(0 гласови)

Лигата на шампионите се враќа вечерва, но на начин каков што досега не сме виделе и во формат кој би можел да стане редовен.

Поради корона вирусот, УЕФА одлучи да го „реши“ прашањето на европскиот шампион со фајнал ејт турнир во Португалија и интересно, само две од осумте екипи ја имаат освоено елитната титула досега.

Пред шест години финалето се оддржа во Лисабон, кога навивачите на Атлетико и Реал Мадрид ја „преплавија“ португалската престолнина, но сега ситуацијата не може да биде поинаква – осумте клубови беа пречекани во тишина без своите верни навивачи.

Фудбалерите, со маски и ракавици, стигнуваа на аеродромите во групи, и ќе останат во мали групи, исклучени од надворешниот свет додека не дојдат нивните мечеви. Секој клуб има сопствен хотел (сите во 40 километри од центарот на градот) и сопствени тренинг-центри.

 

Четврт-финалињата, полуфиналињата и финалето ќе се играат на двата супер-стадиони во градот, „Естадио да Луж“ и „Естадио Жозе Алваладе“, секако без публика.

Програмата започнува вечерва со дуелот на Пари Сен-Жермен, клуб кој потроши огромни пари за да се оствари целта, трофеј од ЛШ и Аталанта, дебитант во натпреварувањето кој ги освои срцата на навивачите доаѓајќи од Бергамо, град кој беше меѓу најпогодените од корона вирусот во Италија. ПСЖ се несомнено големи фаворити, но во фудбалот парите не купуваат сè.

Во четврток, пак, ќе се судрат РБ Лајпциг, уште еден проект на милијардери, клуб кој во Германија е презиран поради тоа, и Атлетико Мадрид, кои сонуваат за трофејот додека беа исплашени од двата позитивни случаи на корона вирус пред патувањето во Португалија.

Во петок, без сомнеж, доаѓа најатрактивниот меч, дуелот на гигантите Барселона и Баерн Минхен, два клуба од друштвото кои веќе биле европски шампиони. Многумина сметаат дека кој ќе победи тука ќе биде фаворит за титулата.

Последното четврт-финале е помеѓу Манчестер сити, во нов обид на Пеп Гвардиола да го освои елитниот европски трофеј и Лион, кои успеаја да ги елиминираат Јувентус и да направат „потрес“ во Торино.

 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Аталанта – Пари Сен-Жермен, 12 август

РБ Лајпциг – Атлетико Мадрид, 13 август

Барселона – Баерн Минхен, 14 август

Манчестер сити – Лион, 15 август

ПОЛУФИНАЛЕ

18 и 19 август

ФИНАЛЕ

23 август

(0 гласови)

Новинарите на францускиот весник “Л’екип” го прогласија својот земјак, 48-годишниот тренер на Реал Мадрид – Зинедин Зидан, за најдобар експерт на планетата.

Конкуренти на Французинот му биле врвни тренери со тоа што на второто место е Шпанецот Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), додека на третото место се најде Германецот Јирген Клоп (Ливерпул). 

“Зидан тренираше само еден клуб – Реал Мадрид, но со него 3 пати по ред беше освоена титулата во Лигата на шампионите. Исто така, во шпанското првенство беше симната Барселона од тронот, што е голем подвиг”, ја образложил весникот својата одлука.

 

На победничкиот пиедестал не се нашол ни менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.

“Мурињо е сè уште брилијантен на конференциите за медиуми, но на теренот ја има изгубено магијата, играта на неговиот тим е здодевна и е милиони милји далеку од славните денови”, се наведува во текстот.

(0 гласови)

Во текот на вчерашниот ден од Шпанија пристигна информација дека за нашиот репрезентативец, Енис Барди постои интерес од тимот на Арсенал.

„Топчиите“ ги следеле настапите на 24 годишниот фудбалер од средниот ред и можно е да стапат во преговори со Леванте за негов ангажман по крајот на оваа сезона.

На Арсенал им е потребен играч од средината на теренот, посебно по најновите најави дека Матео Гендузи ќе си оди од клубот, а на „Емирејтс“ нема да се задржи ни Дани Себалјос кој ќе се врати во Реал Мадрид.

„Онда Серо“ најави дека клубот од Серија А кој се распрашува за Барди е Фиорентина и посочи дека уште неколку клуба од Бундеслигата се заинтересирани за услугите на играчот од средниот ред.

Утрово излегоа информации дека интерес за Барди пројавил тимот на Ајнтрахт Франкфурт кој сезонава ја заврши на 9. позиција, а за Барди се распрашува и Штутгарт кој од следната сезона ќе игра во Бундеслигата.

(0 гласови)

Европската куќа на ракометот денес затвори уште една анкета, која ја спроведе поради отсуството на натпревари како резултат на корона-кризата.

ЕХФ, откако избра најатрактивно финале во Келн, каде што победата ја понесе ланското во кое Вардар направи чудо и ја собра втората шампионска титула, сега македонскиот гигант повторно се искачи на врвот. 

Вардарци го имаат и најубавиот дрес во Лигата на шампионите, откако на доминантен начин ги мина првите четири филтри, а во финалето го „победи“ оној на ЖРК Вардар со кого вардарки настапуваа во сезоната 2017/18.

Во првиот филтер дресот на Вардар го „мина“ оној на Копенхаген, а потоа преку Нант, Веспрем и Барселона на убедлив начин доби повеќе гласови од ЖРК Вардар (84%-16%).

(0 гласови)

Ракометарите на Вардар по втор пат во три години станаа европски шампиони, откако во финалето на завршниот турнир во Келн го победија Веспрем со 27:24.

На денешен ден, пред една година во „Ланксес Арена“, „црвено-црните“ беа тие што се радуваа и го продолжија кошмарот на Веспрем, кој уште сонува за европска титула.

Момците на Роберто Парондо, иако исцрпени од претходниот ден и тешката битка со Барселона, сепак се надминаа себе и триумфираа над уште еден гигант.

Погледнете го уште еднаш историскиот натпревар меѓу Вардар и Веспрем.

(0 гласови)

Еден од култните и најомилените стадиони во светот повеќе нема да постои, барем не во форма во која го знаевме.

Џузепе Меаца, како што е и неговото официјално име, или Сан Сиро, како што е неформално наречен, дефинитивно ќе биде срушен, а неколку стотици метри понатаму во Милано ќе се гради нов стадион, откако беше срушена последната пречка за ваков исход.

Италијанското Министерство за култура даде мислење дека стадионот „нема културна вредност бидејќи оригиналниот дизајн и конструкција на зградата од 20-тите и 30-тите години на минатиот век беа целосно променети со надградби и проширување на зградата во 50-тите и 90-тите години, а со оглед на тоа овие интервенции не се постари од 70 години, стадионот не може да биде заштитено архитектонско добро “.

(0 гласови)

Рускиот ракометен интеранционалец Глеб Калараш одлучи да остане во редовите на сеуште актуелниот македонски, регионални и европски првак Вардар до крајот на договорот кој му завршува во 2021 година. Како ново име во таборот на „црвено-црните“ е голманот Робин Кантегрел од Франција.

Кантегрел (25 г.) во Скопје доаѓа од екипата на Сесоњ Рен и со Борко Ристовски и Марко Кизиќ ќе ја сочинува голманска тројка во новата сезона.

Претходно Вардар се договори да останат во Скопје: Иван Чупиќ, Тимур Дибиров и Кристијан Дисигнер.

(0 гласови)

Новинар на „Марка“ во авторски текст се занимавал со кошаркарите од земјите од поранешна Југославија. Тој детално ги анализирал кошаркарите од поранешната држава, а на читателите им поставил интересно прашање. Дали оваа „Нова Југославија“ би ги победила САД?

На прашањето 63 отсто од учесниците во анкетата одговориле „Да“.

Во тимот има седум кошаркари од Србија, по двајца од Хрватска и Словенија и еден од Црна Гора.

Плејмејкери се Горан Драгиќ, Василије Мициќ и Милош Теодосиќ, бекови Бојан и Богдан Богдановиќ заедно со Лука Дончиќ, а од високите играчи ги одбрал Дарио Шариќ, Немања Бјелица, Бобан Марјановиќ, Никола Милутинов, Бојан Дубљевиќ и Никола Јокиќ.

(0 гласови)

Ла Лига пред два дена најави дека клубовите од Примера и Сегунда ја разгледуваат опцијата првенствените натпревари да продолжат во јуни. Ова е само пилот-план без конкретни предлози (дали ќе се игра без публика, дали натпревари ќе се играат на секои два-три дена). Сигурно е само дека првенствата мора да продолжат за да бидат избегнати финансиските проблеми.

Шпанските медиуми пишуваат дека покрај едно вакво оптимистичко сценарио постои и уште едно, црно сценарио, кои никој не сака да се случи.

Каталонскиот „Спорт“ открива дека највисоките инстанци на шпанскиот фудбал веќе донеле одлука дека доколку Ла Лига не продолжи најдоцна до 27 јуни тога сезоната ќе биде прекината.

Во случај на вакво сценарио Ла Лига не открива како ќе биде одреден новиот шампион, кои тимови ќе испаднат од лигата, односно кои екипи ќе играат во европските купови.

Доколку Ла Лига продолжи натпреварите би се играле зад затворени врати.

(0 гласови)

Според инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, играчите од НБА-лигата ќе изгубат 21-24 проценти од своите плати доколку сезоната 2019/2020 не продолжи.

На 11 март, НБА-лигата ја објави суспензијата на сезоната најмалку 30 дена поради откривање на коронавирусот кај центарот на Јута, Руди Гобер. Подоцна, тестовите на соиграчот на Гобер Донован Мичел и центарот на Детроит, Кристијан Вуд дадоа позитивен резултат.

Сопствениците и менаџерите на клубовите очекуваат сезоната да продолжи не порано од средината на јуни.

НБА-колективниот договор ѝ дозволува на лигата да ја намали платата на играчите за секој натпревар пропуштен поради епидемија.

Top