(0 гласови)

19-годишниот Антониј Тентов не сака да зборува за „второто полувреме“ односно за искуството со органите на јавниот ред и мир кои констатирале прекршок и му изрекле глоба, туку само да ја раскаже својата верзија за сторијата што ја насловува како „најубавото нешто што ми се случило во животот“.

Во разговорот за „Дерби“ дознавме дека Антониј е успешен студент и тренира кошарка, како и дека не бил под дејство на алкохол или дрога, односно како што опишува во изјавата, бил понесен од адреналинот.

– Долго време планирав да направам нешто вакво, но немав соодветна можност. Суперкупот на УЕФА беше грандиозен настан и вистинска шанса да го остварам својот сон. Последните 20 минути од натпреварот имав енормен наплив на адреналин, нешто што не можам да го опишам со зборови. Тој адреналин кулминираше на самиот крај на натпреварот, па го погледнав теренот и се запрашав: „што ако можам да направам нешто што ќе го паметам цел живот, и јас, а и сите други присутни на „Телеком арена“? Скокот беше страшен, му благодарам на Бога што ме чуваше цела вечер. Верувајте не е лесно да се скокне од четири метри височина, на нерамна површина и преку жив ѕид од редари. Само што доскокнав, веднаш протрчав покрај редарите и влегов на теренот, вели Антониј.

Целата изјава прочитајте ја на Дерби.мк

(0 гласови)

Македонскиот фудбалски вицепрвак Шкендија ги одреди цените на билетите за дуелот против Милан, кој ќе се игра на 24 август во Скопје. Од таборот на тетовскиот тим пристигна информација дека цените ќе бидат поделени во четири блока.

Најевтиниот билет ќе чини 400 денари, а ќе има влезници што ќе чинат и 600 и 800 денари. Најскапата карта ќе се продава за цена од 1.000 денари и тоа се за центарлните трибини на Северната и Јужната трибина. 

Продажбата на билетите ќе започне вечерва, а ќе може да се купат на продажни места во Скопје, Тетово, Приштина и Тирана. 

 

(0 гласови)

Одлично замислена прослава на фудбалерите на Шкендија по триумфот со Тракаи од 3-0 и продорот во плеј офот од Лига Европа. Во соблекувалните на стадионот Младост во Струмица, малку сценарио и многу добро расположение. Роки Балбоа го одглуми искусниот Благоја Тодоровски.

(0 гласови)

Од Министерството за Внатрешни Работи соопштија дека било уапсено едно лице од Скопје за обид за препродажба на билети за денешниот натпревар на „Телеком Арена“ помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Додека Скопје се подготвува за вечерашниот спектакл, многумина се уште се обидуваат да пронајдат билет повеќе, а има и такви кои што сакаат да заработат од препродажба на билети. 

Како што соопштија од Министерството за Внатрешни Работи на Македонија, синоќа бил уапсен 41-годишен жител на Скопје кој што на интернет објавил оглас за продажба на билет по цена од 600 евра за вечерашниот натпревар од европскиот Суперкуп.

Тој се обидел да продаде два билети, а со оглед на тоа што на интернет покрај огласот го оставил својот телефонски број, тој бил веднаш лоциран од службите кои што го привеле, а како докази му ги одзеле компјутерот, телефонот и сим-картичките.

Собранието на Република Македонија неодамна ги донесе предложените измени на кривичниот законик според кој се воведуваат санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за европскиот Суперкуп.

(0 гласови)

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе го одиграат одлучувачкиот натпревар во неподнослива жештина, пишуваат светските медиуми.

Манчестер Јунајтед слетуваат на Балканот токму за време на топлотен бран кој ја погоди Македонија, со температурата во Скопје над 40 степени Целзиусови. 

 

Условите нема да бидат погодни за играчите на Мурињо и Зинедин Зидан за време на натпреварот во вторник, со температурите кои се предвидува дека нема да се симнат под 35 степени. 

Јунајтед и Реал одиграа натпревари во неподнослива жештина на нивните неодамнешни предсезонски турени во САД, вклучувајќи го и натпреварот меѓу овие два тима во Санта Клара, но високите температури и топлотниот бран во главниот град на Македонија најверојатно ќе биде најжешкиот натпревар кој ќе мораат да го издржат. 

Предупредувања од здравството стигнуваат од сите делови на Јужна Европа каде што температурите - највисоки до сега во изминатите неколку децении - постигнуваат потенцијално опасни нивоа. 

(0 гласови)

Европскиот ракометен првак Вардар во иднина ќе има ново клупско лого.

Иако истото сѐ уште не е официјално објавено, можеше да се види на вчерашната дружба на ракометарите и навивачите на отворениот ден, на официјалниот банер што беше поставен во салата во СЦ „Јане Сандански“.

Се работи за додавање на звездичка на врвот од логото, со што се одбележува европската титула што ја освоија вардарци во Келн на почетокот на јуни. Тоа е пракса на сите европски прваци кои на тој начин го одбележуваат постигнатиот успех, а истовремено „им се дава до знаење“ на другите дека пред себе имаат европски првак.

(0 гласови)

Македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас веќе донесе одлука за својата иднина и кариерата ќе ја продолжи во Турција.

Неговата нова средина е гигантот Фенербахче и сега останува само да ги среди деталите, да ги мине предгледите и да стави секако потпис на договорот со клубот од Истанбул. Тинејџерот со само 17 години успеа да стане мета на овој гигант и тоа за трансфер вреден вкупно пет милиони евра. Според турските медиуми тој ќе заработува по 700 илјади евра по сезона, плус бонусите.

Прв кој му посака добродојде и го пречека беше македонскиот кошаркарски репрезентативец кој настапува во редовите на Фенербахче, Перо Антиќ. Тој се покажа како добар домаќин и по фотографијата може да се забележат импресиите на младиот Елиф Елмас. Според турските медиуми, Антиќ има голема заслуга во трансферот на суперталентираниот Елмаз во Фенербахче, со тоа што постојано го убедувал дека ќе го направи вистинскиот потег во животот.

(0 гласови)

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко е познат по тоа што знае да им угоди на спортистите. По освојувањето на европската титула со машката екипа, ракометарите добија покана од Самсоненко за заеднички одмор во Хрватска.

Ова ќе им биде како бонус, покрај премиите што ги заработија за титулата. На клупскиот „тим билдинг“ се најголем дел од ракометарите, кои веќе се пофалија на социјалните мрежи за нивниот пат до Сплит и на хрватското приморје. Погледнете како изгледа нивниот одмор…

vardar1-438x900.jpg

vardar4-506x900.jpg

vardar8-506x900.jpg

24Ракомет.мк

 

(0 гласови)

Руската Република Дагестан, која е дел од Руската федерација, денес го одликува ракометарот на РК Вардар и член на руската репрезентација, Тимур Дибиров.

Повод за ова одликување беше огромниот придонес на Дибиров кој го даде за развојот на спортот во Дагестан.

Претседателот на Владата, Абдусамад Гамидов ја имаше честа да му го врачи ова одличје со гравиран часовник и плакета од Министерството за спорт на вардаровиот ракометар. 

Дибиров, како и секогаш скромен и видно возбуден истакна дека ќе продолжи да дава максимум во спортот и преку неговите игри и неговото име ќе ги презентира и боите на неговата татковина. 

Во Дагестан благодарение на популарноста на Дибиров, биле отворени голем број на ракометни школи и овој спорт,моментално зема голем замав во овој дел на Русија. 

Дибиров во моментов е на одмор со семејството и се очекува кон крајот на јули да пристигне во Скопје на подготовките кои следуваат за наредната натпреварувачка сезона. 

Но, најпрвин, Дибиров со РК Вардар ќе треба да го одиграат големиот ,,Супер глоуб’’во Доха, Катар.

(0 гласови)

По речиси цела година разонаразни гласини и неколку прекини на взаемните преговори, претставиците на Лионел Меси и одговорните луѓе на Барселона ставија крај на неизесноста наречена „нов договор“ на феноменалниот Аргентинец, а ваквата ексклузивна и многу важна вест за навивачите на Барса ја пренесоа сите најугледни каталонски и шпански медиуми.

Најблиските извори на клубот пренесуваат дека документите се веќе подготвени и дека само ќе се почека да заврши медениот месец на Меси, но најавено е дека Барселона уште во текот на денешниот ден ќе потврди дека најголемата ѕвезда останува на „Камп Ноу“ уште најмалку три години. Најмалку поради тоа што Аргентинецот побарал еден интересен услов од првите луѓе на Барселона, односно самоиницијативно инсистирал неговиот договор да гласи „три плус еден“.

Ова значи дека Меси сигурно уште три сезони ќе го носи дресот на Барселона, но во зависност од тоа во каква форма ќе се наоѓа, ќе одлучи дали ќе биде подготвен и доволно добар да го претставува каталонскиот гигант и во 2021 година. 

Ваквиот потег на Меси е само потврда за неговиот неверојатен професионализам и голема чесност, а иако првично не се откриени детали за тоа колку ќе заработува годишно од новиот договор, познато е дека неговата откупна клаузула ќе изнесува фантастични 300 милиони евра.

Top