Ѓорческа против Шарапова на Ролан Гарос?

Лина Ѓорческа со новите поени на ВТА листата стигна до најдобриот пласман во кариерата и тоа на 182-то место во поединечна конкуренција и на 136-то место во игра на двојки.

Со новиот ранкинг на Ѓорческа, сигурно ќе настапи на пласман во квалификациите на вториот годинашен гренслем турнир на Ролан Гарос во Париз, кој почнува на 22 мај, а има шанси и да се сретне со Шарапова во квалификациите.

Ѓорческа трет пат ќе настапи во квалификации на еден гренслем турнир. Минатата година загуби во воведното коло на САД Опен во Њујорк, а на почетокот од годинава беше запрена на последното, трето квалификациско на турнирот во Австралија опен во Мелбурн.