Њујорк Никс влегува во историјата на НБА: Станува првиот тим кој ќе добие жена за тренер?

Катастрофалниот старт на сезоната за Њујорк Никс резултираше со отказ за тренерот Дејвид Фицдејл.

Клубот од Њујорк со лошата серија резултати и билансот 4-18 по првите 22 кола се реши да му врачи отказ на Фицдејл и неговиот помошник, Кејт Смарт.

Интересно е тоа што сега Њујорк Никс не може да најде тренер кој ќе сака да се нафати за оваа работа, па пожарот во клубот би можела да го гаси, Беки Хамон.

Доколку ја назначат за нов тренер на клубот, Беки Хамон ќе стане првата жена во историјата на НБА Лигата која ќе биде предводничка на една франшиза.

Хамон е една од најдобрите кошаркарки на САД на сите времиња, а во моментов работи во Сан Антонио Спарс како помошничка на легендарниот Грег Попович. Одамна се пишува дека токму таа ќе биде првата жена која порано или подоцна ќе стане главен тренер на некој клуб. Сега и се отвара голема прилика, дали ќе ја прифати, останува да видиме…

primer 8

Top