Сопственикот на Вардар, кој неодамна ја извести македонската јавност дека ќе се повлече од клубот, синоќа за gol.mk порача дека после титулата, размислува за една работа – за нова титула во Лигата на шампионите!

Сергеј Самсоненко пред четвртфиналниот дуел против ПИК Сегед, соопшти дека доколку Вардар не добие финансиска поддршка, ќе мора да се повлече од клубот. И додека „Вардарци“ стравуваат за иднината на македонскиот, а сега и европскиот ракометен џин, Самсоненко за gol.mk порача дека сега размислува како да се освои и третата титула.

„Зошто сте зборуваат за некој крај? Она што е важно сега е дека освоивме две европски титули од можни три. Уште сега треба да работиме на трета титула. Јас секогаш верувам во титули. Еве го Филип Лазаров е тука, одамна не е во клубот, но ме познава. Јас секогаш верувам во титули.

Беше тешко да се преживее викендов, но сега треба да славиме, потоа ќе зборуваме за други работи. Има многу информации, преговори, но сега тоа не е важно. Сега треба да славиме“, изјави Самсоненко за gol.mk.

Имаше и интересен коментар за полуфиналето против Барселона.

„Јас бев разочаран и така и седев и го гледав мечот. Го гледав мечот така разочарано, а потоа одеднаш почнав да гледам минус четири, три два, еден, нула, а потоа плус еден и плус два и толку. Луѓето зборуваат дека е различно, но кај мене е исто“.

Во однос на писмото кое го објави пред Пик Сегед дека ќе си замине од клубот исто така со интересен одговор.

„Ние игравме добро против Пик Сегед и имавме резултат. Што и како се случуваше друго останува во клубот“, изјави Самсоненко.

Mногу поранешни вардарци не пропуштија да им честитаат на ракометарите, стручниот штаб и навивачите на Вардар за втората европска титула.

Еден од поранешните тренери и човекот кој и денес е миленик на „Комитите“, Веселин Вујовиќ неколку минути по завршувањето на натпреварот во „Ланксес Арена“, од Белград порача:

„Чувството како поранешен тренер на Вардар во овој момент е неверојатно. Постојано сум во контакт со играчите, со навивачите и ова е подвиг кој тешко се објаснува. Можам да замислам како тие се чувствуваат. Ова е порака за цела Македонија. Мора да биде во Статутот на земјата дека Вардар не смее да згасне“.

Веселин Вујовиќ доби отказ од Железничар на крајот од сезоната и многу фанови го посакуваат на клупата на Вардар во обид да се почне од почеток ако си заминат поголемиот дел од ракометари и стручниот штаб.

Стојанче Стоилов по вторпат во својата кариера имаше можност да ја подигне европската титула и тоа по вторпат со Вардар, тимот од кој е дел со години и е вистински лидер, капитен на истиот.

Нормално големо е задоволството од освоениот пехар во ЛШ, но за „црвено-црните“ допрва следи вистинското славје, големата прослава при враќањето во Скопје, лудило за кое Стоилов вели дека не се подготвени тој и соиграчите.

-Ќе кажеш еднаш се случува, ама еве на нас вторпат ни се случи. Горд сум што сум дел од оваа екипа, секој ден е различен со овие момци, сите се легенди. Следните денови ќе биде лудило. За Келн бевме спремни, ама за тоа што следува не сме подготвени. Знаеме што ќе биде во Скопје, ама знам дека не се спремни. Ќе биде страшно лудило, ќе има многу луѓе на плоштад… треба тоа да се доживее, -истакна Столе кој направи споредба на двете титули.

-Ова е подрага титула, ама не може да се спореди со првата. Тогаш не знаевме што е Келн, што е фајналфор. Сега веќе знаеме како да се однесуваме, полесно беше оваа година. Ама цела сезона се што поминавме, ова е наградата, -порача капитенот за „Балкан Хендбoл“.

Весникот близок до Реал Мадрид, „АС“, од свои добро упатени извори пренесува дека клубот ќе го претстави Еден Азар на 3 јуни.

Англискиот медиум „Скај Спортс“ пак излезе со информација дека двата тима конечно се согласиле за оштетата, па Реал Мадрид ќе плати приближно 115 милиони фунти, голема сума за фудбалер на кого следната сезона му истекува договорот.

По реализацијата на трансферот на Азар, „АС“ пренесува дека ќе следи ангажман и на Лука Јовиќ, за кого се е договорено со Ајнтрахт Франкфурт, а потоа ќе се влезе во завршните преговори со Лион за ангажман на Ферлан Менди.

Еден Азар вечерва во Баку ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Челси и се надева дека од клубот ќе се збогува со трофеј.

Медиумите во Англија пренесуваат дека можно е во следниот период да видиме уште една продажба која ќе ја промени историјата на еден клуб од Премиер лигата.

Имено, полубратот на Шеикот Мансур, сопственикот на Манчестер Сити, бил заинтересиран да го купи тимот на Њукасл. Шеикот Калед бин Зајед Ал Нехјан сакал да го купи клубот од Мајк Ешли и од него да направи силен тим како што неговиот полубрат стори со Манчестер Сити.

Претставниците на богатиот шеик притискале продажбата да се случи ова лето додека преодниот рок е отворен со цел да може да купат силни засилувања во пресрет на следната сезона.

Тешкиот пораз на Барселона од Ливерпул и испаѓањето од полуфиналето на Лигата на шампионите (4:0), беше последниот аларм за промените што ќе се случат на Камп ноу.

Според известувањата од шпанските медиуми, поточно листата на АС, шампионот на Шпанија, налето ќе остане без десеторица свои фудбалери.

Кевин Принс-Боатенг и Џејсон Муриљо ќе се вратат во своите клубови како позајмување, додека да му истече договорот на Томас Вермален.

Резервниот голман Јаспер Цилесен сака да си замине, затоа што сака да биде голман и да брани, а Барселона планира да го продаде за 30 милиони евра.

Исто така Каталонците се подготвени да се ослободат и од Филипе Кулиња кој на натпреварот против Ливерпул докажа дека не е доследен да го носи тој дрес. Каталонците ќе бараат 100 милиони евра за Бразилецот.

Дефанзивецот Семјуел Умтити исто така се наоѓа на излезната врата, заради тоа што веќе сите го гледаат капитенот на Ајакс, Матијас де Лихта, на Камп ноу.

Бразилецот Малком може да си оди за 41 милион евра, слободен ќе биде и Иван Ракитич, додека пак Рафињ ќе биде преместен во клубот на Интер.

Дениз Суарез, моментално е позајмица за клубот на Арсенал, а во Барселона е вишок и до летото би требало да си замине.

Секако, на крајот на сезоната си оди и нивниот тренер, Ернесо Валверде. Прв на листата кој можеби ќе го замени, секако е тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг.  

Десното крило на Вардар, Иван Чупиќ продолжува да го зголемува бројот на учества на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите и тој е првиот играч кој успеал да стигне до пет учества во серија.

Чупиќ имаше две учества со тимот на Келце во 2014/15 и 2015/16 пред да дојде во Вардар. Второто учество му беше победничко, а година подоцна со Вардар успеа да стане првиот ракометар кој ја одбранил круната бидејќи откако во Лигата на шампионите се игра Ф4 турнир за да се добие новиот шампион никогаш тимот кој ја брани титулата не успеал да стигне до победа.

Сега го има своето петто учество на Ф4 така што продолжува со одличните резултати и го запишува своето име на место каде што следните генерации ќе се обидат да го повторат она што тој успеал да го направи.

Досега имаше 50 проценти успешност бидејќи има две титули од претходните две учества, па останува да се види каков ќе му биде сега епилогот кога треба да го одигра петтиот завршен турнир во Лигата на шампионите.

Тензијата од натпреварот, особено во завршните минути од возвратната четвртфинална пресметка меѓу Вардар и Пик Сегед доживеа кулминација на прес конференцијата по средбата. Тренерот на унгарскиот тим, не сакаше да остане до крај на прес – конференцијата што го разлути Парондо кој го повикуваше да остане и да го ислуша додека сосема спротивна реакција имаше Скубе кој пак му велеше да си оди и оти со ваквиот потег уште еднаш покажал каков човек е.

Вообичаено мирниот и прибран Парондо објаснуваше дека Пастор му рекол нешто што воопшто не е за преведување во јавност и објаснуваше дека тој никогаш не пцуе и не навредува.

Вардар го доби двомечот со Пик Сегед и трета година по ред ќе биде учесник на Ф4 турнирот во Келн каде годинава се и Барселона, Веспрем и Киелце. Ждрепката за полуфиналните двојки ќе биде одржана утре.

Четирите екипи кои годинава ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите првпат во историјата на Ф4 турнирите доаѓаат од иста група. Тимовите на Вардар, Барселона, Веспрем и Келце играа во групата А и успеаја да го направат она во кое ретко кој можеше да поверува пред почетокот на елиминациите и сите да се изборат за уште по два меча до крајот на сезоната во Лигата на шампионите.

На табелата во Групата А веќе е познато дека Барселона беше првопласирана со 24 бода. Четири помалку имаше Веспрем, а Вардар беше третопласиран со 19 поени. Келце со 14 заврши позиција под Вардар, но благодарение на подобриот меѓусебен дуел со Рајн Некар.

Овие четири екипи ќе имаат можност да се борат и во Келн, но кој против кого ќе одлучи ждрепката. Јасно е дека нема добра ждрепка за никого и дека никој не може да се надева на позитивен епилог.

Од годинешните пресметки Вардар може да се пофали дека има победа против Веспрем од гостувањата и против Келце на домашен терен. Загуби на двата меча со Барселона, како и на гостувањето во Полска и дома против Веспрем.

Сепак, овие резултати нема да имаат никакво значење бидејќи на 1 и 2 јуни ќе се работи за две различни средби од по 60 минути.

Она што во моментов е најважно е дека овие четири екипи кои се пласираа на Ф4 турнирот играа во иста група и ќе можат уште еднаш да се пресметаат во сезоната и да покажат кој најдобро ја темпирал формата.

Вардаровите ракометари третото учество во низа на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите го потврдија синоќа во Сегед, откако во четвртфиналето го елиминираа Пик Сегед, додека утре, во 11 часот, ќе го дознаат противникот во полуфиналето на фајнал-форот во „Ланксес“ арената.

„Црвено-црните“ момци се во друштво на Барселона, Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и Келце, а со оглед на тоа дека сите противници во ждрепката се во еден сад, секој од нив е и потенцијален противник на Вардар.

Интересно е што сите четири екипи се дел од групата А, односно со секоја од нив вардарци веќе се соочија двапати сезонава во групната фаза.

Top