Манчестер Сити се чинеше дека ќе биде доста повлечен и незаинтересиран во актуелниот зимски преоден рок, но откако останатите најголеми клубови во Англија преземаа акција на трансфер пазарот, на крајот покуси не останаа ниту „граѓаните“ кои ова попладне и официјално го изрежираа најскапиот трансфер во историјата на клубот.

Младиот стопер Ајмерик Лапорт се претвори во најспап играч во историјата на Сити со рекорден трансфер од 65 милиони евра, сето ова откако управата на клубот ова попладне го исплати депозитот во шпанската Ла Лига, процедура која е стандардна во Шпанија кога се исплаќа откупна клаузула на еден фудбалер. Атлетик Билбао не сакаше да преговара за трансферот на својот најдобар дефанзивец, но сепак тоа не значеше негово останување во клубот, бидејќи Сити го искористи своето право да ја отплати клаузулата и да го доведе Лапорт.

Актуелниот лидер во Премиер лигата официјално го потврди ангажманот на фудбалерот, а со тоа го надмина рекордот на Кевин Де Брујн кој досега важеше за најскап играч на Сити кога во 2015 година беше доведен за 55 милиони фунти (трансферот на Лапорт во фунти изнесува 57 милиони).

Вториот најскап фудбалер во историјата на Барселона, Усман Дембеле повторно се повреди ќе биде надвор од терените околу еден месец.

Медиумите во Шпанија веднаш ги најдоа причините за тоа. Наводно, од доаѓањето во Барселона, Французинот живее неспортски живот, постојани излегува и седи до доцните вечерни часови во ноќните клубови. Такво нешто можеше да си дозволи поради претходната повреда поради која не играше натпревари на својот тим.

@o.dembele7 famous fkayer BARSELONA

A post shared by Dragana Spasovska (@spasovskadragana) on

Најсвеж таков пример е оној од пред новогодишните празници кога Дембеле уште не беше вратен во тимот по по повредата.

Morning #positivevibes

A post shared by Dragana Spasovska (@spasovskadragana) on

Шпанските медиуми објавија дека тој интензивно се дружел и лудувал со македонската секс-бомба Драгана Спасовска. Станува збор за поранешна манекенка која по татко е Македонка, а по мајка Бугарка. Меѓу другото, ја бие глас дека е магнет за фудбалски ѕвезди.

#vacasionmood? yalla party ❤

A post shared by Dragana Spasovska (@spasovskadragana) on

http://sportclub.mk

После победата над Црна Гора, Филип Миркуловски на Фејсбук го објави победичкото селфи од соблекувалната.

Како што дозноваме, ракометарите во соблекувалната славеле со песната „Налеј, налеј“.

Вечерва од 20.30 часот македонската ракометна репрезентација ја очекува вториот меч на европското првенство во Хрватска од групата Ц каде за противник ќе го има тимот на Црна Гора. Ова ќе биде прв офоцијален меч против Црногорците бидејќи од осамостојувањето на Црна Гора па досега, овие две селекции единствено се среќавале на пријателски натпревари, вкупно шест.

Македонија има четири победи и само еден пораз (на првиот меч во 2013 година), додека еден дуел завршил со нерешен резултат (30:30) во ноември 2015 година.

Црна Гора уште пред почетокот на првенството се сметаше за аутсајдер во групата, а по загубата на вардаровиот бек Вуко Борозан, остана без клучниот играч. Токму затоа Македонија важи за фаворит на оваа средба, а и обложувалниците нудат доста мал коефициент за победа на нашата репрезентација.

Манасков: Не сме велесила и мора да се испотиме за нов триумф

Стрелецот на осум гола на дуелот против Словенија, Дејан Манасков јавно упати апел да се смири непотребната еуфорија и порача дека ќе мора максимално да се потрудат на теренот за да ја совладаат Црна Гора.

– Победивме и се дигна некоја еуфорија, се спомнуваат медали и не знам уште што. Ова е само еден натпревар и мора да сопреме со тие приказни. Утре е нов натпревар и уште ништо не сме направиле. Треба да бидеме сконцентрирани и скромни – да не летаме во облаци. Ние не сме велесила и мора да се испотиме за да ја добиеме Црна Гора, вели Манасков од Хрватска.

Митревски: Црна Гора има одлични бекови

Голманот Никола Митревски кој на саботниот натпревар против Словенија внесе свежина и со одбраните го најави пресвртот, очекува уште подобра игра на „црвено-жолтите“.

– Дуелот со Словенија е веќе зад нас, а пред нас е натпреварот со Црна Гора. Треба да се претставиме во исто такво светло и со Црна Гора, која евидентно не играше најдобро против Германија. Ќе бидат и дополнително мотивирани. Тие се репрезентација со одлични бекови, иако се ослабени бидејќи нема да им игра Борозан. Јасно е дека и ние треба да бидеме подобри од тоа што го одигравме во саботата, вели Митревски.

Црногорскиот селектор:  Македонија игра типичен шпански ракомет

Селекторот на репрезентација на Црна Гора, Драган Ѓукиќ вели дека и покрај тоа што Македонија во овој натпревар важи за фаворит неговите момци не губат надеж.

– Македонците имаат две ударни тупаници – Лазаров и Манасков кои најмногу шутираат и постигнуваат најмногу голови. Но, се се случува на линијата на средниот бек Миркуловски – пивотменот Стоилов. Ако го запрете тоа, може да ја запрете и Македонија. Македонија игра типичен шпански ракомет, сигурно до гол со пивотмен кој е тешко да го чуваш. Често изнудува исклучувања и речиси е незапирлив во игра еден на еден. Од друга страна ако останете „плитко“ да браните, го имате шутот на Лазаров или две одлични крила, така што тоа не е лесно да се реши, вели Ѓукиќ.

Актуелниот македонски, но и европски и СЕХА шампион Вардар прераснува во бренд низ целиот свет. Доказ за тоа е фактот што во далечно Мексико, во градот Монтереj, областа Нуево Леон е формиран ракометен клуб по името РК Вардар МX.

Овој клуб е релативно нов, формиран пред крајот на 2017 година и за почеток е аматерски. Се натпреварува во Втора регионална лига и е составен од ентузиасти.

Просто да не поверуваме, но вистина е. Дојде време и наши клубови да се бренд низ светот. За храбрите Мексиканци и идејата да формират клуб со името на Вардар секоја чест, им посакуваме за неколку години да ја освојата лигата на Мексико.

A post shared by RK Vardar MX (@rkvardarmx) on

Дури и логото на мексиканскиот Вардар е со налик на оргиналното лого на нашиот Вардар, а и дресовите на клубот се „црвено-црните.

Team RK Vardar?⚫? #HandballParaTodos #RKVardarMX #NosVemosEnPrimera

A post shared by RK Vardar MX (@rkvardarmx) on

Филипе Кутињо во текот на вчерашниот ден официјално го потпиша договорот и беше претставен пред јавноста и навивачите на Барселона, додека пак денеска бразилскиот репрезентативец ги запозна новите соиграчи од кои со дел добро се познава.

Тука секако е сонародникот Паулињо, но некако во прв план се истакува Луис Суарез со кого се одлични пријатели од времето кога двајцата го носеа дресот на премиерлигашот Ливерпул.

-Добредојде пријателе. Колку е убаво што повторно сме заедно во иста екипа. Многу успех во новата етапа, сите заедно тоа ќе го постигнеме, -напиша Суарез на Твитер.

Тешки денови за Македонскиот интернационалец Езџан Алиоски по нерешениот резултат без голови меѓу неговиот тим од втората англиска лига Лидс против Нотингем Форест.

Алиоски кој во ноември даде 4 голови по ред на четири меча сега е на мета на навивачите како главна причина за лошите игри на Лидс.

Португалските фудбалски гиганти Бенфика, Спортинг Лисабон и Порто се под обемна истрага по сомневањето дека вршеле притисок во определувањето на судии, соопштија медиумите во земјата Европски првак. Прва цел на Обвинителството бил шампионот Бенфика, а подоцна во скандалот се вметнати и другите два водечки локални клубот.

Властите ја испитуваат сомнителната коресподенција на вработените во трите тимови со судиите. Ако обвиненијата за корупција бидат докажани, клубовите можат да бидат казнети со одземање на бодови, но и со лишување од учество во првенството и купот во период од три години.

“Никој од Бенфика не извршил нешто нелегално. Активностите против тимот можам да ги споредам со грубо нарушување на приватноста на вработените на клубот. Од она што го знам и сум го чул од раководните луѓе во Бенфика, можам да гарантирам дека нема никакви контакти со судии или официјални лица. Нема корупција или трговија со влијание, сигурно”, рече адвокатот на Бенфика, Жоао Кореја.

Во ноември, 2005. година, на Сантиаго Бернабе, Реал Мадрид го дочека големиот ривал Барселона. Натпреварот заврши со победа на гостите од Каталонија со 3:0. Сепак, ова "El Clasico" е познато по тоа што по крајот на натпреварот, целиот стадион стана и му аплаудираше на Роналдињо, кој самиот постигна два гола. Тоа не се случува често...

 

Актуелниот европски шампион Вардар освои најмногу награди во изборот за спортисти на 2017 година што го спроведе Сојузот на спортови на град Скопје.

Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов е избран за најдобар спортист, пред Дејан Георгиевски (Теквондо) и Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање).

Меѓу десетте најдобри уште влегоа: Дејан Недев (традиционално карате), Сара Ристевска (ракомет), Слободан Ивчевски (мотоциклизам), Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам), Берна Шерифовска (џудо) и Дарио Ивановски (атлетика, маратон).

За најдобар странски спортист е прогласен голманот на Вардар, Арпад Штербик.

Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез е најдобар тренер.

РК Вардар е најдобар клуб во машка конкуренција.

ЖРК Вардар е најдобар женски клуб.

За најдобар млад спортист е избран Петар Заборски од Макпетрол, пред Мартин Томовски (ракомет, Металург), Хамза Јашари (џудо, Миоки), Мила Саздовска (традиционално карате, Работнички) и Аид Салихаси (борење, Тефејуз).

Top