оствари во клучниот дуел со Чешка за пласман на Европското првенство во Хрватска, а бидејќи оваа пресметка за него воедно значеше враќање во селекцијата, неговото обраќање во микс-зоната беше едно од најинтересните за новинарите. Столбот во одбраната доби солидна минутажа при своето враќање и навести дека постојат шанси да го гледаме на турнирот во Хрватска, но неговото интервју во подтрибинскиот простор уште поинтересно го направи селекторот Гонзалес. Раул се втурна меѓу новинарите и го прекина интервјуто на Јоновски и му го порача следново: …
Нема одмор за дресовите од Вардар Јуниор лигата. Со крајот на натпреварувачката сезона и почетокот на летната сезона нашите млади ракометари веќе се подготвуваат за нови ракометни предизвици. Желни за нови знаења и нови искуства децата веќе се подготвуваат за летните кампови. Повеќето регионални единици кои членуваат во Ракометната академија Вардар летово организираат кампови за децата кои тренираат во школите, а од кои дел се натпреваруваат и во Вардар Јуниор лигата. Леа Христоска минатата година се издвои како еден од најдобрите голмани кои се натпреваруваа во лигата, а на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов", кој се одржа во јануари…
loading...