Играчите од НБА ќе изгубат една петтина од платите доколку сезоната не продолжи

Според инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, играчите од НБА-лигата ќе изгубат 21-24 проценти од своите плати доколку сезоната 2019/2020 не продолжи.

На 11 март, НБА-лигата ја објави суспензијата на сезоната најмалку 30 дена поради откривање на коронавирусот кај центарот на Јута, Руди Гобер. Подоцна, тестовите на соиграчот на Гобер Донован Мичел и центарот на Детроит, Кристијан Вуд дадоа позитивен резултат.

Сопствениците и менаџерите на клубовите очекуваат сезоната да продолжи не порано од средината на јуни.

НБА-колективниот договор ѝ дозволува на лигата да ја намали платата на играчите за секој натпревар пропуштен поради епидемија.

Top