Каков тим би имала Југославија денес. „Новата Југославија“ би ги победила и САД!

Новинар на „Марка“ во авторски текст се занимавал со кошаркарите од земјите од поранешна Југославија. Тој детално ги анализирал кошаркарите од поранешната држава, а на читателите им поставил интересно прашање. Дали оваа „Нова Југославија“ би ги победила САД?

На прашањето 63 отсто од учесниците во анкетата одговориле „Да“.

Во тимот има седум кошаркари од Србија, по двајца од Хрватска и Словенија и еден од Црна Гора.

Плејмејкери се Горан Драгиќ, Василије Мициќ и Милош Теодосиќ, бекови Бојан и Богдан Богдановиќ заедно со Лука Дончиќ, а од високите играчи ги одбрал Дарио Шариќ, Немања Бјелица, Бобан Марјановиќ, Никола Милутинов, Бојан Дубљевиќ и Никола Јокиќ.

primer 8

Top