Леброн со чудесна асистенција, но Индијана ги скроти „езерџиите“

Лос Анџелес Лејкерс останува неприкосновен лидер на Западот, и покрај тоа што изминатава вечер претрпе прв пораз по серијата од седум победи во низа во НБА лигата.

Во еден крајно изедначен натпревар во сите четири четвртини, играчите на Индијана на крајот имаа повеќе нерви и на домашен терен славеа со 105:102 за четврти триумф по ред, успех со кој се искачија на шестото место на табелата на Истокот. Сабонис со 26 поени беше најзаслуиен за славјето на Пејсерси, а Литванецот доби поддршка и од Тарнер и Брогдон кои уфрлија по 16 и 14 поени.

Во поразениот состав, Леброн Џејмс и Двајт Хауард постигнаа по 20 поени, а токму тие двајца беа задолжени и за главната атракција на вечерта. Најголем дел од задачата заврши Леброн кој смисли ново чудесно додавање, додека разиграниот Хауард имаше лесна задача за атрактивно да забие.

primer 8

Top