Евгениј Поп Ацев, вкупниот победник во Гран при серијата на ФИНА во 2015 година, нема да учествува на Европското првенство во Глазгов, бидејќи неговото учество не било пријавено од Пливачката федерација на Македонија (ПФМ). Братот на Евгениј, Дарко Поп Ацев, на „Фејсбук“ ги обвини претседателот на ПФМ, Александар Маленко и селекторот за маратонско пливање, Томи Стефановски, дека не го пријавиле за настап на ЕП иако тој уште во февруари ја исполнил нормата. На својот „Фејсбук“ профил се огласи и пливачот. „Чуствувам обврска да ја објаснам сегашната ситуација околу Европското Првенство во Глазгов. Во февруари ја исполнив нормата дадена од ПФМ…
Ѕвездата на серијата “Game of Thrones”, Хафтор Бјорнсон (29) повторно го исмеваат на социјалните мрежи поради фотографијата која ја објавил со својата девојка, терапевтка и вљубеничка во фитнес – Келси Хенсон. Исланѓанецот е во врска со Хенсон од септември минатата година, а на луѓето им е смешно да ги гледаат заедно поради разликата во нивната висина. Многу обожаватели коментираат дека неговата девојка изгледа како да му е ќерка.    Имено, Хафтор е висок 206 центиметри, а Келси со своите 158 центиметри висина не му е ни “до рамена”. Неговата девојка вели дека кога сакаат да се бакнат, тој мора да…
Даниел Стефановски е светски првак во К-1 на Суперкомбат.  На Стефановски му требаа 1 минута и 41 секунда да го нокутира Аделин Михаила од Романија на вечерашнава гала вечер во Букурешт. Стефновски тргна силовито од првиот момент со неколку крошеа, летечко колено и аперкат го нокаутира Романецот.  
Денес започнува главниот дел од Меѓународниот турнир Теnnis Europe за тенисери и тенисерки до 16 години. Турнирот ќе се одржи на терените на Теннис Парк од 12-ти до 18-ти јуни. Тенискиот клуб Теннис Парк ја има честа да го организира овој одличен и значаен турнир на кој ќе погледнеме беспрекорни тенисери и тенисерки, и без сомнение квалитетен тенис. Ги покануваме сите љубители на тенисот да дојдат во нашиот кафе-бар веднаш до терените и заедно да ги проследиме натпреварите. За повеќе информации контактирајте не на 070 385 021. 
Лина Ѓорческа со новите поени на ВТА листата стигна до најдобриот пласман во кариерата и тоа на 182-то место во поединечна конкуренција и на 136-то место во игра на двојки. Со новиот ранкинг на Ѓорческа, сигурно ќе настапи на пласман во квалификациите на вториот годинашен гренслем турнир на Ролан Гарос во Париз, кој почнува на 22 мај, а има шанси и да се сретне со Шарапова во квалификациите. Ѓорческа трет пат ќе настапи во квалификации на еден гренслем турнир. Минатата година загуби во воведното коло на САД Опен во Њујорк, а на почетокот од годинава беше запрена на последното, трето…
ТК „Теннис Парк" со огромно задоволство ви го најавува меѓународниот ИТФ турнир кој ќе се одржи од 25-30 април на терените при тенискиот клуб. Квалификациите за турнирот започнуваат овој викенд, каде младите тенисери во машка и женска категорија ќе се борат за место во главниот дел од турнирот. Турнирот е за тенисери и тенисерки до 18 години. Ги покануваме сите љубители на тенисот да дојдат и да ги проследат натпреварите од кафе-бар „Теннис Парк" кој е лоциран веднаш до тениските терени.   За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk, или следете нè на Facebook и Instagram.
Македонската Тениска Федерација ги поканува сите јуниори и јуниорки до 11 години да се пријават на Отвореното првенство во тенис на Македонија кое ќе се одржи во ТК „Теннис Парк" при СЦ „Јане Сандански". Првенството ќе се одржи од 11-13.03.2017, на земјените терени покриени со балон. Комплетната листа на учесници ќе биде објавена во петок (10.03.2017) до 09:30 часот на страната на МТФ (www.mtftennis.mk).   Турнирот започнува во сабота (11.03.2017) во 10:00ч. Ги покануваме сите љубители на тенисот да дојдат и да ги проследат натпреварите, а потоа да се релаксираат во опуштена атмосфера во кафе-бар „Теннис Парк" кој е лоциран веднаш до терените, покрај реката Вардар.…
Новак Ѓоковиќ лут како ретко кога ја напушти прес-салата по новиот неочекуван пораз кој го претрпе од Ник Кирјос во четвртфиналето на турнирот во Акапулко, но наспроти скромните резултати кои ги остварува по освојувањето на Ролан Гарос минатата година, она што посебно ги загрижува неговите фанови и српските медиуми е начинот на исхрана кој и натаму го форсира доскорешниот светски рекет број еден. Ѓоковиќ во многу поголем размер ја практикува веганската диета која смета дека е правилна за неговиот начин на живот и неговото здравје, но денеска српските медиуми објавија две шокантни фотографии кои најдобро нѝ докажуваат колку многу има…