Вардар и Cashback World започнаа соработка

Новата Вардар Cashback Картичка може да се користи во 47 држави насекаде во светот и при секое купување направено со оваа картичка кај Трговските Партнери, фановите ги поддржуваат младите таленти на клубот.

Вардар Скопје и меѓународната Куповна Заедница Cashback World, управувана од Lyoness ги здружија силите во Македонија. Преку оваа соработка, Вардар Скопје ќе стане дел од меѓународната Куповна Заедница, која моментално брои преку 7 милиони Членови, а сето тоа преку Вардар Cashback Програмата. Новата Вардар Cashback Картичка може да се користи во 47 држави насекаде во светот и при секое купување направено со оваа картичка кај Трговските Партнери, фановите ги поддржуваат младите таленти на клубот.

Како дел од оваа соработка, Cashback World, управуван од Lyoness му дава на располагање на Вардар Скопје иновативна Лојална Програма за фановите, која ја вклучува Вардар Cashback картичката, Cashback App., како и онлајн портал за купување во дизајнот на клубот. Освен тоа, ќе бидат преземени многубројни заеднички маркетинг активности кои ќе бидат во полза како за фановите, така и за клубот.

„Меѓународната куповна заедница ни овозможува да допреме до голем број од нашите фанови. На овој начин, тие не само што ќе добиваат атрактивни предности при пазарувањето, туку и ќе ги поддржуваат младите играчи на клубот со секое направено купување кај Трговските Партнери. Членовите на Вардар Cashback Програмата од целиот свет ќе ги поддржуваат на овој начин нашите млади таленти", изјави Давор Стојаноски, Извршен директор на РК Вардар.

Како функционира Вардар Cashback програмата?
• За секое купување направено кај онлајн или офлајн Трговските Партнери, Членовите на Вардар Cashback Програмата ќе добијат до 5% Cashback и дополнително ќе собираат Shopping Points, кои можат да ги искористат за специјални понуди.
• Членовите на Вардар Cashback Програмата можат да ги добијат овие предности при пазарувањето кај некој од 75.000 Трговски Партнери на Cashback World во 47 земји во светот, од кои 650 се наоѓаат во Македонија.
• До 1% од сите купувања направени од страна на фановите преку Вардар Cashback Програмата ќе одат директно за поддршка на младите таленти на клубот.
• Програмата им овозможува дури и на најмалите компании да станат дел од меѓународната Куповна Заедница и да им даваат предности за пазарување на своите потрошувачи.

Top