(0 гласови)
Оваа недела од 25-28.02.2017 на терените на ТК „Теннис Парк" при СЦ „Јане Сандански" ќе се одржи Зимското отворено првенство за ветерани .   Поканети се сите ветерани со наполнети 30 години односно 50 години и задолжително треба да се приложи уреден лекарски преглед не постар од 6 месеци. Натпреварите ќе се играат на два терени со црвена земја, покриени со балон. Комплетната листа ќе биде објавена во петок (24.02.2017) до 09:30 часот на страната на МТФ www.mtftennis.mk.     Сите љубители на тенисот ТК Теннис Парк ги поканува да дојдат и да ги проследат натпреварите, а потоа опуштете се во кафе-барот кој е веднаш…
(0 гласови)
Вчера на терените на ТеннисПарк при СЦ "Јане Сандански" се одиграа финалните мечеви од Зимското Отворено Првенство на Македонија за Јуниори и Јуниорки до 16 години. Во машка категорија, Ѓорѓи Јанкуловски триумфираше над Лука Андонов со резултат од 2-0 во сетови, додека пак во женска конкуренција Јана Стојанова која со своите 11 години, успешно им парираше на далеку повозрасните конкурентки успевајќи да стигне дури до финалето, каде по голема борба, во три сета загуби од Јана Огњановска.
(0 гласови)
Идејата на ТК ТеннисПарк-Скопје уште од самиот почеток беше тренерскиот кадар да биде составен од врвни професионалци, чиешто знаење и искуство ќе привлече што поголем број на дечиња во нашиот клуб. За почеток, успеавме да го привлечеме едно од најуспешните имиња во македонскиот тенис, Предраг Русевски кој без размислување ја прифати соработката, за веднаш потоа и поранешниот македонски Дејвис-куп репрезентативец Димитар Лабудовиќ да се приклучи во нашиот тим. Во понатамошниот текст, би сакале да ви претставиме дел од членовите на нашиот клуб, кои за кратко време постигнаа одлични резултати, како дома, така и на меѓународни турнири.  Срѓан Спасеновски е дел од…
(0 гласови)
Тенискиот клуб Теннис Парк располага со четири терени на земјена подлога. Во летниот период сите четири терени се отворени за тренинзи и рекреација, а во зимскиот период два од нив се покриени со специјални балони од италијанската фирма Teloni Poletti. Главен тренер е најдобро ATP рангираниот македонски тенисер Предраг Русевски и поранешниот македонски Дејвис Куп репрезентативец Димитар Лабудовиќ. Тука е и Симон Митев кој тренира со најмалите членови. ТК Теннис Парк нуди тенис за сите негови љубители, на секоја возраст. Рекреативците со претходно закажан термин може да користат било кој од терените и сите оние кои професионално сакаат да се…
(0 гласови)
Двојна победа на Ред Бул на трката за Големата награда на Малезија, која поради дефект на моторот не ја заврши Луис Хамилтон во моментот кога беше лидер на патеката. Победи Даниел Рикардо, пред Макс Ферстапен и Нико Розберг. Даниел Рикардо од Ред Бул ја забележа четвртата победа во кариерата, откако прв мина низ целта на патеката во Сепанг, на која во неделата се возеше трката за Големата награда на Малезија. Австралиецот 56-те круга ги мина за 1:37:12.776 часа. Рикардо до победата стигна пред клупскиот колега Макс Ферстапен. Возачите на Ред Бул на најдобар начин о искористија откажувањето на Луис Хамилтон…
(0 гласови)
Во саботата успешно беше одигран првиот турнир во Падел Тенис во организација на ТеннисПарк. Како клуб сме особено горди, што ја имавме честа да бидеме први на Балканот кои ја нудат оваа содржина, која е доста популарна во Шпанија, Аргентина, Португалија. Саботниот турнир беше прв од низата кои ТеннисПарк планира да ги организира, се со цел популаризација на овој спорт. На наше големо задоволство, наидовме на голем одзив помеѓу рекреативците за овој турнир. Покрај нив, овој настан со своето присуство го збогатија и поранешните и актуелни “Дејвис куп” репрезентативци, Предраг Русевски, Димитар Лабудовиќ, Томислав Јотовски и Бесир Дургути кои воедно…
(0 гласови)
Се чини дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ има големи приватни проблеми. Интервјуто кое го даде најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, им навести на светските медиуми дека неговиот брак е во сериозна криза, пишува порталот Dnevnik.hr. Откако Ѓоковиќ испадна во третото коло на Вимблдон, медиумите почнаа дашпекулираат дека со него нешто не е во ред. Наводно, српскиот тенисер имал афера со индиска актерка, па неговата сопруга Јелена веќе ги одвоила и нивните сметки. Ѓоковиќ по испаѓањето рече дека има приватни проблеми и дека тоа е причината зошто „не му оди“ во тенисот.И понатаму сè е неофицијално, но приказните дека се разведува…
(0 гласови)
Претседателот на Европските олимписки комитети (ЕОК), Патрик Хики е уапсен во Рио де Жанеиро, поради илегална продажба на влезници за олимписките натпревари, објави британскиот сервис BBC повикувајќи се на бразилските медиуми. Локалната полиција рекла дека Хики (71) се обидел да избега и дека неговата здравствена состојба се влошила поради што бил хоспитализиран. Агенцијата АП јави дека обвинителството во Рио де Жанеиро издало налог за апсење под сомнение дека Хики, заедно со уште шест лица, организирал илегална продажба на влезници за натпреварите на Олимписките игри. Локалната полиција запленила повеќе од 1.000 билети кои му биле доделени на Олимпискиот комитет на Ирска.…
Top