Севилја успеа да направи изненадување и да го нокаутира скромниот Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, откако оваа вечер се покажа како тимот кој повеќе ја посакува победата во ситуација кога и двата тима требаше да постигнат барем гол за пласман во четвртфиналето.

Јунајтед играше крајно резервирано и доста плашливо, а тоа знаеја како да го искористат Шпанците кои доминираа со поседот на топката и кои клучната разлика ја направија по влегувањето на Бен Једер. Монтела комплетно ја погоди замената и со својот „џокер“ успеа да го преслуша Јунајтед на гостински терен, па сега сосема заслужено го слави пласманот меѓу најдобрите осум екипи во Европа, нешто што го немаше остварено клубот од Андалузија цели 60 години.

Херојот Бен Једер ги постигна двата гола во периодот од 74-та и 78-та минута (влезе во игра на местото на Муриел во 72-та), а почесниот гол за Јунајтед беше дело на Лукаку за конечни 1:2.

На вториот меч кој се одигра оваа вечер, Рома успеа да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а апостроф на овој успех се става посебно на Џеко кој го постигна голот за 1:0 и кој изнуди црвен картон за гостите во 79-та минута.

31-годишниот Давиде Астори ја потресе фудбалската јавност со ненадејната смрт откако беше пронајден мртов во хотелската соба во Удине.

Денес, кога е закажан погребот за попладневните часови, голем број Италијанци се собраа да го испратат во вечното почивалиште,

Пред Базиликата „Ди Санта Кроче”, може да се забележат голем број соиграчи од италијанската репрезентација, соиграчи од клубовите за кои настапуваше и негови пријатели како Франческо Тоти, Џузепе Роси, Ел Шарави, Џанлуиџи Буфон, Федерико Киеза, Марио Балотели и други.

Астори во својата кариера настапуваше за Рома, Милан и Каљари, а смртта го затекна како капитен на Фиорентина. Воедно играше и за италијанската репрезентација во период од 2011 до 2017 година каде забележа 14 настапи за националниот дрес.

Вардар со ремито против Висла 31:31 ги заврши натпреварите во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Бранителот на титулата ја освои првата позиција во А-групата со 21 бод, пред Барселона и Нант и дирекнто се пласира во четврт-финалето. Покрај Вардар осмина-финалната рунда ќе ја прескокне и најдобриот тим во Б-групата ПСЖ.

Четата на Раул Гонзалес за пласман на завршниот турнир во Келн ќе игра против Пик Сегед или Кил. Унгарците завршија на петтото место во групата во која беше Вардар, а Кил во Б-групата го освои четвртото место.

Осмина-финални двојки во ЛШ:

Монпелје-Барселона

Скјерн-Веспрем

Мешков Брест-Нант

Кристијанштад-Фленсбург

Кјелце-Рајн Некар

Пик Сегед-Кил

Двојки за четврт-финале во ЛШ:

Пик Сегед/Кил-Вардар

Кјелце/Рајн Некар-ПСЖ

Мешков Брест/Нант – Скјерн/Веспрем

Кристијанштад/Фленсбург- Монпелје/Барселона

Четвртфиналните натпревари ќе се играат во периодот од 18. до 22.април, а возвратните натпревари од 25. до 29.април.

Стандардниот термин за одигрување на натпреварите од Лигата на Шампионите од 20.45 ќе биде променет. Од наредната сезона Лигата на шампионите ќе се игра во вторник и среда, но со термини од 18:55 и 21:00 часот со цел да бидат пренесувани поголем број натпревари.

Лига Европа останува да се игра во четврток и ќе биде со истите термини како и во Лигата на шампионите 18:55 и 21:00 часот. Ова правило единствено нема да важи за Русија и Казахстан каде средбите и понатаму ќе започнуваат од 18часот.

Со ова љубителите на фудбалот ќе можат да следат по два преноси во еден ден, наместо досега по еден во терминот од 20.45ч.

Прославениот македоснки кошаркар, а сегашен претседател на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, ја отвори душата и призна дека одбил прилика да заигра со Мајкл Џордан. Во периодот кога играше најдобра кошарка во неговата кариера и кога европските екипи „се тепаа“ за потписот на Пеце, македонскиот кошаркар не сакал да биде само уште едно име во редот во НБА лигата, открил Намуоски во интервју за Баскетбол.мк.

– Тоа беше 1996 година додека настапував за Ефес Пилсен и бев прогласен за најдобар играч во Европа според францускиот весник Л’Екип. Ивица Дукан, тогашен и сегашен скаут за Чикаго Булс за европските простори, мој пријател од времето кога играв во Југопластика, беше во Истанбул и ми понуди директен договор за настап за славната НБА франшиза.

– Сега можам да ги отворам сите карти во однос на финансиските услови, затоа што помина многу време. Понудата беше идентична со онаа што во тоа време ја имаше Стив Кер, тоа беа зборовите на Дукан. Ми понудија 750.000 долари бруто, по сезона.

Целото интервју може да го прочитате тука.

Раул Гонзалез и Сeргеј Кокшаров за првпат ќе се најдат на спрoтивни страни. Шпанецот како селектор на Македонија, додека спортскиот директор на Вардар, како предводник на Русија. 

И официјално македонската репрезентација за време на ЕХФ-неделата (од 2 до 8 април) ќе одигра еден пријателски натпревар и тоа против селекцијата на Русија, која одлучи да дојде на подготовки во Скопје. Оваа соработка беше експресно договорена благодарение на вардарците, Раул Гонзалез и Сергеј Кокшаров, кои за првпат ќе се најдат на спротивните страни. Шпанецот како селектор на Македонија, додека спортскиот директор на „црвено-црните“ како предводник на Русија.

„Имавме кус состанок со селекторот Гонзалез за да ја дефинираме програмата за ЕХФ неделата, која е малку специфична со оглед на тоа дека е за време на големиот христијански празник Велигден, од 2 до 8 април.

Веќе е познато дека Русија доаѓа на подготовки во Скопје и договорено е двете репрезентации да одиграат еден пријателски натпревар, кој најверојатно ќе биде од затворен тип, барем таква е првичната идеја и желба на двајцата селектори", не информираше директорот на репрезентацијата, Милчо Чакарески.

За Македонија ЕХФ неделата е одлична можност да го задржат континуитетот на работа во пресрет на јунскиот бараж за Светското првенство 2019, во кој ќе играме против Романија.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун даде дозвола за трансфер на корејската мега ѕвезда Хан Кван Сон во Јувентус.

Деветнаесет годишниот напаѓач на Каљари е баран од Тотенхем и Ливерпул, но Ким Џонг-ун му препорачал да продолжи да игра во Италија, објавија локалните медиуми.

Според законите на Северна Кореја, секој граѓанин кој работи во странство е должен да плаќа даноци на неговиот приход и во неговата матична земја.

Вардар е најдобро рангиран клуб од сите македонски тимови според УЕФА. Нашата екипа се најде на 201 позиција на ранкингот на УЕФА, што е резултат на успешните настапи на „црвено-црните“ во Европа минатата есен.

Со овој пласман, „црвено-црните“ се пред сите останати македонски екипи кои се најдоа на ранкингот, и кои ја претставуваа Македонија во европските Купови во изминатите години. 

Благодарение на учеството во групната фаза од Лигата на Европа, Вардар направи скок од 54 места за разлика од сезоната 2016/2017 во која што беше како 255 пласиран тим. 

Баерн Минхен беше еден од првите европски клубови кои одлучија стариот да го заменат со комплетно нов и модернизиран стадион, а ако прекрасното здание на „Алијанц арена“ веќе не е никаква новост за светската спортска јавност, фудбалскиот гигант од Германија сега се погрижи со една иновација да го направи својот стадион уникатен и поразличен од сите останати.

Германскиот шампион објави дека потпиша ексклузивен договор со познатиот ланец на хотели „Мериот“, според кој „Алијанц арена“ ќе биде надополнета со луксузни ВИП соби во кои најценетите и најпрестижните гости ќе имаат можност да ги гледаат натпреварите во најдобра можна положба.

Вградените соби на „Алијанц арена“ е предивдено да бидат од највисока класа и со најголема удобност, па така отсега, сите среќници кои ќе можат да си го дозволат ова задоволство ќе можат да ги гледаат натпреварите на Баерн Минхен во живо од кревет.

 

Ракометарите на Вардар ќе се обидат и оваа сезона да направат „чудо“ и да ја одбранат титулата во Лигата на шампионите, нешто што досега на ниту еден тим не му успеало од рака.

Секако, на РК Вардар во прилог му одат и резултатите, но и местото, градот Келн кое беше потврдено од ЕХФ како домаќин на јубилејното 10. издание на Фајнл-форот од Лигата на шампионите.

Договорот на ЕХФ со градот Келн и „Ланксес Арена“ која собира 20 илјади гледачи, го потпишаа во 2010 година со важност до 2020 година, а со клаузула локацијата секогаш да биде потврдена кон средината на сезоната, само во случај ако ЕХФ смета да биде променета локацијата.

Но, по се изгледа ЕХФ е задоволна од организаторот и натпреварите од фајнл-форот ќе се одржат на 26 и 27 мај во Ланксес Арената, а останува на ракометарите на Вардар сонот повторно да го претворат во јаве и да ги израдуваат уште еднаш своите навивачи и цела Македонија.

Top