Пеце Наумоски: Договорот ми беше на маса, го одбив „Чикаго Булс“ во времето на Џордан

Прославениот македоснки кошаркар, а сегашен претседател на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, ја отвори душата и призна дека одбил прилика да заигра со Мајкл Џордан. Во периодот кога играше најдобра кошарка во неговата кариера и кога европските екипи „се тепаа“ за потписот на Пеце, македонскиот кошаркар не сакал да биде само уште едно име во редот во НБА лигата, открил Намуоски во интервју за Баскетбол.мк.

– Тоа беше 1996 година додека настапував за Ефес Пилсен и бев прогласен за најдобар играч во Европа според францускиот весник Л’Екип. Ивица Дукан, тогашен и сегашен скаут за Чикаго Булс за европските простори, мој пријател од времето кога играв во Југопластика, беше во Истанбул и ми понуди директен договор за настап за славната НБА франшиза.

– Сега можам да ги отворам сите карти во однос на финансиските услови, затоа што помина многу време. Понудата беше идентична со онаа што во тоа време ја имаше Стив Кер, тоа беа зборовите на Дукан. Ми понудија 750.000 долари бруто, по сезона.

Целото интервју може да го прочитате тука.