Лионел Меси може сепак да ги напушти Барселона и Шпанија. Тоа го потврдија некои од водечките спортски медиуми во оваа земја.

Аргентинец е разочаран од пресудата на каталонскиот суд од кој доби 21 месец условна казна, а ќе мора и да плати 3.5 милиони евра глоба.

Сепак, многумина не веруваат дека Меси некогаш ќе го напушти Ноу Камп, но информациите кои стигнуваат од Шпанија и не се оптимистични.

Имено, најдобриот фудбалер на светот одби да го продолжи договорот со Каталонците, а развојот на ситуацијата ја следат ПСЖ, Челси и манчестерските тимови.

Токму овие клубови можат да го доведат одличниот Аргентинец и да му ги зголемат паричните примања.

Утре од 17:30 до 18:30 часот во Скопје Сити Мол Ве каниме на дружење со нашите фудбалери кои се подготвуваат за натпреварот со Динамо Загреб а кој ќе се игра на „Филип Втори“ во Скопје во 20:45 на 12 јули. Сите посетители ќе можат оваа ретка можност да ја искористат за да се сликаат, да земат автограм и да се дружат со нашите ѕвезди.

Ве потсетуваме и за неверојатната акција на фан шоп-от на клубот подготвена за страстните навивачи на Вардар - маица за 399 денари, дрес за 1.299 денари, а во комбинација со шал дресот ќе биде Ваш по цена од 1.499 денари. Акцијата важи за оние кои ќе приложат билет за натпреварот Вардар - Динамо Загреб. Инаку од денеска, билетите се по цена од 200 денари и можат да се најдат во продажната мрежа на Тикет Плус, онлајн на ticketplus.mk, како и на продажнит штанд во Скопје Сити Мол секој ден од 10 до 22 часот.

Да се дружиме со Вардарци утре во Скопје Сити Мол и да им бидеме поддршка во нивниот стремеж за Лигата на шампионите.

Воедно, апелираме на воздржаност од неспортско навивање, користење пиротехнички средства, неспортски транспаренти, секакво насилство и уфрлување предмети на терен. Единствено со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот тим и уживање во неговите настапи.

Еден живот, една љубов!

Безмалку една деценија скопјани немале прилика да следат тениски турнир во својот град. Тенисот е се повеќе интересен и привлечен за граѓаните, па освен на телезивија, скопјани овој пат имаат можност да следат добри натпревари на тениските терени во комплексот “Јане Сандански“. Од 20 јуни па до 10 јули се одржуват три професионални „IFT Mens Circuit – Futures“ тениски турнири за мажи на земјена подлога, кои се наменети за професионални играчи и на кој се освојуваат поени кои се бодуваат на АТП листа, наградниот фонд за секој од нив изнесува 10.000 долари, па оттаму и привлечноста за натпреварите кои се играат. Менаџментот на комплексот “Јане Сандански“ и менаџерот на тенис клубот “Тенис Парк – Скопје“ се задоволни што конечно после толку години скопјани имаат можност во својот град  да следат добар тенис кои го нудат врвни тениски имиња кои учествуваат на турнирите.

-Конечно во Македонија, на мое огромно задоволство токму на нашите терени во “Тенис Парк – Скопје“ граѓаните имаат можност да следат квалитетен тенис. Среќни сме што врвни светски имиња се дојдени на овие турнири, секако за нив е значајно тоа што овие турнири им овозможуваат да освојуваат АТП поени, а наша е привилегијата да бидеме домаќини на овие три турнири и секако ова да биде поттик за македонските тенисери на домашен терен да освојат АТП поени, вели манаџерот на Тенис Парк – Скопје, Цветан Војчевски. Тој понатаму објаснува дека за да се добие лиценцата потребно е да се задоволат одредени критериуми, а задоволството е уште поголемо што токму нивните терени се единствени во Македонија што ги исполнуваат професионалните стандарди, а само доколку се исполнат критериумите на интернационалната тениска федерација можат да се организираат вакви тениски турнири.

-Ние сме единствениот клуб во Македонија кој ги исполнува светските стандарди, односно нашите четири тениски игралишта ги задоволуваат критериумите на светската тениска федерација, па во корелација со македонската тенисерска асоцијација испративме апликација до интернационалната тениска федерација со надеж дека апликацијата ке биде одобрена. Дека критериумите за задоволени за сите четири тениски игралишта,  добивме и потврда од супервизорот, кој беше испратен да ги провери тениските игралиште и се она што е потребно за да се одржат овие турнири, објаснува Војчински.

Потврда за привлечноста на турнирите е и бројката на пријавени тенисери, која била повеќе од 500 пријавени тенисери, од кои 48 стигнале во квалификации, а за главните турнири останале 32 тенисери. На турнирите има тенисери од Австрија, Јапонија, Холандија, Данска, Аргентина, Бугарија, Србија, Романија, Италија, Франција,Хрватска итн.

Дали сте подготвени да бидеме дванаесетиот играч во таборот на Вардар против Динамо Загреб? Натпреварот се игра на 12 јули во 20:45 на Арената Филип Втори. Да му помогнеме на нашиот шампион да го добие овој меч. Да им бидеме инспирација на навивачите да дадат сè од себе на теренот. Да ја споделиме 90-минутната еуфорија со нашите херои, да ги поддржиме и да им испратиме позитивна енергија од трибините.

Во поддршката на Вардарци се приклучува и фан шоп-от на клубот со неверојатна акција за верните навивачи и симпатизери на Вардар. Обезбедете маица за 399 денари, дрес за 1.299 денари, а во комбинација со шал дресот ќе биде Ваш по цена од 1.499 денари. Акцијата важи за оние кои ќе приложат билет за натпреварот Вардар - Динамо Загреб. За Вас кои сè уште немате влезница, побрзајте и набавете ја по промотивна цена од 100 денари до 6 јули во продажната мрежа на Тикет Плус, онлајн на www.ticketplus.mk, на штандот во Скопје Сити Мол на кој покрај билети можете да ја купите и фан опремата по специјални цени, како и на билетарницата на Арената Филип Втори секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот. Од 7-ми јули билетите ќе чинат 200 денари.

Да ја обоиме Арената Филип Втори во црвено-црна на 12 јули во 20:45.

Еден живот, една љубов!

Хрватските фудбалери беа разочарани од раната елиминација на ЕП во Франција, а нивните игри делумно ги неутрализираа и жестоките критики на хулиганите кои направија инцидент на дуелот со Чешка.

Иако таквите испади не беа повторени на следните натпревари, последниот инцидент повторно предизвика многу реакции пред се во Хрватска, а жртви биле Иван Ракитиќ и неговото најблиско семејство.

Фудбалерот на Барселона бил на одмор во местото Угљан на истоимениот хрватски остров кога непознати лица ја каменувале вилата во која престојувал со семејството, при што биле искршени прозорците и вратите. Според локалните жители, половина час подоцна хрватскиот репрезентативец и неговите најблиски го напуштиле островот, а полицијата се обидува да ги најде сторителите на хулиганскиот напад.

Златан Ибрахимовиќ ова утро доби крајно интересен и нереален предлог од Марко Верати за тоа каде да ја продолжи кариерата, а тоа како само да го натера конечно да и открие на јавноста каде ќе настапува во новата натпреварувачка сезона.

Шведскиот напаѓач го искористи својот официјален Инстаграм профил за да го соопшти името на својот нов клуб, а како што можеше да се очекува, Ибра донел конечна одлука да му се приклучи на Манчестер Јунајтед каде одново ќе соработува со Жозе Мурињо.

– Време е светот да дознае. Мојата нова дестинација е Манчестер Јунајтед, – напиша Ибракадабра на својот Инстаграм профил и конечно стави крај на сите шпекулации поврзани околу неговото име.

Time to let the world know. My next destination is @manchesterunited #iamcoming

A photo posted by IAmZlatan (@iamzlatanibrahimovic) on

Македонскиот вицешампион, екипата на Шкендија оствари одличен резултат против Краковија на првиот меч од воведното коло во Лига Европа.

„Црвено-црните“ од Тетово на вечерашниот меч на националната арена „Филип Втори“ во Скопје не примија гол, а притоа на два пати ја тресеа мрежата на гостите од Полска. Прво тоа го направи Бесарт Ибраими во 41 минута, додека конечните 2:0 ги постави  Стенио Жуниор во 68 минута.

Инаку Шкендија на оваа средба беше поквалитетен ривал, упати пет шута повеќе од противникот (12/7) и изведе четири корнери повеќе (7/3).

Клубот од Тетово е единствениот од македонските преставници што оствари победа не првите средби во ЛЕ. Денеска Силекс доживеа пораз на гостувањето кај Вадуц со 3:1, додека во вторникот Работнички ремизираше со Будуќност (1:1)

Турција е бесна, а целата фудбалска јавност е изненадена и разочарана откако УЕФА го одби предлогот пред вечерашниот натпревар меѓу Полска и Португалија со една минута молк да им се оддаде почит на жртвите што настрадаа во терористичниот напад во Истанбул, кој се случи завчера.

Причината поради која е одбиено барањето УЕФА, едноставно, го потенцираше – терористичките напади во Истанбул не се поврзани со фудбалот или со некој клуб за да биде одобрено барањето.

Од таму изјавиле дека такви почести се одржуваат кога нападот е поврзан со фудбалот, земјата домаќин или со држава, чијашто репрезентација е на Европското првенство.

Многумина ја исмејаа оваа одлука и искажаа револт на социјалните мрежи, а некои го оценија потегот како крајно расистички. За разлика од нив, Англичаните решиле да запалат илјада црвени ламбички над Вембли како поддршка за Турција.

Новиот спортски директор на Вардар кој ќе биде задолжен за нашите две сениорски екипи, поранешниот олимписки и светски првак, и освојувач на лигата на шампионите, Едуард Кокшаров од 1 август ќе ги „засили“ редовите на македонскиот првак. Со своето искуство очекуваме да донесе нов квалитет во нашите тимови.

Како што Вардар во него гледа „свежа сила“, така и тој, во работата со „црвено-црните“ очекува нов предизвик во неговата кариера. Доаѓа од Краснодар каде имаше одговорност во раководењето на женската екипа на Краснодар, на машкиот СКИФ, а таму беше тренер.

„Ова нема да биде напозната работа за мене. И досега извршував вакви функции. Само сега одговорноста ќе биде поголема, зашто Вардар е одличен клуб, организиран, со големи амбиции и цели кои треба да се реализираат. Знам дека доаѓам во клуб каде има одлична организација, со одлични навивачи. Вардар е една ракометна икона на Македонија, вели Едуард Кокшаров.

Во својата спортска биографија Кокшаров има настапувано за екипите на СКИФ Краснодар, Пивоварна Целје (Словенија) и Чеховски Медведи. Со екипата на Целје Пивоварна стана европски првак во ЛШ во 2004 година, а деветпати и првак на Словенија во периодот од 1999 до 2008 година.

На репрезентативен план најголемите успеси со репрезентацијата на Русија му се златниот медал на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година, и бронзата во Атина 2004 година. Како дел од СП 1997 година го освојува златнот медал со Русија, а беше светски вице првак 1999 година европски во 2000. Четирипати беше дел од Ол стар тимот на СП во 2001, 2003, 2005 и 2007. Беше најдобар стрелец на СП 2001 со 61 гол, а е дел од семејството „1000 гола" за Русија постигнат на ЕП 2008 година.

Како дојде до соработката со Вардар?

„Разговаравме со Сергеј Самсоненко, сопственикот на Вардар и тој ми предложи да дојдам во Скопје и да работиме заедно. Јас многу размислував бидејќи сакав нешто да направам во Русија, но сега имам нов предизвик. Знам дека Вардар е супер клуб и сакам да помогнам, да се вложам целосно во овој проект и да ги искористиме моето искуство и знаење. Очекувам напорна работа, но подготвен сум за секој предизвик“.

Има доста ваши сонародници кои играа или пак играат се уште во Вардар, и пријатели и поранешни колеги, од кои сигурно добивте доста информации за Вардар, за екипата, условите, амбициите?

„Знам доста од играчите кои сега се во Вардар, и не само оние што се од Русија. Со некои од нив играв заедно, како што се Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен. Тие ми кажаа доста работи. Јас и претходно имав информации за Вардар, затоа што често доаѓав во Скопје на некои натпревари од лигата на шампионите. Сите тие информации само ја заокружија убавата приказна за Вардар кој и јас ја знаев.

Како спортски директор ќе бидете задолжени и за машката и за женска екипа. Што е поголем предизвик за вас, работата со мажи или со жени?

„Никогаш не ги делев играчите на машки и женски дури и кога работев во Краснодар. Секогаш сакав да работам најдобро во интерес на сите, на клубот и на играчите. Така ќе биде и овојпат. Заедно ќе се обидеме да работиме во интерес на клубот и остварување на заедничките интереси“.

Зад себе имате големо играчко искуство, и доста освоени трофеи. Сега би требало тоа искуство да го пренесете и во Вардар. Колку сте запознаени со амбициите на Вардар и што очекувате од вашиот ангажман тука?

„За мене ова е исто така нов и голем предизвик. Бев како играч европски првак, имам освоено и светска титула и олимписка. Би сакал сега и во една нова функција да бидам подеднакво успешен. И не само јас, бидејќи ракометот е тимски спорт, туку колективот да биде победник. Сите заедно во клубот ќе дадеме се од себе да му помогнеме на Вардар да ги постигне целите, па и мажите и жените да бидат европски прваци. Знам дека само со работа, и тоа многу работа се стигнува до резултати, па и до титули. Прво би сакал да дојдам во Скопје и да почнам да работам. Тоа со нетрпение го очекувам, вели Кокшаров.

Подготовките за сезоната 2016/2017 Вардар ќе ги почне на 27 јули. За тогаш е закажан првиот собир во „Јане Сандански“, а набргу потоа нашата екипа ќе замине на подготовки во Крањска Гора.

Престојот во словенечкиот тренинг-центар е планиран од 1 до 12 август, период во кој веќе се закажани две пријателски средби со екипата на Горење. Натпреварите на 6 и 10 август ќе бидат првите тестови на екипата во пресрет на бурната сезона.

Градењето на формата ќе ја продолжиме во Белорусија, каде што домаќин ќе ни биде тимот на Мешков. Во Брест ќе бидеме од 18 до 22 август, каде што ќе одиграме силен подготвителен турнир против домаќинот, Висла Плоцк и против француски Сесон Рен.

Почнуваме со Французите на 19 август, наредниот ден играме со Висла, а на 21 против Мешков Брест. На 22 август екипата се враќа во Скопје.

14-годишниот Никола Секулов по неколкумесечната проба потпиша четиригодишен договор со младинските категории на Јувентус.

Тој досега настапуваше за Парма и Пјаченца и поради правилата во италијанскиот фудбал не можеше да премине во Јувентус, затоа што немаше полни 15 години и беше со легитимација на матична Про Пјаченца.

Младото македонско момче кое подолго време е во Италија е прв Македонец кој потпишал било каков договор со најтрофејниот италијански клуб. 

Top