14-годишниот Никола Секулов по неколкумесечната проба потпиша четиригодишен договор со младинските категории на Јувентус.

Тој досега настапуваше за Парма и Пјаченца и поради правилата во италијанскиот фудбал не можеше да премине во Јувентус, затоа што немаше полни 15 години и беше со легитимација на матична Про Пјаченца.

Младото македонско момче кое подолго време е во Италија е прв Македонец кој потпишал било каков договор со најтрофејниот италијански клуб. 

Италијанскиот гигант, Милан и наредната сезона ќе ја започне со нов тренер со тоа што овој пат честа му е дадена на Винченцо Монтела.

Монтела е дел од новата генерација на италијански тренери и од него се очекува многу на „Сан Сиро“. Раководните луѓе на овој клуб се надеваат дека популарното „авионче“ ќе ги врати „росонерите“ на победнички патеки.

-Почнуваме од почеток со Монтела. Има причина за задоволство, сметаме дека сме направиме вистински избор. Се надеваме се ќе оди како што треба. Од каде идеата за Монтела? Не паметам, немам јадено цел ден, -истакна глваниот човек за операции во Милан, Адријано Галијани.

Инаку Монтела со составот од Милано потпиша двегодишен договор. Тој воедно е четврти тренер на Милан по заминувањето на Масимилијано Алгери во 2014 година. Претходно шанса добија Кларенс Сидорф, Филипо Инзаги, Синиша Михајловиќ и Кристијан Броки.

Најпознатиот таблоид на островот, „Дејли мејл“, откри дека не било сѐ така розово во гардеробата на фудбалската репрезентација на Англија.

Единствената причина за зголемената тензија пред осминафиналниот дуел против селекцијата на Исланд е конфликтот меѓу капитенот на гордиот Албион, Вејн Руни, и бомбардерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Лестер, Џејми Варди.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед потенцирал дека сите репрезентативци имаат потреба од апсолутен мир пред следниот натпревар на ЕП во Франција, а потребниот мир не е постигнат поради однесувањето на сопругата на Варди, Ребека Беки Николсон.

Англискиот таблоид откри дека Руни веќе имал непријатен разговор со Варди, за време на кој го информирал дека не му се допаѓа тоа што Беки се појавува секаде каде што се останатите репрезентативци и сето тоа го прави за лична промоција.

Понежната половина на Варди постојано постира слики на социјалните мрежи. Истересно е тоа што истото, но за време на Мундијалот во Германија 2006 година, го правеше сопругата на Вејн Руни, Колин и понежната половина на Дејвид Бекам, Викторија.

– Имаме реални шанси да направиме нешто големо на Европското првенство во Франција. Многу сме блиску до посакуваниот успех и затоа имаме потреба од апсолутен мир – изјави Руни.

За време на првиот Futures турнир кој се одржа во ТК “Теннис Парк” при Спортскиот Центар Јане Сандански, имавме можност да проследиме одлични натпревари со извонредни тенисери.

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со неговиот партнер, Александар Лазов се победници во конкуренција на двојки на првиот од тритe Futures турнири, во организација на Теннис Парк. Јотовски и Лазов во финалето беа подобри од Данило Петровиќ и Немања Периќ.

Данило Петровиќ, кој воедно беше и прв носител на турнирот, го освои трофејот иако му требаа повеќе среќа и труд за да го достигне првото место. Неговиот противник, французинот Мулер имаше дури две меч топки кои не ги искористи и не успеа да заврши како победник. Петровиќ го совлада својот противник во три сета, од кои последниот во tie-break со резултат 8-6 за српскиот тенисер.

Британците вчера гласаа за напуштање на Европската Унија, па многумина се прашуваат како ова ќе влијае на најсилната светска фудбалска лига – Премиерлигата. Сите клубови од Премиерлигата беа за останување на Велика Британија во Европската Унија и советуваа луѓето на референдумот да кажат НЕ за излегување од ЕУ.

Сепак, Британците вчера гласаа за напуштање на Европската Унија, а сега прашањето е кои ќе бидат последиците од овој исход над англискиот фудбал.

Медиумите на Островот пишуваат за два клучни моменти, работните визи и падот на вредноста на фунтата што во основа ќе ги направи играчите надвор од Британија поскапи. Голем број на фудбалери добија работна дозвола бидеќи поседуваат пасош од ЕУ, но сега ќе треба да бараат виза како и останатите, а критериумите во Британија се прилично строги.

Се говори дека околу 108 фудбалери од Премиерлигата во моментов не ги исполнуваат условите, а помеѓу нив се играчи како Хектор Бељерин, Лоран Косјелни, Курт Зума, Нголо Канте, Емре Џан, Симон Мињоле, Антони Марсијал, Давид Де Геа и Димитри Паје. Светла страна е тоа што сите сегашни договори ќе бидат испочитувани и системот за работни дозволи ќе се реформира во следните две години.

Покрај работните дозволи, проблем може да биде и девалвација на фунтата.

Несигурноста за тоа како ќе се одвива трговската размена помеѓу Велика Британија и ЕУ сигурно ќе предизвика пад на фунтата со што фудбалерите од странство ќе станат поскапи за клубовите од Премиерлигата.

Како што стојат денеска работите доколку некој клуб од „Островото“ сака да го купи Пол Погба од Јувентус и „Старата Дама“ бара 160 милиони евра за својата ѕвезда, клубовите од Англија ќе треба да одвојат 129,4 милиони фунти.

Но со паѓање на фунтата, клубовите ќе бидат приморани да одвојат уште неколку десетици милиони.

Исто така можно е да се зголеми и сметката за плати, доколку во договорите на играчите е напишано нивните примања да се исплаќаат во евра наместо во фунти.

Вчера, на терените на ТК „Тенис Парк – Скопје“ а во рамки на првиот од трите фјучрс турнири, можевме да ја проследиме играта на македонски тенисери дома. Томислв Јотовски, Горазд Србљак, и Бесир Дургути,  го имаа својот настап во првото коло но за жал беа послаби од своите противници.

По подолго време на тениските терени се врати најуспешната македонска двојка, која во минатото и го донесе најголемиот успех на македонската Дејвис куп репрезентација. Предраг Русевски и Лазар Магдинчев, преку Wild карта, добија право да се натпреваруваат во парови, за одново да се потсетиме на убавите времиња за мак тенисот. Вчера тие покажаа одлична игра и триумфираа со 6-4 6-7(4) [10-6]против  Петар Цонкиќ од Србија и Кристиан Хиршмулер од Германија.

Денеска по 16 часот играат Кристијан Месарош од Хрватска и Кристофер О’Конел од Австралија. По нив, повторно ќе ги гледаме нашите тенисери. Лазар Магдинчев и Предраг Русевски настапуваат во четвртфиналето против својот сонародник Томислав Јотовски и Александар Лазов од Бугарија. 

Дојдете во ТК „Тенис Парк – Скопје“, заедно да гледаме добар тенис.

Еден навивач на фудбалската репрезентација на Албанија, успеал во намерата да внесе пиротехнички факел на стадионот во Марсеј, откако истиот го сокрил во аналниот отвор, пренесуваат швајцарските и француските медиуми.

Швајцарскиот сајт “Blick.ch”, откри дека еден 18-годишен Французин со албанско потекло успеал да внесе пиротехнички факел во фан-зоната во Марсеј за време на вториот натпревар од второто коло во групата А.

Истиот медиум потенцира дека на стадионот и околу него, имало големо обезбедување, но овој Албанец успеал да го сокрие факелот во гаќите или поточно во аналниот отвор. Само за информација, пиротехничкиот факел бил долг 18 см и широк 4 см.

Албанецот го запалил факелот, но потоа настанал вистински хаос на трибините затоа што повредил неколку лица. Веднаш по брзата интервенција на полицијата, Албанецот бил уапсен и предаден на тужителите во Марсеј. Инаку, дуелот помеѓу селекциите на Франција и Албанија заврши со среќен триумф на “Галските петли” од 2:0.

Долгоочекуваниот TennisEurope U16 конечно започна на терените на TK"Теннис Парк"-Скопје при Спортскиот Центар Јане Сандански. Голема чест и задоволство ни е што најдобрите европски јуниори се на едно место, и можеме да ги проследиме натпреварите на нашите терени. Натпреварите поминуваат во најдобар ред, има одлични услови за игра и во вечерните часови. 

Ги покануваме сите љубители на тенисот да дојдат и да ги проследат натпреварите од Tennis Europe U16 во ТК"Теннис Парк", а потоа повелете на пријатна атмосфера во нашиот кафе-бар.

Ви го претставиме Димитар Лабудовиќ, тренер од тенискиот клуб Теннис Парк-Скопје, при С.Ц. Јане Сандански. Прочитајте како Димитар ја одржува својата форма, како е да се тренира во Т.К. Теннис Парк и кои турнири следуваат во клубот.

Колку време се занимавате со тенис? Како започнавте?
Со тенис почнав да се занимавам сосема случајно. Со мојот родител бев на терените на еден наш поранешен тениски клуб каде што ме забележа тренерот кој работеше во клубот. Ме повика да почнам да доаѓам на нивните тренинзи и така започнав да тренирам тенис и еве, веќе 21 година како сум дел од овој спорт, а веќе 6 години сум тренер.

Дали сте се занимавале со некој друг спорт некогаш?
Да, кратко време до 2 одделени во основно училиште тренирав кошарка, но никогаш не ме влечеше колку тенисот сега.

Како се одвива еден ваш ден?
Секој ден ми е организиран во зависност од бројот на тренинзи кои ги имам тој ден. Доколку имам тренинг од сабајле започнувам во 9-10 часот. По тренинзите задолжително следува краток одмор и ручек  или доколку имам поголема пауза одам на кафе или цеден портокал во кафе-бар “Теннис Парк” при Спортскиот Центар Јане Сандански. Попладне повторно имам тренинзи и вечерта издвојувам време да се видам со најблиските или со пријателите. Кога немам тренинзи наутро практикувам да одам да вежбам во фитнес центаротCybex во Спортскиот Центар Јане Сандански, бидејќи и ние тренерите мораме да ја одржуваме својата форма.

Со кого е позабавно да се работи, со малите или возрасните тенисери?

Секој тренинг е посебен предизвик без разлика за која годишна возраст се работи. Со помалите нашата цел е најпрво да го засакаат тенисот и да створат навика дека треба да доаѓаат на тренинзи. Така од најмали нозе добиваат еден вид на одговорност и дисциплина. Преку разни игри и забавни тренизни ги учат основите на тенисот. Со постарите е веќе разчично. Сите имаат сопствена програма по која ги работиме тренинзите и целта со нив покрај усовршувањето на техниката и тактиката во тенисот, се трудиме да се направат и одредени резултати како на домашните така и на меѓународните турнири во нивните категории.

IMG 0487

Како е да се биде тренер во Т.К.Теннис Парк?
Да се биде дел од Теннис-Парк и  С.Ц. Јане Сандански генерално е прекрасно чувство. Јас сум дел од оваа приказна од самиот почеток и се трудиме од ден на ден да бидеме подобри и поуспешни. Имаме прекрасен тим кој функционира одлично. Условите во клубот се најдобри во нашава земја дефинитивно. Имаме 4 отворени земјени терени кои во секој дел од годината се во одлична состојба. Додека голем број на клубови во нашата држава имаат голем проблем во зимскиот период, ние имаме балон кој е чист и одлично затоплен  во текот на целата зима. Нашите играчи од јуниори до сениори го имаат на располагање и фитнес центарот каде што се одржуваат кондиционите тренинзи, но и сите останати услуги кои ги нуди С.Ц. Јане Сандански.

Што е следно во Теннис парк?
На нашиот клуб му следува можеби најубавиот дел од годината кога се турнирите во прашање. Почнуваме на 13јуни кога нашиот клуб е домаќин на турнир за јуниори до 16 години од календарот на европската тениска асоцијација. По него од 20 јуни до 10 јули за прв пат во Република Македонија после 8 години се организираат 3 професионални турнири за мажи кои се бодуваат за АТП ранк листата. Тоа е одлична шанса за нашите играчи да освојат нови бодови кои ке им помогнат за искачување на АТП ранк листата. Покрај овие турнири до крајот на летото имаме и одреден број јуниорски турнири кои се дел од календарот на Македонската тениска федерација.

Што го прави ТК Теннис Парк поразличен од другите?
Теннис Парке клуб кој има млади тренери кои ја сакаат својата работа, кои сакаат да го пренесат своето искуство на играчите и кои секогаш ќе ги видите во убаво расположение. Атмосферата во клубот е прекрасна и сите сме како едно големо семејство. Дечките кои се задолжени за терените, вработените во кафе-барот, ние тренерите сите се надополнуваме и функционираме како едно. Тоа заедно со условите кои ги имаме го прави клубот посебен и одлично место за работење.

Што им препорачуваш на сите?

Секој кој има желба за тренирање, за рекреативно играње тенис е добредојден во нашиот клуб. Годишната возраст не треба да биде пречка за да се дојде и да се направат првите чекори во тенисот, а секако тоа е и добро за здравјето. За децата тенисот е спорт со кој се развива целото тело. Се развиваат координацијата, балансот, моторичките способности. Голем број луѓе веќе се дел од нашиот клуб бидете и Вие. 

Top