Веќе долго време се шпекулира дека Кристијано Роналдо може да се врати на „Олд Трафорд". Сега тие најави се зголемија откако се почесто се најавува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да плати рекорден трансфер за враќање на Португалецот во своите редови.

Роналдо веќе осум сезони е прва ѕвезда во Реал Мадрид, со кои освои три европски титули во Лигата на шампионите. Пред да дојде на „Сантијаго Бернабеу“, тој играше за „црвените ѓаволи“, со кои се радуваше на еден трофеј во елитната европска лига на УЕФА. 

Според најавите, Манчестер е подготвен летово да плати 200 милиони евра за 32-годишниот виртуоз. Тоа е повеќе од двојно за тоа што Реал во 2009 година даде 94 милиони евра за Кристијано.

Интересно е тоа што Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе играат во Суперкупот на Европа, на 8 август во Скопје. Од Мадрид најавија дека планираат да го чуваат Роналдо и тој да не игра на овој меч. Сепак, ако се случи најавуваниот трансфер, тогаш Роналдо би можел да истрча на теренот на „Телеком арената“ и тоа во дресот на Манчестер Јунајтед.

Останува следните два месеци да покажат дали оваа шпекулација има реалност да се случи.

Денес започнува главниот дел од Меѓународниот турнир Теnnis Europe за тенисери и тенисерки до 16 години. Турнирот ќе се одржи на терените на Теннис Парк од 12-ти до 18-ти јуни. 
Тенискиот клуб Теннис Парк ја има честа да го организира овој одличен и значаен турнир на кој ќе погледнеме беспрекорни тенисери и тенисерки, и без сомнение квалитетен тенис.

Ги покануваме сите љубители на тенисот да дојдат во нашиот кафе-бар веднаш до терените и заедно да ги проследиме натпреварите.

За повеќе информации контактирајте не на 070 385 021. 

Играчите на Саудиска Арабија добија свирежи од навивачите на Австралија откако не се поставија прописно во линија кога беше побарана минута молчење за жртвите од терористичките напади во Лондон.

Фудбалерите на Саудиска Арабија се подготвуваа за мечот со Австралија од квалификациите за СП кога спикерот на стадионот побара минута молчење за жртвите во Лондон.
 
Австралискиот тим се постави прописно и изрази почит за жртвите во Англија, но играчите на Саудиска Арабија не го направија тоа, тие беа расфрлани на својата половина од теренот.
 
Некои од играчите на Саудиска Арабија стоеа мирно додека траеше минутата молчење, а други продолжија со загревањето.
 
Инцидентот предизвика револт на социјалните мрежи, некој твитна: „Се надевам дека ФИФА ќе ја повика Саудиска Арабија на еден убав состанок поради неискажаната почит пред почетокот на мечот. Неучеството во минута молчење е одвратно“.
 

Лионел Меси останува во Барселона. Шпанските медиуми објавија дека Аргентинецот договорил нова соработка до 2022 година, а клаузулата за отштета ќе изнесува неверојатни 400 милиони евра.

„Секогаш сум сонувал дека кариерата ќа ја завршам во Барселона“, рекол Меси, кој во 2022 година, кога ќе му истекне договорот, ќе има 35 години.

Меси оваа сезона со својот клуб остана без двете најзначајни титули, во првенството и во Лигата на шампионите, а со тоа ќе остане и без „Златната топка“, која со голема веројатност ќе заврши во рацете на Кристијано Роналдо. Доколку ја освои „Златната топка“, Португалецот ќе се израмни со Меси, двајцата ќе имаат по пет вакви награди. 

„Сите се трудат да бидат најдобри, ништо повеќе. Не ме интересираат такви приказни. Кристијано Роналдо е голем фудбалер кој поседува голем квалитет. Еден е од најдобрите во светот“. 

Најдобриот играч на Барселона открил дека најмногу болка во фудбалската кариера му нанеле поразите со Аргентина во финалињата на Мундијалот во Бразил и Копа Америка. 

„ Трипати бевме блиску, но решија детали. Мислам дека во клучните моменти немавме среќа. Едно финале загубивме во продолженијата, а две на пенали. Тие порази болат. Не е лесно да се вратите по такви порази, но ние успеавме, двапати“, рекол Меси, кој се наоѓа на подготовките со репрезентацијата за пријателскиот меч со Бразил.

Доколку не стигнавте да ја проследите церемонијата за победата на Вардар која се одржа на плоштад Македонија можете да ја проследите во ова видео. Видеото трае цели два часа така што сместете се удобно...

 

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите и ќе се врати во Скопје побогат за 500.000 евра.

Можеби оваа сума е многу мала во однос на тоа што го добиваат шампионите во фудбалот, но за поздравување е потегот на РХФ, која се обидува дополнително да ги награди и мотивира учесниците на завршниот турнир во Келн.

Самото учество на Ф4 турнирот значи дека екипата ќе заработи 100.000 евра, дури и да го освои четвртото место. Победникот во „малото финале” во мечот за бронза ќе добие 150.000 евра.
Двојно повисоки награди има за оние што ќе играат во финалето. Европскиот вице првак ќе добие 250.000 евра, а на сметката на првакот ќе легнат 500.000 евра.

За многу тимови тоа се годишните буџети, а за некои екипи годишната плата на само еден или двајца играчи. Долги години клубовите бараат таа парична награда да биде зголемена, бидејќи клубовите освен сатисфакцијата повеќе трошат околку што заработуваат.

Засега ЕХФ не планира промена, но притисокот е константен, и веројатно ќе вроди плод.

Еуфоријата во Македонија сигурно нема да спласне уште неколку дена откако Вардар вчера ја освои својата прва европска титула во клупската историја, учинок за кој заслуга имаат сите играчи на македонскиот ракометен шампион, а посебно тренерот Раул Гонзалес кој беше брилијантен при осмислувањето на завршната акција за победа.

Шпанскиот стручњак не го криеше задоволството по крајот на финалето и посочи дека е горд на своите ракометари, но исто така немаше никаков проблем да признае дека направил голема грешка во последните секунди од мечот, бидејќи со повиканиот тајм-аут му го скрати голот на Канељас кој ја погоди празната мрежа на противникот.

– Цела Македонија треба да биде горда на сите нас, онака како што јас сум горд на своите играчи. Не треба да се заборави дека ПСЖ имаше три часа повеќе за одмор, но ние бевме одлични од почетокот до самиот крај. Против Барселона бевме нервозни во првите 15 минути, но потоа игравме одлично. Овојпат бевме супер уште од стартот, а дури во финишот се почувствува заморот. Цело време верував во победата, дури и кога направив грешка кога побарав тајм-аут на крајот. Канељас имаше шанса да шутира на празен гол, но не го видов тоа. На крајот, за среќа излезе добро по нас, – потенцира Раул.

Немаше посреќен човек од Сергеј Самсоненко во текот на оваа вечер во Келн. Газдата на Вардар со македонското знаме го прослави европскиот трофеј, а потоа не ги заборави и навивачите.

Сопственикот на Вардар со пехарот дојде до најверните вардарови навивачи во сегментот каде тие навиваа во „Ланксес арената“ и на сите им го подаде големиот пехар на ЕХФ да го почувствуваат како да е е нивни. Со тоа тој ги испочитува што поминале толку многу километри за да го бодрат својот тим.

Долгогодишните вложувања конечно добија надоместување во трофејот кој е најсјаен во македонската клупска историја. 

Ракометарите на Вардар за првпат во својата историја станаа европски шампиони, а радоста со хероите на теренот ја сподели и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Русинот во друштво на партнерот Орце Камчев беше на паркетот и со македонското знаме бурно ја славеше титулата во Лигата на шампионите.

Самсоненко го држи македонското знаме

Русинот во друштво на партнерот Орце Камчев беше на паркетот и со македонското знаме бурно ја славеше титулата во Лигата на шампионите.

По долга и макотрпна работа, Самсоненко и соработниците успеаја во сонот, а тоа е да се искачат на евроспкиот ракометен врв.

Сергеј Самсоненко е творецот на европски Вардар, човек од кого почна изградбата на шампионскиот тим, кој денеска ја покори ракометна Европа и ја освои историската круна, прва во машкиот ракомет.

По драматичниот финиш и голот на Иван Чупиќ во последната секунда на радоста и немаше крај, а Сергеј вели дека никогаш не бил посреќен во животот.

„Ова чувство не се опишува. Титулата е круна на добрата работа на сите во Вардар. Никогаш не сум бил посреќен. Трофејот и го посветуваме на Македонија. радувајте се со нас на големата победа. И пресреќен сум што македонскиот народ е на улиците и го слави историскиот успех на Вардар. Ракометарите ги заслужуваат сите почести. Тие се момци со големо срце и покажаа како се гине за клупските бои“, изјави Самсоненко за „Македонски спорт“

Се слави во Келн, каде се уште е вардаровата шампионска експедиција, а прослава има и во Скопје и во цела Македонија. Во чест на подвигот на Вардар и за радост по освојувањето на вредниот пехар во ракометната Лига на шампиони.

Top