Бомбастична вест од Турција: Перо Антиќ се враќа во НБА!?

Турскиот медиум „Хуриет“ излезе со бомбастична информација. Македонскиот кошаркар Перо Антиќ се враќа кај јастребите во Атланта.

Токму, поради тоа тренерот на Атланта Хоукс, Мајк Буденхолцер бил присутен на фајнал-фор турнирот во Евролигата. Антиќ со Буденхолцер имаше одлична соработка и многу добро се снајде во тимот за времето поминато во НБА. Тој двете натпреварувачки сезони ги одигра на високо ниво што доби и добри оценки од аналитичарите во НБА.

Од неофицијални извори блиски до клубот, се дознава дека Перо со освојувањето на европскиот трофеј ја активирал клаузулата за продолжување на договорот со турскиот клуб Фенербахче, меѓутоа тој бил решен да замине. Во моментов, македонскиот кошаркар е максимално посветен за настапите на својот тим, каде се очекува од клубот да ја одбрани титулата во домашното првенство. 

Исто така, во насока за потврда на овие информации говори и потрагата на Жељко Обрадовиќ и разгледувањето на опциите за ангажман на кошаркар за неговата позиција во тимот, што очигледно дека Антиќ веќе ги пакува куферите и дефинитивно ќе игра во друг клуб наредната сезона, само дали тоа ќе биде во НБА или во Евролигата, останува да видиме во наредниот период.