На снег и студ, Вардар го одработи единствениот официјален тренинг пред мечот со Зенит Санкт Петербург на стариот „Петровски“ стадион.

Тренингот го одработија сите фудбалери кои се на располагање на шефот на стручниот штаб, Чедомир Јаневски ,кој ги воигруваше последните техничко-тактички варијанти пред утрешниот натпревар.

Натпреварот Зенит – Вардар се игра утре во 19 часот по македонско време.

 
 
 

 

Дека ситуацијата во таборот на Италијанците не беше баш најдобра, доволно говори односот на Де Роси кој што одби да ја испочитува одлуката на селекторот Вентура.

Италија вчера не успеа да ја надомести негативата од 1:0 на првиот натпревар против Шведска, па после одиграните 0:0 во Милано, избраниците на Вентура останаа без Мундијал после цели 60 години.

Јасно беше дека селекторот Вентура и не е баш омилен меѓу репрезентативците, а најдобро за тоа говори реакцијата на Даниеле Де Роси кој што бесно му порача на помошникот на италијанскиот селектор дека нема логика тој да влезе да игра, кога на Италија ѝ е потребна победа.

„Зошто да одам на загревање јас? Што еб*** можам јас да сменам? Ставете ги напаѓачите“, му порача Де Роси на помошникот на селекторот Вентура.

Аријан Адеми изминатиов месец октомври го имаше своето големо враќање на фудбалските терени, а истото не можеше да биде попозитивно за него со оглед на тоа што постигна велемајсторски гол со Лихтенштајн со кој на најдобар можен начин ја остави сета агонија од изминатите две години зад себе.

Македонскиот репрезентативец првично беше казнет на четири години од страна на ФИФА, но бидејќи конечно му беше прифатена последната жалба од страна Судот за спортска арбитража, суспензијата се сведе на две години кои всушност истекоа на почетокот на минатиот месец.

Во емисијата „Плави кварт“ која се емитува на официјалниот Јутјуб канал на Динамо Загреб, Адеми уште еднаш се потсеќа на големиот чекор назад кој не по своја вина го направи во кариерата, удар од кој открива дека се уште има големи трауми и кој го натерале да се сомнева во секого.

– Се сеќавам дека лежев во собата со мојот цимер од репрезентацијата и ми рекоа дека треба итно да разговарам со претседателот на сојузот и тренерот. Не ни сонував дека станува збор за некои лоши вести, во тоа време се одеше на моја страна, па си помислив дека можеби е во прашање некој голем трансфер. Кога ми рекоа дека сум паднал на допинг тест, не можев да поверувам и всушност не знаев што значи тоа. Морам да признаам дека се уште имам трауми после сето тоа што се случи. Се сомневав во сите, во своето семејство, во пријателите. Си помислив дека можеби некој намерно ми има подметнато нешто. Затоа и ден денеска се плашам од секого. Кога нарачувам Кока Кола во кафуле, барам да ми ја донесат и да ја отворат пред мене. Можеби и сум премногу оптеретен со тоа, но се надевам дека ќе пројде со тек на времето, – порачува Адеми.

Комплетното интервју погледнете го на следното видео…

По информациите за голем број заминувања од Вардар, доаѓа една одлична вест, а најверојато нов голман на РК Вардар од следната натпреварувачка сезона ќе биде Никлас Ландин од редовите на Кил.

Станува збор за доста добро познато име, еден од топ – пет голмани во светот во овој момент. Данецот во овој момент настапува за тимот на Кил, договор со овој германски тим има до јуни 2018 година.

Никлас Ландин ќе биде замената за Арпад Штербик кој би требало да го напушти „црвено–црниот“ тим по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона.

Покрај нов голман, Вардар со сигурност ќе добие и екстра замена за Циндриќ.

Винарската визба „Тиквеш“ од денеска е дел од спонзорскиот тим на фудбалскиот, кошаркарскиот како и на спортското друштво Црвена звезда, објавија денеска од таборот на белградскиот гигант.
Македонската компанија потоа потпиша три различни договори со трите субјекти на црвено-белите и тоа со Петар Шкундриќ во име на спортското друштво, Светозар Мијаиловиќ во име на фудбалскиот и Небојша Човиќ во име на кошаркарскиот колектив.

„Би сакале да му изразиме посебна благодарност на Светозар Јаневски, сопственикот и директор на компанијата М6 која стои позади „Тиквеш“ што препозна голема можност за заедничко делување преку најголемиот српски и регионален бренд – Црвена звезда“, изјави Шкундриќ.

Во име на „Тиквеш“ пред медиумите се обрати генералниот директор Радош Вукичевиќ.

„Нашиот мотив за соработка со Црвена звезда е фактот што делиме исти вредности. Тоа е традицијата, константата во квалитет и амбициите да бидеме први во регионот, но и први во Европа. Се надевам дека заеднички ќе се искачиме на европскиот кров“, изјави Вукичевиќ.

На вчерашниот дерби натпревар меѓу Црвена Звезда и Спартак Суботица,кој заврши во корист на ,,црвено-белите” со резулат од 1-0, многу малку недостастуваше голманот на Звезда Милан Борјан уште на почетокот на мечот да стане светски мега хит со потегот кој многу ќе ги чинеше Звезда. За среќа се извлече во последниот момент…

Дојде денот за нов европски предизвик на Вардар во групната фаза во Лигата на Европа. Цела Македонија е во исчекување на вечерашната пресметка против Реал Сосиедад, во третото коло од групата „Л“. Цела Македонија се надева и посакува први бодови на нашиот најтрофеен тим. 

Вардаровите играчи, стручниот штаб одбројуваат часови до почетокот на натпреварот. Натпревар во кој ќе дадат сè од себе за добар резултат вечерва со шпанскиот претставник. Дојдете и Вие да бидете дел од вечерашниот спектакл на Арената „Филип Втори“. Нека биде ова ноќ која долго ќе ја паметиме.

Да заборавиме на сето она што се случуваше во минатите натпревари. Од натпревар во натпревар играме се подобро, време е сега да дојдат и бодовите. Ова е нов меч, нов предизвик, нова шанса. Шанса која што треба да се искористи заедно со нашата верна публика, со нашите верни навивачи. 

Ајде вечер да бидеме дел од една нова историја, од натпревар во кој што ќе дојдеме до прв успех во оваа фаза. Ајде вечер да ги бодриме нашите момци до победа, каква што беше онаа со Фенербахче, со Малме, со Копенхаген... Да славиме сите заедно до долго во ноќта, да биде ова уште една незаборавна вечер за сите... Незаборавна ноќ за Вардар!

Нов натпревар од Лигата на Европа, Вардар против Реал Сосиедад кој што се игра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје на 19.10.2017 година (четврток) со почеток во 19:00 часот. 

ИНДЕКС24 доделува 10 билети на своите читатели. Пет најсреќни читатели ќе добијат по две карти. Се што треба да направите е да го лајкнете и споделите (шерувате) овој пост на Фејсбук фан страната. Најсреќните ќе бидат избрани по случаен избор и ќе бидат објавени на index24.mk и ќе добијат порака во инбокс, како и инструкции за подигање на билетите.

Инаку цените на билетите за натпреварот изнесуваат:

Цената за блоковите 1, 6, 7, 8, 9, 10, 13, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30 изнесува 600 МКД.

За блоковите 2, 5, 14, 18, 20 и 24 билети се продаваат по цена од 900 МКД.

Билет за блоковите 3, 4, 15, 16, 17, 21, 22 и 23 чини 1.200 МКД.

Од управата на ФК Вардар ги потсетуваат имателите на ваучери за блок влезници, дека е во тек замената за електронски картички со кои ќе се влегува на следните два домашни натпревари во Лигата на Европа. Замената се врши на билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје секој ден од 10 до 18 часот. 

Сите на стадион, нашиот шампион Вардар заслужува да игра пред полни трибини!

Еден живот, една љубов!

 

Аријан Адеми не ги криеше емоциите од враќањето на фудбалот по две години пауза поради суспензијата од ФИФА. На најдобар можен начин се врати на терените, со деби погодок крунисувајќи го враќањето во националниот тим….

„Ова е специјален момент за мене кој го доживеав навистина премногу емотивно… Не бев апсолутно виновен за тоа што ми се случи и затоа сега и со солзи го прославив погодокот“ – ни изјави Адеми по дуелот, веднаш искажувајќи благодарност до селекторот за повикот и начинот на кој беше дочекан од репрезентативните соиграчи.

„Навистина сакам да се заблагодарам на селекторот Ангеловски кој веруваше во мене и ме повика и покрај тоа што бев надвор од терените. Сакам да се заблагодарам на Пандев и сите мои соиграчи од репрезентацијата кои ме дочекаа со отворено срце назад во селекцијата. Сакам да се заблагодарам на цела македонска спортска јавност и навивачите во Струмица. Сето тоа многу ми значи. Оваа репрезентација има срце, но има и квалитет за многу поголеми резултатски постигнувања од досегашните. Тоа го докажавме во Италија, а верувам ќе го докажеме и во следниот квалификациски циклус уште повеќе“.

„Боливија дома си гази“ е една од честите маалски фрази кога се гледаат паровите од Јужна Америка. И не случајно е така, затоа што Боливија дома има голема предност над противникот кој не знае кај е лево на толкава висина.

Во четвртокот репрезентацијата на Бразил, која одамна го обезбеди првото место и директен пласман на Светското првенство 2018, со најсилен состав (Нејмар, Кутињо и Габриел Жезус) дојде на гости кај безнадежниот аутсајдер Боливија. И одигра нерешено во натпревар на кој Бразилците имаа преку 10 стопостотни шанси за гол.

Најинтересно е што никој особено немаше голем интерес за овој меч па букмејкерите на победа на Бразил дава коефицент околу 2,00. Зошто толку кога „Кариоките“ се надмоќни и први? Затоа што Боливија кога игра дома е во состојба да ги победи сите најдобри репрезентации на светот.

Тајната на Боливијците е проста и одамна позната: стадионот „Ернесто Силес“ во престолнината Ла-Пас се наоѓа дури на 3.637 метри надморска висина!

За човековото тело да се прилагоди (аклиматизира) на оваа висина треба неколку недели. Фудбалерите немаат толку време затоа што сите претпочитаат да дојдат на неколку часа пред мечот, да играат и да одлетаат. Тоа им помага да ги намалат непријатните последици, но не и да ги избегнат.

Се смета дека на висина поголема од 2.5 км неприлагоден човек може да исползува околу 30% од своите физички способности. Во таква ситуација кај него често се појавува мачнина, повраќање, вртоглавица и тешко дишење.

„Првата работа која што ќе ја видите во соблекувалните во Боливија се боците со кислород. Тешко е не само физички туку и ментално. Малку да ве заболат градите и веднаш ќе помислите: ’А јас мислев дека сум спремен за ова’.

На таа висина, необично но вистинито, и топката се движи побрзо па е многу тешко и за голманите. Сума сумарум, за сите е тешко. 

„Нечовечки услови за игра. Теренот, надморската висина, топката... се ужасно. Но ние сме доволни спремни да играме дури и во такви услови“, напиша Нејмар на Instagram со фотографија од соблекувалната.

Но тоа е предност за домаќинот којшто на Мундијал не отишле уште од 1994 година но дома редовно си ги победуваат гигантите. На пример во 2001 година Боливија го совлада Бразил со Ривалдо и Лусио 3:1, а во 2009-та во Ла Паз ја згромија Аргентина со Меси 6:1. Најголемиот успех во историјата на фудбалската репрезентација на оваа земја бил триумфот на Копа Америка во 1963 година - тоа се случило погодете каде, на родната височина.

Еве како тоа изгледа поедноставено:

Боливија против Бразил (0:0 дома, 0:5 на гости)
Боливија против Аргентина (2:0 дома, 0:2 на гости)
против Чиле (1:0 дома, 0:3 на гости).

Дома: 4 победи, 2 нерешени, 3 порази
На гости: 8 порази

Пред 10 години ФИФА се закани дека ќе забрани одигрување натпревари на висина поголема од 2.500 метри но на крајот ја качија границата до 3.000 метри надморска височина и направија посебен исклучок за стадионот во Ла Паз, така што историјата ќе продолжи.

 
 
Top