Зимско отворено првенство за ветерани во ТК Теннис Парк
Оваа недела од 25-28.02.2017 на терените на ТК Теннис Парк" при СЦ Јане Сандански" ќе се одржи Зимското отворено првенство за ветерани .
 
Поканети се сите ветерани со наполнети 30 години односно 50 години и задолжително треба да се приложи уреден лекарски преглед не постар од 6 месеци. Натпреварите ќе се играат на два терени со црвена земја, покриени со балон. Комплетната листа ќе биде објавена во петок (24.02.2017) до 09:30 часот на страната на МТФ www.mtftennis.mk.
 
 
Сите љубители на тенисот ТК Теннис Парк ги поканува да дојдат и да ги проследат натпреварите, а потоа опуштете се во кафе-барот кој е веднаш покрај терените.
 
За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk, или следете нè на Facebook и Instagram.
Top