Се случи и тоа, по 172 натпревари и заработени 19 милиони долари ја постигна првата тројка во НБА кариерата

Публиката и спикерот на натпреварот помеѓу Филаделфија и Њујорк Никс 109:104 еден навидум обичен погодок го прославија како да се освоил шампионатот.

Причината за тоа е што Бен Симонс конечно успеа да ја постигне својата прва тројка во кариерата во НБА лигата.

Одличниот 208 см висок кошаркар во досегашната двегодишна НБА кариера и заработените над 19 милиони долари за прв пат успеа да погоди од три поени, по “цели“ 17 обиди во претходните две години.

Top