(0 гласови)

Македонскиот репрезентативец и член на турски Фенербахче, Елиф Елмас е чекор поблиску од остварување на трансферот во Серија А.

Како што пишуваат медиумите во Италија, од Наполи веќе ги започнале преговорите со претставниците на нашиот фудбалер и истите течеле во позитивна насока.

„Скај Италија“ пишува дека преговорите треба да продолжат во текот на денешниот ден и многу скоро се очекува да се постигне и конечен договор.

19 годишниот Елмас е една од приоритетните трансфер цели на спортскиот директор на Наполи, Кристијано Гинтоли за овој преоден рок.

(0 гласови)

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски веќе подлого време се поврзува со трансфер во повеќе клубови од Серија А, а по проблемите во кои западна Палермо кој е пред банкрот, повеќе од извесно е дека тој летово ќе ја промени средината.

Во шпекулациите поврзани за него се споменуваа екипите на Фиорентина и Џенова, но по се изгледа популарниот Несторгол кариерата ќе ја продолжи во Удинезе, јавува „Спорт Италија“.

Според информациите на овој медиум, трансферот е пред реализација и се очекува официјална потврда во наредните неколку денови.

(0 гласови)

Составот на Вардар за новата сезона ќе биде засилен со доаѓањето на бразилскиот интернационалец Хозе Гиљермо Де Толедо (25). Тој потпиша двегодишен договор со европскиот првак Вардар, а игра на позицијата десен бек.

Роден во Сао Паоло, висок 193 см и тежок 100 кг. Толедо треба да му биде колега на Даинис Криштопанс на десната бековска страна. Толедо е репрезентативец на Бразил, и има освоени златен (216) и сребрен (2018) медал од Пан Американските игри. Играше и на СП 2015 година во Катар.

Толедо е вториот Бразилец во клупската историја што ќе настапува во дресот на Вардар.

„ Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме уште подобра бековска линија во Вардар. Бразилецот низ своите настапи претходните години покажа дека може да биде корисен во секој тим. Неговата младост и пред се напаѓачки и одбранбени способности секако ќе бидат добредојдени. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата што ќе му биде укажана, и да покаже дека и ние и тој направил одличен избор со доаѓањето во Скопје, изјави Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар.

Толедо има искутво во играње во европските купови од 2014 година кога потпиша за шпански Гранољерс. По една не цела сезона се сели во Висла Плоцк во Полска каде останува до крајот на сезоната 2018/2019.
Последниве две сезони како член на Висла, бразилскиот ракометар постигна по 41 гол. Со тимот на Висла играше во осмина-финалето на ЛШ. На тие дуели со ПИК Сегед постигна вкупно 7 гола. Најмногу постигна против фински Кокс (8) и против Адемар Леон (7).

Вардар во пресрет на новата сезона се засили со голманот Артурс Кугис, Сергеј Горпишин, Димитар Димитриоски, Павел Атман и тренерот Давид Писонеро. Договорите со клубот ги продолжија и Сташ Скубе и Калифа Гедбан.

Подготовките за новата сезона треба да почнат на 24 јули во Скопје.

(0 гласови)

Вардар непосредно пред тргнувањето за Келн ги промовираше новите дресови, кои им донесоа среќа на ракометарите на македонскиот првак. Нормално е што по европската круна фан-шопот на „вардарци“ беше преполн со фанови, па од таборот на „црвено-црните“ утрово се пофалија дека сите залихи од новите дресови се експресно распродадени.

Секој сака да биде шампион во нешто, а ако веќе не може, барем да има шампионски дрес. „Црвено-црната“ треска дефинитивно ќе продолжи и во наредниот период…

malasoldout

(0 гласови)

Пред неколку денови како гром од ведро небо одекна веста дека Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Интер откако италијанскиот тим се согласил да плати 11 милиони евра за неговите услуги.

Сепак, утрово од извори блиски до Фенербахче, еден од најугледните турски медиуми „Фанатик“ пренесе информација дека за нашиот Елмас до крај ќе притиска и шпанскиот Атлетико Мадрид.

Медиумот имено пишува дека Чоло Симеоне е подготвен да плати 14 милиони евра  за да го обезбеди трансферот на 19 годишниот фудбалер.

Атлетико Мадрид ќе претрпи значителна реконструкција следната сезона, а Симеоне наредил Елмас да биде еден од играчите кои ќе го засилат средниот ред на тимот. „Фанатик“ пишува дека трансферот е многу блиску до реализација затоа што наводно и Фенер се согласил на оштета од 14 милиони евра.

(0 гласови)

По големиот успех и фантастичниот пречек на скопскиот плоштад, на својот Фејсбук профил се огласи капитенот на ракометарите на Вардар, Стојанче Стоилов.

“За сите вас кои вчера чекавте, чекавте и не дочекавте да ја прославивме втората ЕХФ Цхампионс Леагуе титула!

За ова чудо од клуб РК Вардар!

За Саздо и Комити Скопје кои никогаш не не оставија и до крај веруваа во нас!

За цел Балкан, за Македонија, за Скопје и за сите македонски градови и села!

За сите вас!

Од срце ви благодарам, без вас сево ова немаше да биде возможно!

ЕднаЉубовЕденЖивот

ОдимеНаТретаТитула, напиша на Фејсбук Стојанче Стоилов.

(0 гласови)

Успехот од Келн на новиот европски ракометен првак Вардар му носи најмалку 1.5 милион евра во клупската каса. Тоа се пари што ќе ги добие како награда од дражавата и Европската ракометна федерација (ЕХФ), а допрва треба да ги заработи парите од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ).

Вардар со победата во финалето обезбеди учество на Супер Глоуб 2019, првиот турнир од оваа серија што нема да се игра во Катар туку во С. Арабија. Таму наградниот фонд е од 150.000 долари за трето, 250.000 за пласман во финале и 400.000 за победа во финалето.

635.000 евра (500.000 за победата во финалето, 135.000 за пласманот на Ф4)
500.000 евра Владата на Македонија
100.000 евра Град Скопје
100.000 евра АМС
150-400.000 долари – ИХФ Супер Глоуб

Вкупно од 1.485.000 – 1.785.000 евра (минус разликата на курсната листа долари-евра).

(0 гласови)

Сопственикот на Вардар, кој неодамна ја извести македонската јавност дека ќе се повлече од клубот, синоќа за gol.mk порача дека после титулата, размислува за една работа – за нова титула во Лигата на шампионите!

Сергеј Самсоненко пред четвртфиналниот дуел против ПИК Сегед, соопшти дека доколку Вардар не добие финансиска поддршка, ќе мора да се повлече од клубот. И додека „Вардарци“ стравуваат за иднината на македонскиот, а сега и европскиот ракометен џин, Самсоненко за gol.mk порача дека сега размислува како да се освои и третата титула.

„Зошто сте зборуваат за некој крај? Она што е важно сега е дека освоивме две европски титули од можни три. Уште сега треба да работиме на трета титула. Јас секогаш верувам во титули. Еве го Филип Лазаров е тука, одамна не е во клубот, но ме познава. Јас секогаш верувам во титули.

Беше тешко да се преживее викендов, но сега треба да славиме, потоа ќе зборуваме за други работи. Има многу информации, преговори, но сега тоа не е важно. Сега треба да славиме“, изјави Самсоненко за gol.mk.

Имаше и интересен коментар за полуфиналето против Барселона.

„Јас бев разочаран и така и седев и го гледав мечот. Го гледав мечот така разочарано, а потоа одеднаш почнав да гледам минус четири, три два, еден, нула, а потоа плус еден и плус два и толку. Луѓето зборуваат дека е различно, но кај мене е исто“.

Во однос на писмото кое го објави пред Пик Сегед дека ќе си замине од клубот исто така со интересен одговор.

„Ние игравме добро против Пик Сегед и имавме резултат. Што и како се случуваше друго останува во клубот“, изјави Самсоненко.

(0 гласови)

Mногу поранешни вардарци не пропуштија да им честитаат на ракометарите, стручниот штаб и навивачите на Вардар за втората европска титула.

Еден од поранешните тренери и човекот кој и денес е миленик на „Комитите“, Веселин Вујовиќ неколку минути по завршувањето на натпреварот во „Ланксес Арена“, од Белград порача:

„Чувството како поранешен тренер на Вардар во овој момент е неверојатно. Постојано сум во контакт со играчите, со навивачите и ова е подвиг кој тешко се објаснува. Можам да замислам како тие се чувствуваат. Ова е порака за цела Македонија. Мора да биде во Статутот на земјата дека Вардар не смее да згасне“.

Веселин Вујовиќ доби отказ од Железничар на крајот од сезоната и многу фанови го посакуваат на клупата на Вардар во обид да се почне од почеток ако си заминат поголемиот дел од ракометари и стручниот штаб.

(0 гласови)

Стојанче Стоилов по вторпат во својата кариера имаше можност да ја подигне европската титула и тоа по вторпат со Вардар, тимот од кој е дел со години и е вистински лидер, капитен на истиот.

Нормално големо е задоволството од освоениот пехар во ЛШ, но за „црвено-црните“ допрва следи вистинското славје, големата прослава при враќањето во Скопје, лудило за кое Стоилов вели дека не се подготвени тој и соиграчите.

-Ќе кажеш еднаш се случува, ама еве на нас вторпат ни се случи. Горд сум што сум дел од оваа екипа, секој ден е различен со овие момци, сите се легенди. Следните денови ќе биде лудило. За Келн бевме спремни, ама за тоа што следува не сме подготвени. Знаеме што ќе биде во Скопје, ама знам дека не се спремни. Ќе биде страшно лудило, ќе има многу луѓе на плоштад… треба тоа да се доживее, -истакна Столе кој направи споредба на двете титули.

-Ова е подрага титула, ама не може да се спореди со првата. Тогаш не знаевме што е Келн, што е фајналфор. Сега веќе знаеме како да се однесуваме, полесно беше оваа година. Ама цела сезона се што поминавме, ова е наградата, -порача капитенот за „Балкан Хендбoл“.

Top